Ако утре имаме парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ пак ќе добие најмногу гласови. Но, победата, најблаго кажано, ќе биде многу тесна
Денеска (петок 26 декември) христијаните кои го користат Грегоријанскиот календар го слават вториот ден Божик. Честит нека е. Кај нас сите очекуваат што ќе се случат на денешната седница на Собранието, на која на дневен ред се оставките на 31 пратеник од опозицијата. Бидејќи колумнава е пишувана вчера, ми останува само да шпекулирам како ќе заврши денешната седница. Прашањето е дали пратениците (притоа мислам на сите оние кои не го бојкотираат парламентот) ќе го почитуваат Уставот и ќе ја потврдат предлог-одлуката на надлежната комисија и на овие 31 пратеник ќе им се одземе пратеничкиот мандат. Или ќе победи балканскиот политикански фолклор, а ние ќе продолжиме да се занимаваме со „бомбите на Заев“. Странците ќе „верглаат“ за дијалог и пред се’ на Заев и Шекеринска, ама и на власта, ќе им ги „туткаат пред нос“ ЕУ, НАТО, европски вредности и ред други веќе видени работи. Нашиве (власта и опозицијата) пред странците ќе се колнат токму во тие демократски вредности и стратешки цели НАТО и ЕУ, но нема да испуштат да го обвинуваат политичкиот противник дека е поцрн и од „ѓаолот“, што би рекол народот. Повеќе