Ѓаволска работа

Според досегашниот тек на преговорите околу Пржино, опозицијата речиси по правило останува со „кратки ракави“. Власта е онаква каква што е сите овие десет години, но опозицијата е недорасната, да не речам неспособна
И ете „злогласната“ „Фридом хаус“ го објави најновиот извештај за состојбата со демократијата во светот и состојбата со човековите права сфатено во најширока смисла на зборот. Во извештајот на оваа „злогласна“ меѓународна организација (злогласна ја прогласија медиумите и новинарите кои кај нас се самоименуваат како патриотски) вообичаено има и дел за Македонија, во кој се вели дека ние продолжуваме со надолен тренд кога станува збор за демократијата и човековите права. Дури јасно е запишано дека во нашиот регион (Западен Балкан) Македонија бележи најголем пад кога станува збор за демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и така натаму. Со други зборови, имаме нефункционална држава и државни институции. Па така и понатаму остануваме во групата на таканаречени „делумно слободни“ (Partly Free) држави.

Повеќе

Фарса

Речиси сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и овој пат ќе покаже дека „над се’ и’ е државата“, па ќе попушти и ќе прифати некој друг датум, можеби 5 јуни

Тоа што неделава ни се случува дома, од активирањето на оставката на Груевски, преку изборот на новата (привремена или техничка) Влада со нов премиер, па се’ до изгласаната одлука за самораспуштање на Собранието со одложено стапување во сила на 24 февруари, како и однесувањето на опозицијата, само уште еднаш ја потврдува мојата одамна јавно изречена теза дека ние спаѓаме во групата на таканаречени неисториски народи. Односно, народи кои создаваат дури и премногу историја, но за жал, таа историја ниту можат да ја консумираат, а што е најстрашно, ниту учат од неа.

Повеќе

24 Анализа 15.01.2016

Тема: „Пржинскиот договор и дали ќе има избори“.

Гости: Сафет Бишевац, Столе Наумов и Тодор Пендаров.

Да живее дискриминацијата

Една од најголемите бламажи за нас како држава и општество во последно време е изборот на д-р Тони Науновски за член на Комисијата за заштита од дискриминација

Денеска, 15 јануари, би требало многу работи во државава да се разјаснат. Од оставката на премиерот Груевски, а со доаѓањето на Хан, можеби дефинитивно ќе знаеме кога ќе бидат идните предвремени избори. Лично не верувам дека СДСМ ќе прифати да имaме избори на 24 април.
Но неделава ни се случи, барем според мене, една од најголемите бламажи како држава и општество – тоа е изборот на д-р Тони Науновски за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Да одиме по ред, па прво да го погледнеме неговото CV онака како што е приложено во официјалните документи кои можете да ги видите на веб-страницата на Собранието. Оваа личност, која од собраниската говорница беше квалификувана дека е фашист, е професор на Универзитетот МИТ во Скопје. Во својот курикулум наведува 24 научни трудови од кои, верувале или не, 18 се предговори или поговори за одредени изданија.

За да бидам појасен, ќе наведам две: за „Етиката на Спиноза“, издадена од издавачката куќа „Ѓурѓа“ во 2010 година, напишал предговор; за истата издавачка куќа за книгата на Часлав Милош „Заробен ум“, нашиов д-р напишал поговор. И ете така, има цел куп, демек, научни трудови. Во другите „научни трудови“, се појавува како коавтор, а нема да верувате – неговиот последен научен труд, наведен во курикулумот под број 24, се’ уште е во печат. Да не грешам душа, за некои списанија со веб-адреса www.fazan, потоа „Акт“ и „Книжевно житие“ објавил нешто што на интернет не се наоѓа или можеби јас не знам како да ги најдам овие негови „научни трудови“. Како кај нас се станува доктор на науки и како се станува професор на универзитет е друго прашање. Нека му мислат оние што зборуваат за Шангајската листа. Повеќе

Со старите проблеми во 2016 година

Во новата година влеговме не само, што би рекла немилосрдната статистика, сиромашни, туку ги внесовме и проблемите – политичката криза од минатата година
И така ја дочекавме Новата 2016 година. Иако старата 2015 ќе остане запаметена како година на турбуленции и со многу сериозна политичка криза, премиерот Груевски во својата новогодишна порака ја оцени како многу успешна, пред сè на економски план, но и во другите сегменти од општеството. Инаку, неговата порака (која многу повеќе личеше на нешто помеѓу отчет и предизборен говор) телевизиите ја свртеа, ајде да бидам малициозен, едно 365 пати. Најави цел куп нови инвестиции, ќе имаме ова, ќе направиме ова и сè така до последниот селски водовод и спортска сала плус „џабе вожња“ за студентите (пензионерите веќе тоа го имаат). Оваа година неговата порака беше долга 28 минути додека ланската беше речиси еден час. Претседателот инспирација за својата новогодишна порака изгледа нашол во Библијата. Можеби сè уште е под импресии од неодамнешната работна посета на Ватикан. Имено, тој изрази надеж „дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни“. Не заборави да нè потсети дека христијански е „да си простуваме и да се почитуваме, а во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина“. Чиста метафизика, би рекле политиколозите. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com