ЕНДЕМСКА ДРЖАВА

Кога ги слушав предлозите за продолжување на распустот, помислив на владината реклама за ендемски видови, но кога заменик-министерот изјави дека најсериозно ќе го разгледа предлогот, почнав да разбирам зошто сме ендемска држава

Признавам, насловот го „позајмив“, поточно ја парафразирав една од безбројните владини реклами, а се однесуваше какви ендемски врсти како домаќини се „ориѓаните“ до туристите. А, богами и зошто да не ја позајмам, и така е направена со наши (буџетски пари), што значи е и малку моја.
И ете ти бум. Хотелиерите од Охрид предлагаат почетокот на учебната година да се поместел од 15 септември за да може со тоа да се продолжела туристичката сезона. И сега, ајде, речете дека ова не е „ендемски“ предлог пар екселанс. Дали овие „ендемски туристички работници“, сепак помислиле дека, на пример, просечно македонско семејство со две просечни плати и со две деца од училишна возраст ќе може, на пример, од 1 па до 10 септември да си дозволи „луксуз“ да летува во Охрид и потоа кога ќе се врати да купи сето она што е потребно (од училишни торби, па до работни тетратки и се’ друго што е потребно за почетокот на школската година). Повеќе

ДАЛИ Е МОЖНА НАЕСЕН ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО СЛОВЕНИЈА

Прашањето е дали наесен актуелната владина коалиција на чело со премиерот Јанез Јанша ќе може да издржи

Искрено сакав и на оваа колумна како и на минатите две да и ставам ист наслов (Политичка перверзија) и секако да пишувам за домашни теми, ама уредникот на страната и мој почитуван колега уште минатиот пат пола на шега ми рече… Аман навистина ќе мислам дека живееме во политички перверзно општество. И затоа решив да пишувам за состојбите во Словенија. Иако од денеска во Словенија почнува летниот „политички распуст“ оваа наша некогашна братска република ја очекува многу жешка политичка есен во која можат да се случат многу големи политички промени. Притоа не мислам на престојните претседателски избори (во ноември) кои во Словенија најблаго речено секогаш биле „досадни“ и по се’ изгледа шансите се на страна на актуелниот претседател ДанилоТирк. Прашањето е дали на есен актуелната владина коалиција на чело со премиерот Јанез Јанша ќе може да издржи. Причините се познати, економската криза и задолженоста во еврозоната. Повеќе

ВО ПОЛИТИКАТА НЕМА БЕСПЛАТЕН РУЧЕК

Дури не е ни важно дали формален победник ќе биде СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оствари својата „историска победа“. Цехот ќе го платиме ние обичните граѓани

И така, Законот за лустрација заедно со Комисијата која го „спроведуваше“ законот на чело со незаменливиот претседател заврши таму и каде што почна, во Собранието. Имено во средата на пленарна седница беше изгласан предлогот на Владата со кој се укинува овој закон.

Без лажна скромност, јас бев против овој закон уште од самиот почеток кога почна да се пишува. Исто така без лажна скромност можам да се пофалам дека ако не се лажам не’ има само тројца новинари, или ако сакате бивши новинари, кои имаме „пемпеле“ (потврда по дебармаалски дијалект) од споменатата комисија дека не сме соработувале со службите, односно не сме биле кодоши. И да не заборавам, има уште еден „новинар“ познат како „Ало, началниче“, кој има потврда од веќе бившата министерка за внатрешни работи дека не бил соработник на ниту една странска служба!? Е, верувајте дека овој „Ало, началниче“ е единствена личност во целиот нормален свет кој има ваква потврда, а нашата ни министерка, позната по својот скопски дијалект „Шо праиш“, е единствен министер кој издал вакво „пемпеле“. Повеќе

ПРОТОКОЛ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МУДРЕЦИ

Ако досега работеа 24/7, до јануари Груевски и актуелната влада ќе работат минимум 26/12. Сега владини проекти за отворање нови работни места, училишта, селски чешми и регионални патишта ќе фрчат секој ден

Браво за еврокомесарот Хан, браво за европратениците Вајгл, Ховит и Кукан, браво за госпоѓата Нуланд, која, како што неофицијално се шушка, преку телефон некаде пред полноќ во вторникот се вклучила во преговорите. Се надевам дека ќе дочекам некој „свиркач“ по извесно време да ни овозможи да слушнеме дали и овој пат Нуланд го употребила својот сочен „кочијашки“ речник. Во секој случај, сите овие споменати лица во своите персонални досиеја можат со право да си запишат дека во некоја „вукоебина“, која во меѓународната заедница е заведена како ФИРОМ, успеале да ги седнат на маса локалните племенски, пардон политички лидери и за 12 часа да ја решат кризата која ни се влече речиси година и половина. Со ова странците си обезбедија, барем до крајот на април идната година, да има каква-таква стабилност, не само кај нас туку и во регионот, кој тие од преголема љубов го нарекуваат Западен Балкан. Повеќе

ТУРЦИТЕ СЕ ВИНОВНИ ЗА СЕ

Замислете, некои пишуваат дека поради долгото владеење на Турците ние сме биле вакви какви што сме, со поданички дух и наведната глава. А зошто Грција, Бугарија и Србија уште во 19 век успеаја да станат држави, а ние не мрднавме од Румелија

Во последната колумна напишав дека победник во нашата политичка криза ќе биде „системот“ кој нашите политички елити го поставија, развиваа, а овие актуелниве го донесоа на ниво на совршенство. Систем во кој наместо владеење на правото, принципите на демократијата, човековите права и слободи, слободата на изразувањето и независноста на медиумите, се сведовме на класична партизирана држава. Држава во која институциите функционираат според волјата и интересите на партијата, односно партиската елита. Вака структурирана држава секако се одразува и врз општеството.
Денеска македонското општество е максимално поделено по етничка, но и по некава си „квазиидеологија“, па затоа имаме демек „леви и десни“, „демократи и автократи“ и „патриоти и предавници“. А во суштина имаме тотално деполитизирани граѓани, кои со помош на најгруба маипулација (некогаш тоа убаво се нарекувааше индоктринација) служат само како лажен демократски декор (народот бира и со тоа ја дава довербата кој да ја води државата). Повеќе

ЛОША КОЗМЕТИКА И БАЛКАНСКА ФАРСА

Колку акциони планови има донесено Владата во последниве десет години, колку резолуции има донесено Собранието, а се однесуваат на остварувањето на забелешките кои и сега ги има во извештајот на Прибе

КаКако што во моментов стојат работите кај нас, се’ повеќе наликува на онаа народната за лудиот и збунетиот. Притоа „збунети“ сме ние граѓаните кои речиси дваесет и пет години стоички ги трпиме нашите политички елити. Со тоа што овие сега актуелниве (притоа мислам, пред се’, на власта, но и на опозицијата која активно учествува во сето ова) тоа го донесоа на ниво на некаква политикантска „Кама сутра“.
Само погледнете што се случуваше на последните средби и преговори меѓу лидерите на политичките партии. Прво се договорија дека договореното треба да се почитува, додека на последната средба се договорија дека разговорите мора да продолжат. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com