НА ЗРЕЛА ДЕМОКРАТИЈА НЕ И ТРЕБА БРИСЕЛ

Во Брисел ќе се разговара за враќањето на опозицијата во парламентот, а не (барем не директно) за аферата „Пуч“ и прислушувањето

Ете вака, директно в лице, на „нашите“ (власт и опозиција) им го плесна Елмар Брок кој претседава со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент за време на расправата на тема „Развивање на политичката култура и унапредување на политичкиот дијалог кон одржлива демократија“ наменет за државите од Западен Балкан и Турција. А, барем, според она што можев да го следам во живо преку веб-страницата на Европскиот парламент „нашиве“ (секако, благодарение на состојбите кај нас) беа „ѕвезди“. Сите европратеници учесници во дискусиите имаа единствен став дека опструкцијата на парламентот не е демократија и затоа мора да престане, а опозицијата треба да се врати во парламентот. Односно сите кои имаат мандат треба да учествуваат во работата на парламентот и да си ја преземат одговорноста. Повеќе

ЈАС ТЕБЕ ЦЕНТАР ТИ МЕНЕ КАРПОШ

Дали историскиот проект за независна и слободна Македонија полека во овие 24 години на бесконечна транзиција, со лидери какви што самите ги избираме, се исцрпува и се ближи кон крајот

Ете ова е суштината од аудиоснимката, односно „бомбата“ која беше објавена по „грешка“, а од која се заклучува (секако, ако не е „креирана“) како Црвенковски и Мијалков се обидуваат да направат „дајмиго-натиго“ на последните локални избори.
Навистина не би навлегувал во мотивите како ова „по грешка“ дојде во јавноста, но би сакал да се задржам на некои други аспекти кои многу добро ги отсликуваат карактеристиките и нивото на политичката култура на политичките елити кои две децении владеат со државата и за жал, ни ја кројат судбината и на нас граѓаните. Имено, Црвенковски кога го прави овој алаш-вериш со Мијалков, за општините Центар и Карпош, пред се’, ја покажува својата огромна, но повредена суета. Се сеќавате дека Стевче Јакимовски не го послуша Црвенковски околу бојкотот на локалните избори и сам тргна во изборна трка и затоа Црвенковски се пазари да го продаде дури и на својот најлут непријател. Повеќе

НА СТРАНСКА МРЕАЖА СУМ НЕЗНАМ КОЈ МЕ СЛУША

Комесарот Хан многу децидно изјави дека веќе не е важно кој снимал, туку што покажуваат снимките. Ова ја руши теоријата дека снимањето незаконски го вршела странска служба во соработка со Заев

Точно, кога сме некаде надвор од државата навистина не знаеме кој не’ слуша и дали воопшто некој не’ слуша. Ама кога сме дома, богами, знаеме дека нашиот телефон го прислушуваат. Кој не’ прислушува? Е, тука, барем засега, имаме две „вистини“. Според опозицијата, тоа го правел „шефот“ на ДБК, Мијалков. Според власта, тоа е „масло“ на странска служба, а лидерот на опозицијата, Заев, како соработник на таа служба, еве, веќе втор месец овие „бомби“ ги пука со единствена цел, како што вели самиот тој, „оваа влада да си оди“.
И така, во духот на нашата фолклорна политичка култура, неделава СДСМ и лидерот Заев пукнаа бомба и во преполната Универзална сала, плус многу луѓе надвор кои на големите бимови го следеа овој наш фолклорно-политички спектакл. За содржината на снимките кои беа пуштени нема да зборувам, бидејќи секој што сака може да ги слушне на најразлични портали, веб-страници, фејсбук-профили и така натаму. Повеќе

АЛО МИ СЕ ГУБИШ

Крајно време е водството на ВМРО-ДПМНЕ да ги замоли „спонтано организираните граѓани“ да ги запрат своите патриотски активности, бидејќи сегашната граѓанска поделба може да предизвика многу потешки последици

Паднаа првите колатерални жртви на аферата „Пуч“. Како што е „нормално“ за нашата држава, која така успешно тоне на листата на „Фридом хаус“ и овој пат виновниците или жртвите (во зависност од кој партиски агол гледате) се новинарите, односно слободата на изразување. И, замислете, тоа се случува во медиуми (телевизии) кои својот „кредибилитет“ го градат врз почитување на професионалните стандарди и кои имаат доверба кај јавноста. Браво наши. Во суштина, кај нас слободата на медиумите и професионалните стандарди се обратнопропоционални во однос на парите (пред се’, државни) кои како реклами влегуваат во медиумите. Односно, „со два милиони евра директна (владина) поддршка и јас би направил телевизија“. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com