ЗБОГУМ, ЈАНША!

Како борецот за слобода на изразувањето и за слобода на печатот се трансформира во политичар кој сака да ги контролира и да ги казнува

Знам дека многу од ценетите читатели на „Утрински“ ќе речат зошто сега пишувам за Словенија и за веќе бившиот премиер Јанез Јанша, кога кај нас штотуку завршија локалните избори, кои меѓународниот фактор (ОБСЕ-ОДИХР, Стејт департманот, ЕУ, Советот на Европа) ги оценија како мирни без поголеми нарушуваа на изборниот процес. За изборите многу работи кажав во последните две колумни. Дури и го навестив (многу точно) прелиминарниот извештај на ОДИХР. Не беше тешко да се претпостави ниту резултатот од гласањето, ниту пак извештајот на меѓународниот фактор. Причината е многу едноставна. Веќе дваесет години политичката матрица на нашите партиски елити (мислам на сите, без разлика на етничкиот или кој било друг предзнак) е иста, односно во овие години таа само се надградува и се проширува. Повеќе

ПОРАКИТЕ ОД КАМПАЊАТА НЕ СЕ ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Во која друга европска држава имаме ваква кампања за локални избори. Дали може Меркел или премиер на која било влада во Европа да „трча“ по општини на изборни митинзи

Уште една недела остана до локалните избори, но веќе сега може да се рече дека тие, како никогаш досега, покажуваат колку низок е демократскиот капацитет на нашите политички елити, ама и општеството во целост. Се’ она што досега се случуваше покажува колку кај нас правната држава и владеењето на правото се „флуидна категорија“ која може да се шири онолку колку што одговара на политичките елити.
Kако поинаку да се разбере фактот дека рокот за пријавување на кандидати за градоначалници и советнички листи се продолжуваше на два пати и тоа само поради ступидниот бојкот на опозицијата. Како да се разбере фактот дека според законот за избори, од утврдена советничка листа не може да се повлече кандидат по ниеден основ, дури, не дај Боже, ако починал. Повеќе

ЕВРОПСКИ КОЛОСЕК

Ако работата згусти, тука се Филе, Ховит и другите наши странски пријатели кои само ќе ни твитнат и ете ние повторно се враќаме на „европскиот колосек“

И така ни дојде „тројката“ од Европа, за неколку часа успеа опозицијата да ја „убеди“ дека треба да оди на локални избори, и дека треба да се врати во парламентот. Замислете овие основни принципи на демократијата (избори и парламент) ние или подобро речено нашите политички елити и по дваесетина години се’ уште не ги сфатиле. И во духот на нашата балканска политичка култура уште пред „тројката“ да слета во Брисел нашиве почнаа да се препукуваат што било договорено, посебно разликите беа дали ќе има или ќе нема предвремени избори!!! Со ова, уште еднаш кај нас се повтори дека вистина во политиката е само она што луѓето кои одлучуваат во политиката, го сметаат за вистина. И бидејќи европските бирократи си имаат дома доста работа и проблеми (на пример се’ поизвесно е дека Бугарија и Романија на идниот самит на ЕУ нема да добијат зелено светло за влез во шенген-зоната) тие решија овие наши „разбирања на вистината“ да ги расчистат преку социјалните мрежи. Повеќе

ИЗБОРИ, ПАРЛАМЕНТАРНИ ПРЕГРУПИРАЊА, ИНАЕТИ

Најголем виновник за паѓање на словенечката влада е Јанез Јанша и неговиот карактер на тврдоглав политичар, без чувство за водење дијалог и политички компромиси

Можеби на прв поглед насловот звучи чудно, но да одиме по ред.
Во Италија, по изборите што се одржаа во неделата и понеделникот политичката неизвесност, да не речам нестабилност, останува. Во дводомниот италијански парламент распоредот на силите е различен. Во долниот претставнички дом кои брои 630 пратеници, најмногу освои Демократската партија (лево од центарот) на чело со Пјер Луиџи Берсани, додека во Сенатот (315) стариот лисец Берлускони има мнозинство. Во суштина, победник на овие избори е пензионираниот комичар Бепе Грило, кој со својата партија Пет ѕвезди е трета сила на италијанската политичка сцена, која по правило секогаш е по малку непредвидлива и изненадувачка. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com