ПОСЛЕДНА ШАНСА

Се добива впечаток дека со помош на странциве кризата се надминува. Ама сето ова е козметика и е многу далеку од она што го велиме за правна држава, владеење на правото, демократија, човекови права

Како што сега стојат работите, странците или поточно меѓународната заедница (ЕУ и САД) ни дале уште една шанса да преживееме како држава и функционално општество. Еве, во Скопје, со помош на белгиски експерт демек има доближување на ставовите околу промените на изборниот закон. Не знам која е улогата на „олеснувачот“ од Белгија, ама на сите многу би ни ја олеснил состојбата ако на нашиве им објасни, односно им олесни, да разберат како, на пример, Белгија, која немаше влада речиси две години, функционираше и како функционална и правна држава и демократско општество.
Колку и да се приближуваат ставовите, не сум убеден дека тие приближувања водат кон правец на демократизација на општеството и департизација на државата (ова е омилена флоскула на опозицијата)! Сега наводно се предлага (официјална потврда нема) ДИК во иднина да биде составена од девет членови, од кои три ќе предлага опозицијата, три власта, а три ќе бидат „независни експерти“. Ако се има предвид „еластичноста“ на нашите „независни експерти“ (кој ќе ги предлага и избира не се знае), јасно е што ќе биде во иднина ДИК, наместо да биде само обично и независно стручно тело кое ги организира и изведува изборите. Барем така е во Европа. Повеќе

ДВЕ СТРАНИ НА МЕДАЛОТ

„Лутите непријатели“, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на моменти имаат многу слични или идентични ставови. На пример, зошто од СДСМ не слушнавме дека ќе се заземат за воведување на изборен праг на ниво на држава

Повеќе пати во моите колумни имам напишано дека самонаречените новинари „патриоти“ и исто така самопрогласените новинари „демократи“ во суштина се само две страни на еден медал. Во овие 24 години самостојност имаше редица „пребези“ од едно во друг табор. Имавме новинари кои беа ангажирани во „Фабрика“, а денеска се портпароли во некои министерства; имавме уредници „демократи“ кои сега се, исто така, уредници, ама „патриоти“. Имавме „компањони“ и лични пријатели на „лицето“ Б.Ц. и му „везеа словопојки“, а сега истите пишуваат „епски писанија“ за актуелниот премиер и проектот „Остваруваме“. Да не го заборавам „Ало, началниче“, кој во овие години на транзиција од голем фан на Слободан Милошевиќ и на домашната „левица“ и лут противник на ВМРО-ДПМНЕ транзитираше во голем обожавател на „десницата“ и нејзината програма од 100 чекори, надградена и проширувана во сите овие години. А богами и тој се надгради и академски и политички, па како што самиот вели, од сите досегашни и актуелни политичари само еден му е куќен пријател, а тоа е премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Повеќе

Од 24/7, прешалтавме на 36/7

Премиерот е во френетична кампања, опозицијата го чека изборот на специјалниот јавен обвинител, а не сум сигурен дека на 24 април идната година ќе има избори

По потпишувањето на „мировниот договор од Пржино“ (кај нас политичките партии и нивните лидери веќе 25 години се однесуваат еден кон друг како воени непријатели, а не политички конкуренти) напишав дека Владата на чело со премиерот Груевски во рамките на проектот „Остваруваме“ наместо 24/7 ќе „прешалта“ во повисока брзина, односно 36/7. И богами така е. Само во еден ден премиерот Груевски во прилепскиот регион отвори локален пат помеѓу две села, најави почеток на спортска сала во трето село, а во четвртото, галиба, беше пуштање во употреба на канализација!?
Но тоа не е се’. Детално не’ информира, и тоа во проценти, како оди со пробивањето на трасата на автопатите кои се во изградба и тоа оној од Коридорот 10, значи кон границата со Грција, потоа истокот Велес- Штип и секако најновиот Кичево-Охрид и до границата со Албанија. Дури слушнавме колку луѓе работат на овие инфраструктурни проекти (запомнив дека биле над две илјади). Повеќе

ЧОВЕКОТ И ПРИРОДАТА

Несреќата во Тетово уште еднаш покажа дека секогаш ни е виновна природата, ама никогаш не е виновна државата, државните институции и ние граѓаните

Се прашувам дали некој многу покомпетентен ќе направи вистинска анализа за последната трагедија во Тетово која однесе и човечки животи па да се види колку сето тоа е резултат на силината и непредвидливоста на природата, а колку на она што го именуваме човечки фактор. Кога велам човечки фактор мислам како на однесувањето и потезите што ние како граѓани ги правиме, но пред се’ на институциите без разлика дали станува збор за локалната самоуправа или државата во целост.

На пример, свлечиштата кои сега се појавија во Тетовско. Колку е ова резултат на незаконското, ама и нестручното сечење на шумите. Или зошто повторно не функционираат одводните канали, речните корита или атмосферската канализација. И сега да се прашаме сите: дали одлуката на локалната самоуправа да се прогласи ден на жалост во Тетово ја намали болката на семејствата. Сигурно не. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com