АЛО НАЧАЛНИЧЕ…

Се’ уште сакам да верувам дека светлината што ни ја дадоа студентите ќе се шири и ќе ги порази овие „волнени времиња“, а сите началничиња, директори, полтрони…, ќе заминат во политичкото и историско буниште

Во овие „волнени времиња“ има светли моменти кои сепак даваат каква таква надеж за некое подобро утро. Тоа што барем мене ми дава основа да верувам во тие „светли моменти“ е фактот дека носители на тие позитивни движења се млади луѓе, студенти, обединети околу нивната политичка платформа, а таа е квалитетно високо образование и целосна автономија на универзитетите.
Начинот како се организираа, како многу јасно ги артикулираа своите цели (нов закон за високото образование) за кој веднаш децидно рекоа дека не мислат да преговараат, ја присили Владата да прифати донесување нов закон за високото образование, при што во неговата подготовка ќе партиципираат сите заинтересирани: Студентскиот пленум Професорскиот пленум, Ректоратот и, секако, надлежното министерство. Повеќе

Топ тема 25.02.2015

Тема: „Прислушување на 100 новинари“

Гости: Ристо Никовски, Сашо Ордановски, Тодор Пендаров.

Со бубачки изрешетан безбедносниот систем

Финалето на оваа криза ќе бидат нови избори, кои не верувам дека ќе можат да се организираат барем до крајот на годинава. Не сум убеден дека актуелниве политички елити по решавање на оваа состојба ќе можат да останат на сегашните позиции

Ако само малку повнимателно ги читаме пораките на комесарот за проширување Јоханес Хан, кој во вторникот беше кај нас и изјавата на српскиот министер за надворешни работи Дачиќ, кој во средата дојде кај нас како претседавач со ОБСЕ, ние како држава повторно станавме „случај“ (issue) за ЕУ и ОБСЕ. Е, браво наши! Причина за ова е аферата „Пуч“ и „бомбите на Заев“, односно прислушувањето. И еврокомесарот Хан и претседавачот со ОБСЕ, Дачиќ, повикаа на институционална разрешница, строго почитувајќи ги принципите на владеење на правото и правната држава. Ги повикаа лидерите да седнат и да разговараат, односно да се воспостави политичкиот дијалог во институциите (читај, Собрание), понудија помош и си заминаа. Ние си останавме, во суштина, уште повеќе поделени како општество со јаз кој од ден на ден се продлабочува.
Сега, откако пукнаа двете бомби на Заев се има впечаток, првпат, како ВМРО-ДПМНЕ да е во дефанзива. Дали е тоа навистина така или е само тактички потег (лично верувам во ова второто) ќе видиме брзо. Но затоа експертските, интелектуалните и секако новинарско-медиумските ешалони на владејачката партија брујат со полна пареа. Повеќе

МЛАДИТЕ ОД СТУДЕНТСКИОТ ПЛЕНУМ СЕ ИДНИНАТА

Овие млади луѓе утре како правници, економисти, лекари, инженери, ќе бидат новата критична маса луѓе која ќе воспоставува нови стандарди на една современа политичка култура

Во неколку колумни напишав дека Студентскиот пленум и протестите што ги направија студентите се нешто најпозитивно што ни се случило во последниве петнаесетина години. Имено, прв пат се појавува автентично цивилно движење кое со легитимни демократски методи се бори за многу јасно артикулиран политички интерес. Бараат нов Закон за високо образование со кое ќе се обезбеди квалитетен образовен процес и автономен универзитет. Движење во кое нема идеолошки етнички или конфесионални поделби.
Затоа искрено се надевам дека секој од нас ќе научи што значи да си одговорен граѓанин. Ќе научиме да го идентификуваме својот вистински интерес, но и интересот на својот сограѓанин, а не во името на некаква искривена идеолошка свест да им се верува слепо на партија и политички лидери. Верувам дека студентите со својата најнова акција „Окупирај го универзитетот“ ќе ги остварат своите политички цели и ќе можат да се посветат на својата основна цел – студирањето. Повеќе

24 Анализа 10.02.2015

Тема: „Прислушување на над 20 000 граѓани“

Гости: Алберт Муслиу, Бранко Геровски, Тодор Пендаров.

“ПУЧ“ СО ФРЕНКИ, ЧУШКИ И ПАТАТИ НЕ БИДУВА

По бомбата на Заев, која никако да пукне и видеопродукцијата на премиерот Груевски, се’ повеќе сум убеден дека сите заедно успешно работат да ја изгубиме државата

Кога го гледав видеото во „продукција“ на кабинетот на премиерот (веќе забрането од Јавното обвинителство), прва асоцијација ми беше комедијата на Бранислав Нушиќ „Сомнително лице“. Лидерот на СДСМ Заев во улогата на Алекса Жуниќ, срески (околиски) шпион од споменатата комедија, објаснува како странски служби му дале аудиоснимки кои го компромитираат премиерот дека бил вмешан во криминал. Премиерот во улога на истражител се обидува да го наведе Заев, односно „срескиот шпион“ да каже која служба му ги дала инкриминираните податоци, односно бомбата. И, бум, ете ја аферата „Пуч“. Веднаш се покажа нашата фолклорна ама длабока општествена поделеност на патриоти и предавници, на демократи и автократи. И наместо комедија, веќе не знам по кој пат, се повторува фарсата.
Повеќе

pendarov2000@yahoo.com