За неколку дена, коментарите во Бугарија околу победата на Сириза отидоа во дијаметрални насоки. Ако Грција сака да излезе од НАТО, тоа ќе биде добро за Македонија
И ете, ја „преживеавме“ и победата на Сириза. Навистина не се сеќавам кога толку многу простор и време во македонските медиуми сме посветиле на избори во една држава. И тоа не само со извештаи на „нашите“ постојани дописници и на „ексклузивните“ посебни известувачи, туку не’ преплавија со телевизиски и пишувани анализи и коментари што значи победата на Сириза и на нејзиниот лидер, а веќе и премиер Алексис Ципрас. И така од еуфорични коментари од типот „Браво Сириза! Има надежи за Македонија“, во овие неколку дена се стигна и до разочарувања особено околу ставот на новата грчка влада за прашањето со нашето име. Ако Ципрас пред изборите зборуваше дека „ерга омнес“ е и за него црвена линија, односно име со географска одредница е прифатливо, како премиер и во коалиција со ултрадесничарската и националистичка партија Независни Грци на чело со Панос Каменос, кој е и министер за одбрана, сега не прифаќа ниту сложено име во кое ќе стои зборот Македонија. Како што пишуваат грчките медиуми, ова Ципрас го прифатил како предлог на својот коалициски партнер, но затоа очекува целосна поддршка за својата економска програма. Повеќе