ДАЛИ Е МОЖНА НАЕСЕН ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО СЛОВЕНИЈА

Прашањето е дали наесен актуелната владина коалиција на чело со премиерот Јанез Јанша ќе може да издржи

Искрено сакав и на оваа колумна како и на минатите две да и ставам ист наслов (Политичка перверзија) и секако да пишувам за домашни теми, ама уредникот на страната и мој почитуван колега уште минатиот пат пола на шега ми рече… Аман навистина ќе мислам дека живееме во политички перверзно општество. И затоа решив да пишувам за состојбите во Словенија. Иако од денеска во Словенија почнува летниот „политички распуст“ оваа наша некогашна братска република ја очекува многу жешка политичка есен во која можат да се случат многу големи политички промени. Притоа не мислам на престојните претседателски избори (во ноември) кои во Словенија најблаго речено секогаш биле „досадни“ и по се’ изгледа шансите се на страна на актуелниот претседател ДанилоТирк. Прашањето е дали на есен актуелната владина коалиција на чело со премиерот Јанез Јанша ќе може да издржи. Причините се познати, економската криза и задолженоста во еврозоната. Повеќе

ПОЛИТИЧКА ПЕРВЕРЗИЈА, ВТОР ДЕЛ

Која е целта на Фондацијата „Отворено општество“, која ни се наметнува како единствен носител на демократските процеси

Врвот на општествената перверзија за неделава е акцијата на Фондацијата „Отворено општество“(читај Сорос). Оваа невладина организација на чело со својот вечен директор, повикувајќи се на Законот за слободен пристап на информации, испрати околу 80 (осумдесет) барања со кои се бараат најразлични информации. Во новинарските кругови се шушка дека Фондацијата „Отворено општество“ вакви барања испратила до сите државни институции. Повеќе

ПОЛИТИЧКА ПЕРВЕРЗИЈА

Луѓето од ГЕМ ќе поднеселе кривични пријави против пратениците. Тешко може тоа да се разбере

Веќе не се сеќавам кој светски политичар има прв речено дека „секое племе не заслужува да има своја држава“, ама ова што во последно време го гледаме на домашната политичка сцена ме наведува да мислам дека човекот бил во право. Дека ова е така зборуваат многу настани кои во последно време се случуваат кај нас.
Ако малку сурфате по интернет, ама не да постирате на „Фејсбук“, тука да погледнете најразлични странски стручни списанија од областа на меѓународните односи или политичко-правните науки, ќе најдете повеќе стручни написи и анализи во кои Македонија и по дваесет години самостојност се дефинира како општество, во кое процесот на градење држава (state building) и функционирање на институциите се’ уште е во фаза на транзиција. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com