Пржино 2 во фаза на клиничка смрт

Ете ниту една недела не издржа таканаречениот договор „Пржино два“ и веќе е во фаза помеѓу изгубен во преводот и класична клиничка смрт. Некој ќе рече дека не е така, ете измените на изборниот закон поминаа, ДИК го објави списокот на оние триесет и девет илјади и кусур граѓани кои демек се „сомнителни“ па сега ќе мора сами одново да се пријават односно регистрираат во ДИК. И замислете меѓу тие сомнителни или фантомски гласачи е пратеникот Павле Трајанов, па новинарот Ерол Ризаов, и цел куп познати личности. И сега навистина се прашувам кој во сето ова е луд, кој е збунет и кој кого „онаква“. Повеќе

ПУТИН ВО СЛОВЕНИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе допатува во посета (трета по ред) на Република Словенија.

Повеќе

Mакедонското срце чука за Ердоган, ама малку и за пучистите  

 

Секако вест на неделава е дека нашите четири политички партии дефинитивно со помош на „вујче Сем“ и добро одиграна споредна улога на ЕУ се договорија околу отворените прашања со што се создава можност некаде во декември да се одржат кредибилни избори. Навистина неверојатно за една суверена држава е фактот дека деталите од договорот прво беа објавени на веб страната од амбасадата nа САД и канцеларијата на ЕУ и тоа на англиски а ние и како јавност ама и како држава ете моравме да ги симнуваме од таму. Повеќе

ПЕТОТО СТОЛЧЕ

Госпоѓа Викторија Нулан во понеделникот без официјална гатачка и без кристална кугла ни најави дека таа почувствувала позитивна енергија кај лидерите на четирите партии и дека е верува до крајот на неделава лидерите на четирите партии ќе се договорат и ќе ги решат отворените прашања со што ќе почне вистинска реализација на договорот од Пржино. И така таа позитивна енергија по се изгледа во средата до доцна во ноќта влијаеше на претставниците на четирите партии да се договорат за сите отворени прашања, избирачкиот список, и медиумите. Ама изгледа дека таа позитивна енергија се потрошила па затоа остана отворено прашањето околу надлежностите на министерот за внатрешни работи. Имено актуелната влада во духот на нашата фолклорна политичка култура (која се сведува на тоа како со да го заебам политичкиот опонент) сега подготвува измени на законот за МВР со кои министерот го прават како Англиска кралица. Имено власта не сака за време на оние 100 дена пред избори кога министерството за внатрешни работи според новиот закон за Влада кој беше резултат на првиот договор од Пржино, го добива опозицијата, тој да ги има надлежностите кои според сегашниот закон ги има Министерот за внатрешни работи. Ете тоа е нашата фолклорна политичка култура. Сите го прифатија договорот од Пржино ама неговата имплементација власта максимално ја опструира на секој чекор и преку сите институции.

И сега да се вратиме на насловот односно на „петото столче“. Да потсетам дека невладиниот сектор веќе подолго време инсистираше и тие пред се како набљудувачи да учествуваат во преговорите и преку своите експерти (sic) да помогнат во изнаоѓање на решенија за излез од кризата, за создавање на услови за кредибилни избори, и за започнување на демократските процеси во државата и општеството! Богами да се крстиш со лева рака ќе речеше мојата покојна баба. Имено иако Нулан во понеделникот ги прими претставниците на Невладиниот сепак тие не добија „пето столче“ во процесот на преговорите. Имено Нулан и воопшто странците кај нас добро знаат дека нашиот невладин сектор одамна а комерцијализиран од политичките партии. Со тоа невладиниот сектор односно левите деца и десните чеда на скопската буржоазија и те како се врзани на партиите, а со тоа како што луцидно во својата последна колумна пишува господин Зеколи се убива духот на волонтерство и се задушува можноста за наоѓање и промоција на идеи и ликови надвор од контролата на корумпираните партии. Еве само погледајте неколку примери. Изборниот закон. Невладиниот а и помалите партии очекуваа да биде воведен изборен праг и таканречена една изборна единица на целата територија, а се споменуваа и отворени листи. СДСМ едно време ова го поддржуваше ама сите знаеме освен некои козметички промени кои се однесуваат на гласањето на дијаспората се си остана исто. А невладиниот на ова молчеше. Понатаму околу медиумите. Решението опозицијата да го именува одговорниот уредник на Јавниот сервис како и заклучокот да се формира некакво тело од пет члена од кои четири се по партиска линија кое ќе следи како медиумите известуваат во тие 100 дена пред избори, не само што не носи ништо позитивно кога станува збор за слободата на медиумите и јакнење на професионалните принципи и стандарди во медиумите туку мислам дека ќе има обратен ефект. Ама со вакво решение партиите и понатаму ќе си го задржат влијание во медиумите преку клиентелизмот, на нивните газди ама и новинарите до поедини партии. Е па не видов невладиниот да оди и да протестира пред СДСМ.

И така доаѓаме до веста на неделава а тоа е дека еврообврзницата тешка околу 650 милиони евра странските банки меѓу кои и Дојче банка го замрзнале нејзиното пласирање. Причина, банките ќе проверуваат дали еврообврзницата е издадена легално од страна на Владата на Република Македонија. И сега „шу праиме“?! Веќе во првите вести се истакнува дека ваквата одлука банките ја донеле после писмото добиено од страна на СДСМ во кое се предупредуваат банките дека одлуката за еврообрзницата е нелегална. И сега очекувајте лавина од реакции, Опозицијата веќе ова го смета за своја голема победа. Нормално ваква оценка имаат и од Шарената револуција. Барем засега некои поголеми реакции од Владата нема но очекувајте дека сега ќе почнат да се вртат познатите владини мантри кои се сведуваат на следното Ние (власта) градиме, вработуваме, ги зголемуваме пензиите, социјалната помош ама опозицијата сето тоа го руши и ете сега ја блокира и еврообврзницата. Ерго за се е крива опозицијата односно СДСМ, (патем само кај нас е наметната перцепцијата дека опозицијата е крива за се.) Сепак мислам дека зад оваа одлука на Дојче банка и другите три банки преку кои се пласираше обврзницата на светскиот пазар, е направена со помош на меѓународната заедница како многу јасна порака пред се до Груевски и фамилијата дека треба да си заминат од политиката. Само поврзете некој факти. Имате Германска банка имате посебен Германски пратеник, како медијатор во решавањето на кризата. Во истовреме ова е и јасен сигнал до ВМРО-ДПМНЕ дека треба коренити промени внатре во партијата. Патем нешто слично го чека и Заев само во моментов нема кој да му каже. Сепак не се така едноставно. Имено тоа што не го знаеме е дилемата дали ваквата одлука на европските комерцијални банки не е и сигнал за некаква си изолација на државата. Ако тоа дојде е тогаш ќе биде според она што деновиве преку социјалните мрежи гневно го напиша мојот пријател и претседател на Здружението на Новинарите Насер Селмани резигниран поради решението за медиумите цитирам Тие (нашиве и странците) меѓу себе се „онакват“ а ние граѓаните стануваме трудни. Е богами ако оваа одлука на европските финансиски кругови добие димензија на изолација на државата тогаш навистина не чекаат сериозни предизвици. Зарем ова не доволен мотив за нас граѓаните па ако сакате и онаа потребна критична маса која нас ќе ја пробуди длабоко потисната одговорност за државата за општеството, па дури и за сегашноста и иднината на нас како поединци???

 

Хајндел си отиде сега ја чекаме Нулан

Молчеливиот посебен пратеник на Германија Амбасадорот Јоханес Хајндел си замина. Во духот на класичната дипломатија Хајндел делува од една страна дискретно но по се изгледа настапува доста цврсто и енергично. Ова е посебно важно ако се има предвид нашата политичка криза во која се инволвирани четири страни со типична балканска политичка култура.

Повеќе

ЗЛАТНА РИПКА

И така во нашата балканска фолклорна политиканска култура ете добивме и нов термин поточна фраза „златната рипка“ Имено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неформален премиер Никола Груевски во интервју за белградска Политика вели дека СЈО и Катица Јанева со својот тим се „златната рипка“ на Заев и работаат според неговите барања и му ги исполнуваат сите желби!? Повеќе

pendarov2000@yahoo.com