Колкав е капацитетот на ДИК а со тоа и на другите државни институции (МВР, Министерството за правда) да направи пречистен избирачки список што е можеби прв услов за кредибилни избори во четвртокот ни објасни еврокомесарот Хан. Имено тој најави формирање на некакво меѓународно експертско тело кое ќе работи на пречистување на избирачкиот список.
И додека ја слушав веста се сетив на нашиот ни министер за надворешни работи Поповски кои деновиве во едно интервју за странски медиум храбро вели дека е добредојден странскиот ангажман за решавање на кризата ама сепак мисли дека тие (странците се мешаат малку повеќе отколку што треба и дека каква влада ќе имаме е наше внатрешно прашање. Ех човеков веќе неколку години е министер ама во абецедата на дипломатијата се уште не стигнал ниту до буквата „Д“ (латинично писмо). И додека министерот Поповски секогаш е барем „шупливо слаткоречив“ со странците, персоната „Хорхе“ кој за жал со нашите гласови е претседател на државата продолжува со своето глупирање кое ја донесе државата во една навистина крајно сериозна состојба како дома така и ви за ви меѓународната заедница. Имено тој „храбро“ изјави за странски медиум, дека ако треба повторно ќе ја направи аболицијата.