ILERI

 

За оние кои не разбираат што значи насловот да преведам, на турски Ileri, значи ЈУРИШ. И богами до идниот петок кога на полноќ завршува предизборната кампања политичките партии ќе јуришаат нонстоп на нас гласачите. Притоа како во секој јуриш па така и во овој наш предизборен ќе се користи сето расположливо оружје. Ама во нашава политичка фолклорна култура веќе проверени се два вида на политичко оружје. Прво, максимално да го оцрниш политичкиот противник во кој гледаш класичен непријател кои треба да се уништи. Притоа не се почитува ниту една морална и етичка категорија и вредности. Актуелната власт која себе се прогласи за заштитник на македонштината и најголеми патриоти сега го напаѓаат Заев и актуелното водство на СДСМ како предавници кои само за да дојдат на власт се подготвени државата да ја федерализираат“ Албанскиот да го направат втор службен јазик на целата територија, а од тука па до распарчување на државата и уништување на македонскиот национален идентитет е само мал чекор. Во истовреме патриотите многу вешто го користат и другото политичко оружје кое и те како пали кај нас. А тоа се ветувањата дека од 12 декември ќе живееме подобро. Само неколку од тие ветувања, а не кои ги дава хазајинот (газдата) Груевски туку мојот омилем министер“ Никола (Нино) Тодоров Замислите Нино во својот нескротлив темперамент на откривањето на Перпетум мобиле а во суштина произведува само огромна ентропија или речено едноставно за што се фати сѐ се исуши ама за жал притоа отидоа и многу животи, замислите ветува во наредните 4 години 70 илјади нови работни места, ветува над 30 милиони евра инвестиции во најразлична опрема за здравството, автопатишта и регионални патни правци, спортски сали и уште не знам што ама пред секое ветување има едно големо “ЌЕ“. Нејсе од другата страна исто и СДСМ е во фаза на еден масивен ILERI односно јуриш по гласови. И пак иста реторика односно иста оружје и муниција. Груевски и фамилијата се криминалци обвинува Заев (каде е тука почитувањето на презумцијата на невиност) а во истовреме и пресудува дека тој ќе го конфискува имотот на Груевски и фамилијата и ќе ги врати парите на народот додека Груевски и фамилијата ќе завршат во затвор. Значи политичкиот опонент е непријател кои еве уште сега во кампањата треба да се елиминира и уништи. И нормално во истовреме  се нуди се и сешто од 30 илјади просечна плата минимална околу 16 илјади реформи во сите сфери со други зборови мед и млеко. И повторно луѓето како да се овци се шетаат од митинг на митинг, туку во предност е владејачката партија иако се има впечаток дека овој пат како да има помалку избирачи кои прифаќаат да ги шетаат од митинг на митинг. Во суштина од сето ова што го гледаме е јасно дека политичките елити, на една страна фамилијата на друга страна Заев-Шекеринска со другарите многу им е јасно дека влогот на овие избори е  нивната кожа“ па затоа се оди што би се рекло на нож. Понатаму јасно се гледа дека во партиите ја нема онаа критична маса која ќе може нешто да смени. На пример без разлика која партија ќе победи (во моментов субјективно давам одредена мала предност на ВМРО-ДПМНЕ) нема да се најде јунак кој на Груевски би му рекол не ти не можеш да бидеш премиер бидејќи во времето додека ти беше претседател на Владата во МВР некој (еве нека биде тоа и СДСМ преку свои инсталации) со години прислушувал незаконски над пет илјади граѓани. Од друга страна ако победи СДСМ на чело со двоецот Заев – Шекеринска не верувам дека и таму ќе се најде јунак и потребната критична маса која на Заев ќе му речат дека тој со веќе една аболиција а богами и со неколку најблаго речени чудни изјави не може да биде идниот премиер. За жал ниту кај нас како граѓани односно како електорат ја немаа таа критична маса која на 11 со својот глас едноставно ќе ја промени сегашната слика во парламентот каде што владеат веќе две децении “големата четворка“ кои  со своите актуелни четворица јавачи на апокалипсата дефинитивно не водат на историскиот отпад и заборав. Инаку скоро со сигурност до крајот на изборната кампања нема да видиме класични ТВ дуели или дебати посебно на кој би настапиле лидерите. Ама не знам зошто сега посебно оние самопрогласени патриотски медиуми како и некој невладини организации, врескаат нема дебати тоа не е демократски и уште не знам што. Ало мајстори политички дебати меѓу власта и опозицијата, треба да име за време на целиот мандатен период а не само за време на предизборната кампања. Како и да е резултатот од изборите веќе се знаат. Не знам по кој пат ние збунетите граѓани“ повторно ќе доживееме лудите  политички елити да не “онакват“. Имено на сите би требало да им биде јасно дека политичката криза во државата не се решава со изборите. И токму ова прашање, што по 11 декември е актуелно пред се кај присутната меѓународна заедница кај нас. Освен секако за нашиот павлиха (словенечки израз за дворски шут) претседател кој мудро ќе заклучи дека и на 12 декември сонцето пак ќе изгрее и земјата ќе продолжи да се врти…Ама сепак се плашам ние ќе останеме во општествениот мрак во кои веќе лутаме скоро 25 години.

Тодор Пендаров

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com