БРЕГЗИТ- што сега???

 

 

Мнозинството граѓани на Британија (навистина тесно мнозинство) вчера на референдум се изјаснија за напуштање на Европската Унија (Брекзит). Референдумот патем не е обврзувачки, ама имајќи  во предвид нивото на политичката култура во Велика Британија актуелната конзервативнавлада на Камерон но и која било друга влада ќе ја почитува волјата на мнозинството бидејки во спротивно тоа би значело политичко самоубиство за секој политичар или партија. Патем Камерун веќе си поднесе оставка. Повеќе

Двете опции на Иванов се „да си оди или да замине“

 

Ете вака реагираше ДУИ на последното обраќање на актуелниот легален, ама за мене не легитимен претседател на државата Ѓорге Иванов. Персона која јас одамна го нарекувам „павлиха“ (словенечки израз што се преведува како дворски шут) Навистина овој човек одамна не заслужува да биде предмет на било каква посериозна анализа, ама за жал со своите постапки еве само да споменам периодот од аболицијата па до последното обраќање, речено се едноставен јазик само ја продлабочува општествената и институционалната криза. Повеќе

Аnd Waltz goes on

Првата половина од неделата помина во знак на оставката на сега веќе екс министер за финасии Зоран Ставревски, кој ја поднесе како што запиша од здравствени причини. И богами од социјалните мрежи па до медиумите Ставревски беше тема на цел куп „анализи“, „длабокоумни коментари“, а се, се сведуваше на тоа што едни го величаа до ѕвезди за други беше лош, арогантен, и уште незнам каков човек. Повеќе

ХРВАТСКАТА ВЛАДА ПАДНА!

Пред неколку минути во Саборот на Хрватска на владата на премиерот Тихомир Орешковиќ и беше изгласана недоверба. Со ова само по ШЕСТ месеци фактички распадна коалицијата помеѓу „Мост“ и таканаречената Татковинска коалиција во која преовладуваше ХДЗ. Со ова Хрватска многу аналитичари сметаат дека политичката криза која всушност започна со самото формирање на веќе бившата влада сега е можеби малку „по бистра“ но не и надмината. Според Уставот има две алтернативи ХДЗ или опозициската Социјалдемократска партија да успее (што е многу тешко) внатре во Саборот да направат нова коалиција и да обезбедат мнозинство. Другата уставна можност е актуелната Претседателка на Република Хрватска, госпоѓа Колинда Грабар-Китаровиќ ако се исцрпат можностите за состав на нова влада и парламентарно мнозинство да го распушти Саборот и да распише нови предвремени парламентарни избори.

Пржино по втор пат…или?!

И така персоната која ете со наша ( на граѓаните) “волја“  веќе втор мандат формално е  претседател, а фактички е  сламната кукла је повлече аболицијата за сите аболирани. Овој човек, Хорхе, фикус, павлиха, или веќе не е ни битно како ќе го именувате, ако некој верува дека сето ова го направи “самоиницијативно“  е во голема забуда  Се сеќавата тој овој потез го објаснуваше демек го направил со некаква си цел да се постигне  помирување помеѓу политичките субјекти како прв чекор кој би создал услови за фер и кредибилни избори, а со тоа и крај наполитичката криза. Во суштина зад сето ова се криеше конкретен план на “фамилијата“  за да се остварат неколу цели.

Повеќе

ХОРХЕ ПО ВТОР ПАТ ГО УБИ ИСУС

Се среќаваат Мухамед и Исус Христос некаде на небо и пророкот Мухамед му вели. „Слушај овој Хорхе е многу глуп“. Исус му одговара. „Ваистина е глуп“. Ова не ме моја мисла туку ја прочитав на еден твит. Навистина не сакам без причина да го споменувам Исус Христос.  Pерсоната, која за жал е големиот срам за нас како граѓани ама и за државата во целост. gлумејќи голем верник треба да знае дека не е дозволено Бог или Божјиот син да се споменува без причина а уште помаку да се прават такви глупави и херетички паралели како што тој ги направи во Сараево. Ама кога Хорхе од политикантски причини станал верник тогаш предлагам некој од членовите на Cинодот да организираат еден шнел курс за катехизам па оваа персона да не „лупа“ глупости а богами и да не   ги навредува чувствата на вистинските верници. Ама оваа персона за жал уште неколку години ќе го трпиме. Само погледнете како ги коментира невладините организации посебно Отворено општество на Сорос. За него „соросоидите“ биле најголемите непријатели на државата. За Отворено општество и воопшто за невладиниот сектор не се сеќавам дека сум напишал или јавно изјавил дека се добри односно направиле нешто за демократизацијата на општеството. Ама кога оваа персона ги критикува веднаш ми паѓа на памет онаа мисла на „нашите браќа“ Босанци кои велат „Нема горег Турчина од потурица“.

Повеќе

За Словенците Албанија нова и „жешка“ туристичка дестинација

Се повеќе Словенци се заинтересирани летните одмори да ги поминат во Албанија. Ова го потврдуваат поголемите туристички оператори „Компас“ и „Палма“ кои веќе неколку години албанија ја имаат како туристичка понуда во нивните аранжмани. Зошто Албанија. Повеќе причини велат овие туроператори но секако голема улога има цената бидејки минимум 30 проценти Албанија е поевтина од соседна Хрватска. Но и фактот дека Албанската држава во последниве години инвестираат во туризмот, а Албанија за Словенците е малку позната дестинации а богами има што и да се види, од прекрасни природни убавини но и богата историско у културно наследство. Инаку додека „Компас“ повеќе во своите понуди најмногу нуди она класично лешкарење на плажа односно некаков статичен туризам. Операторот Палма нуди аранжмани многу подинамични и не се само плажите на Јадранското или Јонското море. Односно за оние кои имаат поголем авантуристички дух. Инаку годишнава летна сезона Албанија станува привлечна туристичка дестинација и за Чесите, Словаците, Полјаците, Романците, од каде што летаат чартер линии, но исто така и за туристи од Франција Холандија и Германија.

pendarov2000@yahoo.com