Догледање во наследниот некролог

Насловот малку прилагоден е од документарниот филм „Видимо се у читуљи“ на Б 92 снимен во дeведестите година на минатиот век посветен на белградското подземје посебно на познатиот Земунски клан. На филмот ме потсетија оние морони и морнки кои ги објавија некролозите Повеќе

Не гледај ме мене…

…Намерно ме де концентрираш, ќе гледам во таван“ ова е дел од препукувањето помеѓу двете госпоѓи (Дума и Бонева) членови на ДИК не седницата на која се расправаше па приговорите од Беса и СДСМ. Самата седница помина типично за нашата политичка (не)култура Повеќе

TO BE OR NOT TO BE

Оваа позната реченица од монологот на Хамлет за жал ја (зло)употребуваме и кога треба и кога не треба. Сепак мислам дека добро ја отсликува атмосферата во која се одвиваше целокупната предизборна кампања. Повеќе

ILERI

 

За оние кои не разбираат што значи насловот да преведам, на турски Ileri, значи ЈУРИШ. И богами до идниот петок кога на полноќ завршува предизборната кампања политичките партии ќе јуришаат нонстоп на нас гласачите. Притоа како во секој јуриш па така и во овој наш предизборен ќе се користи сето расположливо оружје. Ама во нашава политичка фолклорна култура веќе проверени се два вида на политичко оружје. Прво, максимално да го оцрниш политичкиот противник во кој гледаш класичен непријател кои треба да се уништи. Притоа не се почитува ниту една морална и етичка категорија и вредности. Актуелната власт која себе се прогласи за заштитник на македонштината и најголеми патриоти сега го напаѓаат Заев и актуелното водство на СДСМ како предавници кои само за да дојдат на власт се подготвени државата да ја федерализираат“ Албанскиот да го направат втор службен јазик на целата територија, а од тука па до распарчување на државата и уништување на македонскиот национален идентитет е само мал чекор. Во истовреме патриотите многу вешто го користат и другото политичко оружје кое и те како пали кај нас. А тоа се ветувањата дека од 12 декември ќе живееме подобро. Само неколку од тие ветувања, а не кои ги дава хазајинот (газдата) Груевски туку мојот омилем министер“ Никола (Нино) Тодоров Замислите Нино во својот нескротлив темперамент на откривањето на Перпетум мобиле а во суштина произведува само огромна ентропија или речено едноставно за што се фати сѐ се исуши ама за жал притоа отидоа и многу животи, замислите ветува во наредните 4 години 70 илјади нови работни места, ветува над 30 милиони евра инвестиции во најразлична опрема за здравството, автопатишта и регионални патни правци, спортски сали и уште не знам што ама пред секое ветување има едно големо “ЌЕ“. Нејсе од другата страна исто и СДСМ е во фаза на еден масивен ILERI односно јуриш по гласови. И пак иста реторика односно иста оружје и муниција. Груевски и фамилијата се криминалци обвинува Заев (каде е тука почитувањето на презумцијата на невиност) а во истовреме и пресудува дека тој ќе го конфискува имотот на Груевски и фамилијата и ќе ги врати парите на народот додека Груевски и фамилијата ќе завршат во затвор. Значи политичкиот опонент е непријател кои еве уште сега во кампањата треба да се елиминира и уништи. И нормално во истовреме  се нуди се и сешто од 30 илјади просечна плата минимална околу 16 илјади реформи во сите сфери со други зборови мед и млеко. И повторно луѓето како да се овци се шетаат од митинг на митинг, туку во предност е владејачката партија иако се има впечаток дека овој пат како да има помалку избирачи кои прифаќаат да ги шетаат од митинг на митинг. Во суштина од сето ова што го гледаме е јасно дека политичките елити, на една страна фамилијата на друга страна Заев-Шекеринска со другарите многу им е јасно дека влогот на овие избори е  нивната кожа“ па затоа се оди што би се рекло на нож. Понатаму јасно се гледа дека во партиите ја нема онаа критична маса која ќе може нешто да смени. На пример без разлика која партија ќе победи (во моментов субјективно давам одредена мала предност на ВМРО-ДПМНЕ) нема да се најде јунак кој на Груевски би му рекол не ти не можеш да бидеш премиер бидејќи во времето додека ти беше претседател на Владата во МВР некој (еве нека биде тоа и СДСМ преку свои инсталации) со години прислушувал незаконски над пет илјади граѓани. Од друга страна ако победи СДСМ на чело со двоецот Заев – Шекеринска не верувам дека и таму ќе се најде јунак и потребната критична маса која на Заев ќе му речат дека тој со веќе една аболиција а богами и со неколку најблаго речени чудни изјави не може да биде идниот премиер. За жал ниту кај нас како граѓани односно како електорат ја немаа таа критична маса која на 11 со својот глас едноставно ќе ја промени сегашната слика во парламентот каде што владеат веќе две децении “големата четворка“ кои  со своите актуелни четворица јавачи на апокалипсата дефинитивно не водат на историскиот отпад и заборав. Инаку скоро со сигурност до крајот на изборната кампања нема да видиме класични ТВ дуели или дебати посебно на кој би настапиле лидерите. Ама не знам зошто сега посебно оние самопрогласени патриотски медиуми како и некој невладини организации, врескаат нема дебати тоа не е демократски и уште не знам што. Ало мајстори политички дебати меѓу власта и опозицијата, треба да име за време на целиот мандатен период а не само за време на предизборната кампања. Како и да е резултатот од изборите веќе се знаат. Не знам по кој пат ние збунетите граѓани“ повторно ќе доживееме лудите  политички елити да не “онакват“. Имено на сите би требало да им биде јасно дека политичката криза во државата не се решава со изборите. И токму ова прашање, што по 11 декември е актуелно пред се кај присутната меѓународна заедница кај нас. Освен секако за нашиот павлиха (словенечки израз за дворски шут) претседател кој мудро ќе заклучи дека и на 12 декември сонцето пак ќе изгрее и земјата ќе продолжи да се врти…Ама сепак се плашам ние ќе останеме во општествениот мрак во кои веќе лутаме скоро 25 години.

Тодор Пендаров

Дали ја застрелавме птицата шегобијка?

Почитувани, насловот на оваа колумна е можеби лош плагијат на насловот на колумната на почитуваниот Арсим Зеколи објавена на 21 овој месец во Утрински. Но мислам дека одговара и на нашата реалност која ете ја доживуваме со почетокот на изборната кампања. Повеќе

Предвремени избори – завршна слика

 

И така нашата „драмолетка“ која трае веќе 25 години ја започна, да се надеваме, последната слика од чинот кој се вика предвремени избори а кој во суштина започна во 2014 година веднаш по парламентарните избори кога опозицијата не влезе во парламентот. Повеќе

Ем “копиљ“ ем “копук“

 

У Дебар маало кога јас бев сѐ уште “копиљ“ како што најчесто ни се обраќаа постарите (копиљ си до крајот на основно) ако нешто направев спротивно на маалскиот кодекс или одбиеш да тркнеш до трафика и да купиш цигари на парче за постарите се знаеше казната. Постарите (тоа беа оние од 16 години па нагоре) кои многу ефикасно го спроведуваа процесот на социјализација (воспитување) ќе ти опнеа две три чврги, ако гревот беше поголем добиваш и клоца у г’з и ќе ти речеа „мрш бе дома и да не те видиме барем два дена“. Фактички ова последното беше најтешка казна бидејќи нема играње на улица седиш дома, тогаш немаше компјутер и интернет, телевизија црно бела и тоа со еден канал и толку. И сега зошто овој “увод“ од пред педесетина години. Е па за ова што го направи Диме Спасов кој ете стана и министер, па со службена кола прави сообраќајки, и како од американските акциски филмови бега по населбата Карпош па кога ќе го види дека ќе го фатат ја остава придружничката и бега и се крие пред „цајканите“, луѓето од мојата генерација би рекле. Абе што те чуди од еден “копиљ“ кој во спротивно на сите норми од оние уличарски или маалски од мое време, па се до денешните современи стандарди на политичката култура догура до министерска фотелја. Ама тука не завршува сторијата. Наместо главниот од маалото, пардон во партијата, поточно во „фамилијата“ односно хазајинот (газда) да го собере и (фигуративно) да го направи “бумбар“ а потоа да му рече марш ти веќе не можеш да бидеш ниту портир во министерство, сега некои медиуми одеднаш најдоа оправдување за ваквото однесување на “копиљот“ министер. Имено Диме Спасов бегал од “клети Арнаути“ кој го бркале. Замислете го тоа истражувачко новинарство веднаш ги истражија и ги дознаа имињата на  “клетите Арнаути“. Дури најдоа и колку кривични пријави односно кривични дела имаат направено. Арно ама Диме Спасов на крајот избега фактички од полицајците кои го запреа оставајќи ја својата придружничка на “милост и немилост“ на полицајците од кои демек се уплашил. Абе пак да се вратам на мојот маалски речник и Дебармалски вредносен систем. Ај што е копиљ ама и голем копук бил ова министерчево. Ние во тоа време не бевме баш за еднакви можности што би рекла на пример Лиле, (е де знаете на кого мислам) ама за девојка ќутек ќе изедевме ама никогаш не сме бегале оставајќи ја сама. Како ќе заврши сторијата со Диме Спасов горе долу се знае. Односно историската фарса ни се повторува. Па така видовме како еден министер со службената картичка купува Сваровски гердани за своите колешки министерки па никому ништо. Па слушавме како со помош на Сваровски плус платени сеанси во некој салон за убавина се станува судија, па пак никому ништо. Понатаму гледаме како претседател на суд кој според надлежниот орган незаконски доградува уште два спрата од дозволеното, ама полиција и јавен обвинител (од кај Зврлевски) влегуваат во општината и го земаат предметот, па сга надлежната инспекција незнае што да прави. А од друга страна видовме како Катица не може со судски налог да влезе во МВР! Ех вакви и слични “марифетлуци“ пред се од власта ќе се нагледавме до 11 декември. А најновото соопштение од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ односно фамилијата е дека СДСМ нема програма па сега се фаќа за сообраќајка во која материјалната штета не е поголема од 150 евра. Уште да додадете дека лицето БЦ е криво за ова па да биде фарсата тамам. Алооо Шведска министерка си даде оставка затоа што со службена картичка платила такси со кој дошла на работа иако само по два дена ги вратила парите. Алооо Шведска министерка и тоа од овие простори (Босна) сеи даде оставка затоа што ја запрела полиција и во крвта имала алкохол навистина под дозволеното. Си претставувате можност кај нас полицаец на министер да му даде да дува??? Научна фантастика нели. Алооо пред дваесет години словенечкиот министер за одбрана “попи“ кривична пријава дека сам возел без шофер службен автомобил. Алооо мајстори се сеќавате зошто лидерот на ХДЗ Карамарко мораше да се оди. Убеден сум веќе од идната недела Диме Спасов ќе биде само уште еден пример кои ете само ја надополнува нашата фарсистичка историја. Прашањето е само до кога историјата ќе ни се повторува како фарса. А потоа? Е потоа следи голем бууууууууум кој е прв чекор кон историскиот отпад и заборав.

Тодор Пендаров

 

pendarov2000@yahoo.com