МАЧКИЕ НА ВАНХАУТЕ

Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус

И така во вторникот (23) на черек ( 15 минути) до полноќ беше донесена одлука со која изборите се пролонгираат на 5 јуни а со тоа и распуштањето на парламентотда се помести на 7 април. Целата оваа “политчко правна операција“ на која можеме слободно да ја именуваме “Мачките на Ванхауте“ се одвиваше строго според нашие балкански фолклорнополитикански обичаји. Барање за пролонгирање на изборите (оправдано поради неисполнување на договорот од Пржино) бараше СДСМ. Странците до последен момент “жилавеа“ со објавувањето на извештајот дали се исполнети условите од договорот од Пржино за фер демократски и кредибилни избори. ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ црвсти како “гранитна карпа“ не сакаа да слушнат за било каково одлагање на изборите. И во една ваква “балканска напната“ атмосфера олеснувачот Ванхауте со својте мачки секој ден ни “твиташе“ и колку толку ја развеселуваше домашната јавност, барем нас кои ајде условно да речам спаѓаме во групата на сеирџии. Но бидејки ние живееме помеѓу две парадигми ( демократија или стабилност) со тоа што за странците е битна само стабилноста па така демократијата одамна е ставена на слеп колосек, меѓунардоните фактрои кога оценија дека токму стабилноста може да биде загрозена ( бојкот на избори и можности за внатрешни немири плус состојбите во регионот, бегалската криза) работите се сменија за неполни 36 часа. Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус на сите четири партии!??!?!?! Повеќе

ДВОГЛАВИОТ ОРЕЛ

Градскиот татко Коце кој патем знае се за палми, ете бил изненаден како и кој одобрил да се поставува ова спомен обележје и сега за ова бара документи демек градежната и уште незнам каква инспекција ќе го рушела. Аман ова го видовем на пример кога ете исто така без да се знае беше поставен споменикот на Цар Душан. Па потоа некои “мажишта“ од ДУИ, патем имаше и една елегантна дама меѓу нив демек се обидуваа да го срушат 

Во мај 1968 година во Скопје се одржува изборна конференција на Сојузот на Студентите на Југославија. Е па сега многу ќе прашате што има тоа врска со насловот. Е па има пленарната седница верувале или не се води на пет јазици Словенечки, Српско-хрватски односно Хрватскосрпски и Македонски јазик како службени јазици на некогашната ни држава и на Унгарски и Албански јазик како равноправни јазици. ( Ако мене не ми верувате проверете во секоја библиотека ги има изданијата на Нова Македонија од тој период) Незнам дали се сеќавате дека додека живеевме во заедничка држава на пример на секој државен празник во СР Македонија се истакнуваа пет знамиња и тоа Југословенско државно, Mакедонскотo државно потоа партиското змаме на СК, и знаминјата на Албанската етничка заедница и на Турската. Зошто оваа далечна рероспектива. Од проста причина бидејки јас односно мојата генерација сепак изразнавме во една мултикултурна општествена заедница и држава и не ни сметаше албанското знаме јазик или култура. Не ни сметаше дека според уставот од 1974 година во општините каде што живее минимум дваесет проценти од другите етнички заедници нивниот јазик беше целосно рамноправен па така на седница на опшптина Тетово на пример со закон беше дозволено да се зборува на Албански јазик. И дојдовме до осамостојувањето и првиот наш Устав во кој најблаго речено беа стеснати правата на наште албански сограѓани. Одговрни за оваа политичка глупост ајде еднаш отворено да си признаеме бевме ние Македонците како мнозински народ бидејки еднаш стекнати права неможат само со гола мајоризација да се “стеснуваат“ . Како понатаму се развиваа меѓуетничките односи нема да потсетувам. Сега го имаме Рамковниот (Охридски) договор тука се уставмите амандмани кои произлегуваат од него и секако соодветни закони. Повеќе

ДАЛИ БЕВМЕ СВЕДОЦИ НА НОВИНАРСКОТО ДНО??

од каде на „Ало началниче“ транскрипти од телефонските разговори и смс пораки. Или станува збор за нелегално прислушување или станува збор за таканаречените ПИМ мерки кои ете по втор пат на „телевизијата која прва дознава“ ги објавува со што овие ПИМ мерки веќе не можат да се користат во судскиот процес.

После она што се случи во средата да сум јас на местото на газдата на Сител фигуративно речено на клоци би го избркал одговорниот уредник Латас познат и како „Ало началниче“. Да сме ние барем малку правна држава сега „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ односно некогашниот Совет за радио дифузија која на седница го осудила цитирам „непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ-Латас при гостувањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев, во вестите на оваа телевизија во среда вечер.“ Тамам ама за кршење на сите можни професионални стандарди плус јазик на етничка омраза и стереотипи „лажеш како Турчин“ Агенцијата освен ова соопштение нема да преземе ништо друго ниту против „Ало началниче“ ниту против телевизијата Сител Во секоја правна држава веќе денеска Јавниотобвинител од она Јавно обвинителство кое што би рекол Зврлевски е вистинско според Уставот би отпочнал предистражна постапка прво за изјавата „лажеш како Турчин“ што е јазик на омраза а богами некој да објасни од каде на господинот „Ало началниче“ податоци колку пати Заев разговарал со Чауш (аферата со фалсификат на лични карти) со неговата сопруга и така натаму. Еве ајде да прифатиме дека има докази за вклученоста на Заев во оваа афера ама од каде на „Ало началниче“ транскрипти од телефонските разговори и смс пораки. Или станува збор за нелегално прислушување или станува збор за таканаречените ПИМ мерки кои ете по втор пат на „телевизијата која прва дознава“ ги објавува со што овие ПИМ мерки веќе не можат да се користат во судскиот процес. Сетете се на видеото Заев – Груевски снимено како ПИМ мерка во премиерскиот кабинет. Повеќе

Македонија како драмолетка

Да не се странциве главните владини актери можеби ќе донесеа и одлука за притвор на Катица и на целиот нејзин тим со образложение дека кривичното дело може да се повтори

Нашата политикантска драмолетка продолжува на сцената наречена Западен Балкан. Формално денеска ја нарекуваат политичка криза, односно драматуршки би се рекло се одвива чинот „Договор од Пржино“, негова имплементација. За мене тоа е само уште една бизарна фарса. Во суштина таа драмолетка, политичка криза или ако саката фарса, ни се влече од самото осамостојување. А резултатот е само тонење. Уште на самиот почеток на независноста тогашниот француски премиер Пјер Мороа в лице ни плесна дека „секое племе не треба да има држава“.

Во нашата драмолетка се сменија дузина главни „ликови“, кои секогаш мислеа дека историјата започнува со нив. За сите нив заеднички именител им е дека партијата и државата е едно. Па затоа денеска наместо правна држава имаме партизирана држава. Вториот именител кој, исто така, е заеднички за сите главни ликови е лукративниот интерес, како што отворено го кажа еден од тие ликови – кога си во врвот на власта, имаш многу бенефити! Наместо да одиме напред, ние во 21 век своите етнички корени ги „откривме“ во антиката на чело со Аце. Во архитектурата стигнавме во барокот. Сега во внатрешното уредување, посебно во мебелот, се појави срамежливо рококо ама не помина, демек не му се допаѓало на народот.

Повеќе

pendarov2000@yahoo.com