МАКЕДОНИЈА-ДРЖАВА ИЛИ ХИБРИД

Вашингтон и Брисел ќе сторат се (запазувајќи сепак легалност и легитимност) актуелните политички елити да заминат прво од политичката сцена а потоа за нив ќе одлучува богињата Јустиција. Односно странците нема сигурно „со сила“ да ја урнат актуелната влада и да ја инсталираат на власт опозицијата

Откако пред десетина дена претседателот Иванов ни обелодени дека никој не нè сака и сега сме сираци од најзабитиот крај на Европа наречен Западен Балкан, сега останавме и без институции откако Специјалната Јавна Обвинителка Катица Јанева јавно се посомнева во легалноста при изборот на Претседателот, Собранието Уставниот суд. Со други зборови од држава и државните институции кај нас нема ниту „Д“?! А богами ова не е далеку од вистината. Имено ние се повеќе личиме на некаков хибрид помеѓу држава и протекторат во кој барем засега полу дискретно го управува Вашингтон во соработка со Брисел која најдобро се манифестира преку мачките на свежо „декорираниот“ Офицер во Кралскиот ред господин Питер Ванхауте.

И веднаш по изјавата на Јанева зовре. Прво реагираа од кабинетот на Иванов, нормално со целосно отфрлање на ставовите на Јанева. Власта поточно пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ изјавата ја оцени како многу опасна за сувереноста на државата односно беше речено „Јанева работи Македонија да стане протекторат“. И замислете бидејки Собранието не може да ја смени Јанева (тоа може да го направи само Советот на Јавни Обвинители) пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Јанева да се извини на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија. Навистина се прашувам од кога ако некој свесно работи против државата и го поткопува државниот суверенитет, со едно извинување може да ја поправи штетата. Токму ова барање (за извинување) на владејачкото мнозинство покажува дека се свесни за својата одговорност на кое дереџе ја донесоа државата иако тоа јавно нема да го признаат. Ама како да заборавија дека тие гласаа за Јанева и дека на почетокот лидерот на партијата Груевски јавно изјавуваше дека Јанева е заеднички предлог и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, иако и мачките на Ванхауте знаат кој го наметна формирањето на СЈО и кој ја избра Катица Јанева. Патем барем јас изјавата на Катица Јанева јас ја разбирам невешто изразен драматичен апел за поддршка на нејзината работа и институцијата која ја предводи. Госпоѓата Јанева само пред тоа што го кажа да ја додадеше фразата „има сомнеж“ немаше да може никој да и забележи. Ама што би рекол градоначалникот на Карпош Јакимовски на Катица Јанева „можат да и плукнат под прозор“. Сетете се кој седеше до госпоѓа Јанева? Неговата екселенција Амбасадорот на САД, Џес Бејли. Е богами сликата беше навистина „историска“. Во центарот амбасадорот Бејли (кој фактички и ја организира конференцијата) десно Јанева лево Зврлевски иако добро знаеме дека токму Зврлевски јавно изјави дека СЈО е неуставна и незаконска институција. Ама кога ќе те „покани“ Бејли нема бегање.

Повеќе

КАКО СТНАВМЕ СИТЕ СИРАЦИ!

Како и да е Иванов кој ќе остане запаметен по својте “генијални изјави“ почнувајки од онаа “разумен компромис е разумен компромис, па намигнувањето со Обама, па колекција на повелби со кој тој се прогласува за почесен D-r Honoris Causa едно три-четири од Турскиуниверзитети

Кога неодамна претседателот Ѓорге Иванов ( татко на нацијата) онака разгневен ни соопшти дека нас никој не не сака веднаш си помислев ете на, сега станавме и сираци. Ако до вчера како што во една друга пригода и не толку разгневен Иванов ни кажа дека ние како држава и како граѓани сме “заглавени во лифт“ ете сега во рамките на програмата “Остваруваме“ станавме сирачиња. Како и да е Иванов кој ќе остане запаметен по својте “генијални изјави“ почнувајки од онаа “разумен компромис е разумен компромис, па намигнувањето со Обама, па колекција на повелби со кој тој се прогласува за почесен D-r Honoris Causa едно три-четири од Турски универзитети, па од познатиот Ломоносов, па Универзитет од Кина и така натаму. Нејсе, човеков за кој ДУИ еднаш рече дека не е лош човек ама ништо добро не направил за државата богами се ете сега не просфетли дека никој не не сака Е сега ми стана појасно зошто Британскиот престолонаследник принцот Чарлс неделава ја започна својата Балканска турнеа. Прво го посети Загреб, потоа Белград па Подгорица и на крајот Косово ете нас не заобиколи. И сега се поставува прашањето зошто никој не не сака. Дали станува збор за некаква библиска клетва од времето, (според Иванов) кога Апостол Павле го посетил Паљурци!? Не, почитувани пријатели. Во сето ова нема ништо миситчно нема ништо библиско. Станува збор за една целосно отуѓена политичка елита која за да ги зачува своите привилегирани позиции и лукративни интереси дома воспостави скоро целосна партиска контрола врз сите институции и наместо владеење на правото и функционирање на правната држава е воведен еден авторитарен режим. Но во името на вистината ние никогаш во овие 25 години не сме имале демократска влада владеење на правото и функционирање на институциите, ама ова сега е навистина доведено до точка која пред се (колку да тоа звучи чудно) нарушува некои глобални процеси па ако сакате и итереси пред се на Вашингтон ама и на Брисел. Во суштина ние станавме тотално шизофрено општество во кое ако не се направи радикален рез може да предизвика сериозно проблеми не само во регионот туку и пошироко. Е тоа странците не можат да го дозволат. Токму затоа странците ( Вашингтон и Брисел) кои дефинитивно сватија дека сегашните политички елити нема да можат да ја одржат таа стабилност а со тоа и остварување на нивните интереси тргнаа во една операција која има за цел барем засега преку колку толку легални и легитимни методи да ја замени сегашната политичка елита поточно водството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски. Слично мислам се однесува и за водството на ДУИ. За жал како што реков ние сме шизофрено општетство па затоа ни се случува она што деновиве го направи Уставниот суд Имено Законот кој во 2009 година го донесе ВМРО-ДПМНЕ се ограничија можностите на претседателот на државата да врши помилување или целосно ослободување на лица осумничени или правосилно осудени за најтешки кривични дела, меѓу кои и за изборни измами корупција ама и за педофилија, трговија со дрога па се до кривични дела против човештвото. Сега на иницијатива на еден адвокат Уставниот суд што би се рекло преку ноќ членот од овој закон кои се однесуваше на горе споменатите кривични дела го укина како противуставен. Со ова сега претседателот Иванов ќе може да ги помилува лицата осудени или осумничени за споменатите кривични дела. Се поставува прашањето зошто Груевски го направи сето ова. Груевски барем пред јавноста сега се вади дека тој сеуште стои на истите ставови како и во 2009 година кога како премиер го предложил овој закон кој ете по 7 години Уставниот утврди дека споменатиот член е неуставен и тоа со прегласување од еден глас повеќе и зад затворени врати, односно без јавност. Со ова не само што се потврди партизираноста на судот туку и фактот дека оние 5 судии кои гласале за ова немаат ниту трошка личен интегритет ниту како луѓе а уште помалку како судии. Во исто време од ДИК “процури“ дека кај околу 500 илјади гласачи треба да се направи теренска проверка а од овој број околу 150 илјади ги нема во ниедна база на податоците!?? Односно околу пола милион гласачи се најблаго решени суомнителни. Какви беа реакциите на меѓународната заедница не треба да споменувам Мислам дека после ова изборите закажани за 5 јуни многу тешко ќе можат да се одржат ако навистина треба да се прави теренска проверка на толку голем број на сомнителни гласачи.

Повеќе

ИЗВИНИТЕ НИСАМ ОДАВДЕ

 За неговите “успеси“ во здравството можат денеска не многу вешти сценаристи и режисери да снимаат на пример хорор филмови, а место за снимање може да биде “Клиничкиот центар“ во Тетово па болницата во Велес, Струмица, Гевгелија Битола и така натаму. Односно каде што умираат и родилки и бебиња каде што нема греење нема лекарства

Богами мојот “омилен министер“ за Здравство Тодорв познат во својата партија и како Нино некако вака ми прозвучи откако неколку медиумми го објави писмото или подобро речено интернето упатсво од Фондот за здравство до клиниките да не одбруваат лечење во странство на пациеннтто оболени од сколиоза( искривување на рбетот). Причина за ваквото упатство е да се тактизира до отварањето на таков центар кај нас. А резултат на ова директива беше смрта на малата Тамара. Имено беше за очекување министерот Тодоров да се “вади“ дека тој дури сега од медиумите дознал за вакво писмо односно интерна директива. Другите одговорни директно или индиректно за смрта на малата Тамара едноставно не даддоа никва изјава или објаснување за ова. Ајде да ве прашам дали верувате дека Тодоров навистина незнаел за ваквото “упатство“ од Фондот до клиниките односно дали ова тактизирање не е дел од проектот “Остваруваме“, а цената за ова е животот на малата Тамара. Еве да ве потсетам станува збор за Министер кој бркаше лебарки (буба шваби) по болниците, кои правеше ноќни контроли по болниците да види дали дежурните лекари случајно не спијат или пак дали не запалиле цигара во нивната соба. Повеќе

ДАЛИ СО ДОАЃАЊЕТО НА ХОЈТ ЛИ РАБОТИТЕ НИ СТАНАА ПОЈАСНИ?

Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус

Секако посетата на високито дипломат од амеркинаскиот Стејт департмен Хојт Ји треба да се гледа и анализира исклучиво во спроведувањето на договорот од Пржино и тоа посебно на три сегменти. Прво целосно функционирање на Специјалното Јавно Обвнителство што значи без оние типични балкански фолклорни обструкции. Токму затоа и Зврлевски имааше “чест“ да се сретне и да разговара со господин Хојт Ји а многу јасно во својата изјава американскиот дипломат застана зад работата на СЈО и Катица Јанева. Патем да потсетам дека овој господин е помошник на позната госпоѓа Нулан која минатата година добро ги притисна нашиве четворица лидери околу Договорот од Пржино. Тоа е таа госпоѓа која ако се сеќавата во еден телефонски разговор (патем никој не спомена нелегално снимање лепење и креирање) за време на кризата во Украина Европската Уника ја отера во “мајчина“. А тоа значи дека и нејзините соработници меѓу кои е и гоподин Ји се исто како госпоѓа Нулан остри и работите не ги решават со некакви меки дипломатски методи. Но да се вратиме на неговата посета кај нас. Втор значаен акцент е Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус Понатаму Ји многу јасно ја потенцираше улогата на ДИК и пречистувањето на Избирачкиот список како услов за фер демократски и кредибилни избори. И уште нешто Хојт Ји мноу јасно ја спомена реформата во медиумите иако Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека ова е затворено прашање. А дека медиумите се предмет на преговори е фактот дека во Скопје повторно се врати “туристот“ Ванхауте и неговите мачки кои веднаш почнаа редовно твитаат. Што со други зборови може да се свати дека ЕУ ама и Вашингтон застанале зад Ванхауте и неговите “мачки“.

Повеќе

pendarov2000@yahoo.com