ПОПИС СО БАЛКАНСКО ПОЛИТИКАНТСТВО?

И по 20 години независност, ЕУ не’ учи да прифатиме дека пописот не е дневна политика. Резил за сите нас

Пописот на населението, домаќинствата и за становите во прв ред е обемно статистичко истражување што се врши во сите држави во светот, а по правило се прави во одредени временски интервали, но не подолги од десет години. Веќе одамна пописот на населението е и обврска за секоја држава членка на Обединетите нации. Податоците од пописот собрани и обработени и, според меѓународно утврдена и прифатена методологија и критериуми, треба да се достават до ОН. Резултатите од пописот во секоја држава (нормална и уредена) се еден од основните столбови за креирање и за водење најразлични политики. Од демографијата преку образованието, вработувањето, социјалната политика, здравство, па ако сакате и инвестициски или други политики од сферата на економијата и економскиот развој. Повеќе

БАЛКАНСКИ СИНДРОМ

Скандалот во Брисел покажа колку новинарите се дисциплини-рани од политичарите

Во Словенија, спроти нејзиното осамостојување, еден многу познат новинар испрати писмо до сите медиуми и побара новинарите и медиумите да го покажат својот патриотизам и да не се осврнуваат многу на фактите и вистината. Новинарското здружение, медиумите и, воопшто, новинарската фела ова писмо и неговиот автор едноставно го растргнаа.
Во Словенија, веднаш по осамостојувањето, еден познат политичар незадоволен од тоа како новинарите известуваат од парламентот јавно им порача дека тоа е нивната „лебедова песна“. На ова словенечките новинари и медиуми одговорија со штрајк. Повеќе

ДВАЕСЕТГОДИШНА МЕДИУМСКА САГА

Не може вината за состојбата во медиумите да ја лоцираме само кај политичките елити, а ние новинарите да се претставуваме како жртви

Состојбата во медиумите во изминатите десетина дена беше повторно жешкиот костен на домашната политичка сцена. Се’ започна со седница на Собранието. Точката на дневен ред беше иницирана од страна на опозицијата. За жал, опозицијата не успеа да се надмине самата себеси во голата борба за билдање на сопствениот рејтинг во смисла – ние сме демократи, а власта е диктаторска.
Наместо конструктивен, критичен, но и самокритичен настап, опозицијата тргна во фронтален напад врз власта, обвинувајќи за нејзиниот недемократски капацитет, авторитарно владеење и целосна контрола врз медиумите. Парламентарното мнозинство одговори со истиот метод и така два дена се наслушавме некаква квазиисториска ретроспектива, која политичка елита кога била на власт колку лошо направила за медиумите, медиумскиот простор и за новинарите. Повеќе

АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПОВТОРНО НА БАЛКАНОТ

По посетите на Ангела Меркел на Словенија, Хрватска и на Србија, дефинитивно, ни стана јасно дека нашиот пат до Брисел оди преку Атина

Во вторникот (30 август) германската канцеларка Ангела Меркел престојуваше во официјална посета на Словенија, а само десетина дена пред тоа беше во посета на Хрватска и на Србија, односно во државите на Западен Балкан (политички, а не географски топоним). И пред десет дена, а и овој пат, Меркел не’ заобиколи, поради, како што беше пласирано кај нас, нејзината „набиена агенда“. Од посетата на Меркел на Загреб и на Белград барем на нашата јавност и’ беше презентиран само еден сегмент од интервјуто на Меркел за Хрватската телевизија, објавено еден ден пред нејзиното доаѓање во кое таа истакнува дека ЕУ останува отворена за државите од Западен Балкан, ама условите за Србија се да ги нормализира односите со Косово, за Македонија е да го реши дефинитивно проблемот со Грција околу уставното име, а Босна и Херцеговина ако сака интеграција во ЕУ, треба да почне да функционира како држава. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com