ПУТИН ВО СЛОВЕНИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе допатува во посета (трета по ред) на Република Словенија.

Повеќе

ХРВАТСКАТА ВЛАДА ПАДНА!

Пред неколку минути во Саборот на Хрватска на владата на премиерот Тихомир Орешковиќ и беше изгласана недоверба. Со ова само по ШЕСТ месеци фактички распадна коалицијата помеѓу „Мост“ и таканаречената Татковинска коалиција во која преовладуваше ХДЗ. Со ова Хрватска многу аналитичари сметаат дека политичката криза која всушност започна со самото формирање на веќе бившата влада сега е можеби малку „по бистра“ но не и надмината. Според Уставот има две алтернативи ХДЗ или опозициската Социјалдемократска партија да успее (што е многу тешко) внатре во Саборот да направат нова коалиција и да обезбедат мнозинство. Другата уставна можност е актуелната Претседателка на Република Хрватска, госпоѓа Колинда Грабар-Китаровиќ ако се исцрпат можностите за состав на нова влада и парламентарно мнозинство да го распушти Саборот и да распише нови предвремени парламентарни избори.

За Словенците Албанија нова и „жешка“ туристичка дестинација

Се повеќе Словенци се заинтересирани летните одмори да ги поминат во Албанија. Ова го потврдуваат поголемите туристички оператори „Компас“ и „Палма“ кои веќе неколку години албанија ја имаат како туристичка понуда во нивните аранжмани. Зошто Албанија. Повеќе причини велат овие туроператори но секако голема улога има цената бидејки минимум 30 проценти Албанија е поевтина од соседна Хрватска. Но и фактот дека Албанската држава во последниве години инвестираат во туризмот, а Албанија за Словенците е малку позната дестинации а богами има што и да се види, од прекрасни природни убавини но и богата историско у културно наследство. Инаку додека „Компас“ повеќе во своите понуди најмногу нуди она класично лешкарење на плажа односно некаков статичен туризам. Операторот Палма нуди аранжмани многу подинамични и не се само плажите на Јадранското или Јонското море. Односно за оние кои имаат поголем авантуристички дух. Инаку годишнава летна сезона Албанија станува привлечна туристичка дестинација и за Чесите, Словаците, Полјаците, Романците, од каде што летаат чартер линии, но исто така и за туристи од Франција Холандија и Германија.

Нуклеарното оружје е за заштита на сувереноста на државата

Лидерот на Северна Кореја соопшти дека неговата земја нема да употреби нуклеарно оружје освен ако не е загрозен нејзиниот суверенитет. Северна Кореја прв пат изврши проба на нуклеарно оружје во 2006 откако се повлече од меѓународните договори. Оттогаш постојано се закануваше со нуклеарни напади врз Јужна Кореја и САД. Но Ким Јонг-ун на Конгресот на Работничката партија што се одржува во Пјонгјанг изјавил дека сака нормализирање на односите кои до сега ги сметаше за непријателски. Но дел од медиумите ј толкуваат дека тој испраќа нејасни пораки додека земјата е под внимателен надзор и се подготвува за нова нуклеарна проба.

Изложба на олд тајмери

Денеска во Скопје на просторот пред општината Центар се одржа изложба на олд тајмери. На изложбата на која учествуваа претставници од државата потоа од соседството (Србија, Бугарија, Косово) беа изложени автомобили и мотори. Навистина во една пријатна и опуштена атмосфера можеше да се видат автомобили од дваесетите години на минатиот век а исто така имаше и неколку мотоцикли од тие години. Секако тука беше и популарното „Фиќо“ и тоа од најстарото беше од 1963 година. Во секој случај убаво организирана манифестација која понуди можност за да се помине неколу часа во една опуштена атмосфера во која младите зачудено го доживуваа на пример легендарното Фиќо или моторот со приколка додека ние постарите малку со носталгија се сеќававме на тие убави денови.

pendarov2000@yahoo.com