Пиесата со наслов Договорот од Пржино

Затоа зарем не е поважно, не само за СДСМ, туку воопшто за почнувањето на процесот на демократизација и враќање на довербата во институциите, да се актуализира прашањето со медиумите а посебно со јавниот трансмисиски ремен на власта со име МРТВ (таков е 24 години)?
Драмолетката од пиесата со работен наслов „Договорот од Пржино“ продолжува. Првата слика од оваа трагикомична пиеса, со изборот на специјалниот јавен обвинител заврши. Сега започна да се одвива пред јавноста втората и третата слика, односно сега режисерите на оваа пиеса (читај, Вашингтон и Брисел) преку своите асистенти (читај, странски експерти олеснувачи и амбасадори) ќе треба да средат две прашања. Првото е формирање на Анкетна комисија во Собранието која, демек, ќе треба да ја утврди политичката одговорност за сегашната состојба. Како што сме сведоци, барем до пишувањето на оваа колумна ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ никако не можат да се договорат за составот на Анкетната комисија, а уште помалку што таа да работи.
Тука некои работи не ми се јасни. Да потсетам, Заев пред да почне со „бомбите“ најави дека Груевски и актуелната влада со „наведната глава“ ќе си заминат, односно веднаш ќе има политичка одговорност. Ама бевме сведоци дека од тоа не се случи ништо, иако „спонтано“ пред Владата повеќе од еден месец имаше протести, односно вистински камп, како што во паркот пред Собранието, исто така „спонтано“ протестираа и кампуваа поддржувачите на Владата. Повеќе

Зборот е збор, а авиончета лета по потпис

Специјалната обвинителката Јанева треба да го започне процесот на владеење на правото и правната држава, да го започне процесот на враќање на довербата кај институциите

„Бигорски е нашето духовно срце на сегашното монаштво во Македонија, кое чука здраво и богумило. Овде има најмногу монаси и најмногу свети мошти, најмногу бденија и најмногу богослуженија, најмногу поклоници и најмногу црквољупци и најпосле: најмногу нахранети луѓе – и духовно и телесно. Затоа, Бигорски треба сега да се прифати и да се прогласи за престолнина на монаштвото во Македонија. „Град што се наоѓа на врв планина“ (Матеј 5,14). Монашки небесен град – Уранополис Македонски.“

Овој цитат е дел од словотото на еден од нашите најпознати теолози д-р Ратомир Грозданоски, одржано на промоцијата на зборникот „Бигорски манастир, 20 години возобновено монаштво“. Настанот се одржа на 11 септември, денот кога се одбележува отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител. На прославата беа поканети нашиот претседател, премиерот, министерката за култура и ред други, но немаше никого. Премиерот секако бил зафатен со своите средби со граѓаните и решавање на нивните проблеми на лице место по телефон. А министерката, ако не се лажам, баш тогаш се „кадросуваше“ со Французите кои ќе снимаат филм кај нас и тоа на обиколницата која секој ден ќе биде затворена по 12 часа. „Претседникот ни“, кој ќе остане запаметен по својата изјава дека на средба со папата го запознал светиот отец со мисијата на апостол Павле во Македонија, секако со посебен осврт на Паљурци (баба ми за ваква изјава ќе речеше – да се крстиш со лева рака) сигурно се подготвувал за своето патување во Црна Гора. А ако ги нема овие наши политички елити и демек големи верници, нема ниту медиуми, односно се сведува само на штури кратки вести. Ама затоа, како што е секогаш, во Бигорски имаше народ. Повеќе

Сведочењето на Богоевски истера неколку мечки

Излегувањето во јавност на сведочењето на Богоевски е вистинска „шлаканица“, пред се’, за Али Ахмети и за ДУИ од страна на „вујко Сем“

Неделава одбележавме „свечено“ со цел куп говоранции 24 години од осамостојувањето на Република Македонија. Во духот на еден класичен соцреализам со свечени академии и долги говори, кои по својата содржина ниту малку не одговараат на одбележувањето на празникот, а многу добро ја отсликуваат нашата балканска политичка култура. Како „дете на социјализмот и едноумието“ мене овие „свечени академии“ ме потсетуваат на оние оловни времиња кои настапија во некогашната држава по бранот на „либерализмот“. Кога не учите од историјата, таа ви се повторува прво како фарса, а потоа како трагедија.
Од долгиот говор на премиерот го запомнив оној дел во кој тој од позиција на својата функција, што кај нас значи пред се’ моќ, остро се пресмета со средношколскиот пленум околу прашањето за екстерното оценување. Премиерот како добар пример на екстерно оценување ја спомена и Франција, додека ставовите на средношколскиот пленум ги оцени како барања за несоодветно оценување на средношколците, а со тоа и создавање на општествени паразити. Повеќе

БАЛКАНСКА КРЧМА

Дали нашето „независно“ судство им направи „мечкина услуга“ на премиерот и неговите соработници или Груевски и најблиските сами си пукале во нога

Дека ние сме тотално дезориентирано општество со крајно апатични членови, со кои политичките елити многу лесно манипулираат, може секојдневно да се види преку медиумите. Во тоа „шампион“ е МРТВ, која би требало да биде јавен сервис, а не алатка за манипулација и дезориентирање на граѓаните. Во суштина, иако звучи чудно, ние како граѓани сме целосно аполитични. Некој ќе рече – а камповите пред Владата и оној во „Жена борец“. Зарем немаше таму луѓе кои со денови протестираа, едни против актуелната влада други во одбрана на истата таа влада. Да токму тие демонстрации ја покажуваат граѓанската аполитичност, со што станавме алатка во манипулациите на политичките елити, без разлика дали се на власт или од опозиција.

Да погледнеме една друга состојба којашто ја покажува апатичноста која е масовно присутна. Неодамна беше објавено дека некои дистрибутери на нафта и нафтените деривати ни продаваат неквалитетно гориво за нашите автомобили. И замислете надлежните институции кои се задолжени да вршат контрола не објавија кои се тие дистрибутери кои ни продаваат лош бензин или дизел. Ама, за жал, ниту медиумите многу не се трудеа да откријат кои се тие што ни продаваат „мешавина“ наместо квалитетно октанско гориво. Ајде што не реагираше ниту еден субјект од државата, од невладиниот сектор, не реагиравме ние како граѓани и потрошувачи. Прво, во секоја колку-толку правна држава надлежните органи не само што ќе објавеа кои се тие дистрибутери, туку ќе поведеа и конкретна постапка против нив, а тоа подразбира и „дебели“ казни, па дури и затвор. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com