ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА НЕ СЕ РЕШАВА СО ЧОКОЛАДАТА НА СТАВРЕВСКИ

И сега кога го слушам Ставревски кој зборува како типично фолклорен балкански политикант а не како вистински министер за финансии, каков е во споменатите бомби, се прашувам што сега ми продава. Леб, чоколада или се обидува да ja спасува „фамилијата“

Според министерот за финансии Ставревски ако немавме политичка криза економскиот раст ќе бил цели 5 проценти. И верувајте веднаш се сетив на онаа бомба на Заев односно лепени креирани и монтирани незаконски прислушувања во која Ставревски разговара со ново печениот Д-р Гордана Јанкулоска инаку екс Министер за внатрешни работи позната во бомбите на Заев како „шо праиш“ … Е во споменатата „бомба“ Ставревски се жали на Горде и вели „абе ние навистина забегавме, немаме пари за леб а купуваме чоколада“. Повеќе

ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА

Во минатата колумна напишав дека по се изгледа нам ни треба нов АСНОМ ако навистина сакаме да имаме држава. Настаните што деновиве поточно оваа недела ни се случуваат се повеќе барем мене ме уверуват дека ние не сме способни да најдеме институционално решение за кризата. Онаа „павлиха“ (словенечки израз за дворски шут) од претседател продолжува со своите потези државата, општеството а со тоа и сите нас како граѓани да не влече кон дното, ако општественото пропаѓање воопшто има дно. Па така сега вели дека тој со своите „врвни правни експерти“ барал ама не можел да најде форма како да ја повлече аболицијата која всушност беше глоговиот колец на Пржинскиот договор кој и така беше сведен на „зомби“. Замислете сега оваа „павлиха“ од претседател ги кани лидерите на четирите партии потписнички Пржинскиот договор да му помогнат за да се изнајде решение како да се повлече аболицијата. Е по моронска изјава навистина не сум слушнал. Повеќе

ИВАНОВ-ГРОБАРОТ НА ДРЖАВА

Која коинциденција! На 12-ти април Фридом Хаус го обајавува најновиот и најлош извештај за Македонија. Извештај во кој стрмно паѓаме во сите области, од владеење на правото до слободата на медиумите. Со тоа не само што се „усидривме“ како последна држава во Европа кога станува збор за сите овие принципи кои можеме да ги сведеме под еден збор демократија, и човекови права, туку се повеќе се доближуваме од групата на делумно слободни држави во групата на неслободни држави. И замислете истиот ден „персоната“ Георги Иванов по познат како Хорхе со функција претседател на држава носи одлука со која ги аболицира сите лица осомничени или осудени за кривични дека кои произлегуваат од прислушуваните материјали. Ова лице оди и понатаму и вели дека и утре ако се појават нови лица осомничени врз основа на индициите од материјалите од прислушувањето и тие ќе ги аболира!? Секако нај моронски дел од неговиот говор беше кога се пофали дека тој оваа одлука ја донел самоиницијативно и не прашал никого бидејќи се плашел дека многу од нив ќе му кажеле не сакаме аболиција сакаме на суд да ја докажеме нашата невиност. Повеќе

Macedonia timeless

Верувам дека сè уште се сеќавате на рекламата која се вртеше и уште се врти на CNN со која актуелната Влада ја претстави Македонија на светската сцена. Колку „аир“ видовме од ова рекламирање е посебно прашање ама барем мене лично настаните кои неделава се случуваа едноставно ме асоцираат на овој слоган „Безвремена Македонија“ (Macedonia timeless). Имено сето ова што се случува на домашната политичката сцена навистина многу повеќе личи на нешто надвор од времето и просторот барем за Европа во која ете по некоја случајност и ние припаѓаме. Ајде да одиме по ред. Зарем не беше „безвремен“ потегот на ДУИ кога одеднаш демек ја напушта владата и ги повлекува сите свои министри? И веднаш булументата од „познатите“ аналитичари почна да прави анализи, ама одеднаш слушаме дека тоа не e излегување од коалицијата односно Владата туку освежување. И навистина господин Ахмети направи вистинско подмладување во Владата. Еден мој колега Албанец шеговито искоментира, абе станавме „бамбини партија“.

Повеќе

И НАД СКОПЈЕ ИМА „КАЛЕ“

Но затоа барем во овој момент не е јасна дали попладнето (на 31 март) на „Калето“ пиел чај господин Ахмети па потоа ДУИ некаде околу полноќ носи одлука дека излегува од владата и тоа само седум дена до распуштањето на парламентот.

Насловот морам да признаам не мој туку го позајмив од еден твит на социјалните мрежи, а според мене на многу едноставен но точен начин покажува колку ние се повеќе наликуваме на територија а се помалку на држава која има капацитети да ја остварува својата државотворност. И затоа со асистенција на некој друг (Вашингтон со асистенција на Брисел) таа „држава“ како така да функционира. И веднаш да разјасниме таа каква таква државна функционалност која ни ја „обезбедуваат“ Вашингтон и Брисел не е затоа што овие центри на моќ толку многу не сакаат нас кои ете се уште останавме овде да живееме туку пред се за остварувањето на  нивните глобални интереси. При што на врвот е стабилноста како внатре така и во целиот регион наречен Западен Балкан.

Повеќе

pendarov2000@yahoo.com