МАКЕДОНИЈА И ОСУДАТА НА НАЦИОНАЛИЗМОТ

Зошто Македонија гласаше воздржано во ОН за резолуцијата со која се осудува негирањето на холокаустот и се осудува неонацизмот

На 21 овој месец во Генералното собрание на ОН се одржа гласање за предлог-резолуцијата со која се осудува негирањето на холокаустот или на кој било начин се брани нацизмот и неонацизмот и се пропагираат нацистичките симболи. И нема да верувате – Македонија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, државите членки на ЕУ, се воздржале од гласање додека Украина, Канада и секако големиот „брат“ САД гласале против оваа нацрт-резолуција. Србија ја поддржала резолуцијата. Интересно е дека на ова неделава ме предупреди моја факултетска пријателка од Словенија, која е гневна, како што вели, на слугинскиот однос кој сите ние (се мисли на државите на СФРЈ) го имаме до „големиот брат“ од другата страна на Атлантикот. За ова и во нашите медиуми нема ниту збор, но и во ЕУ медиумите го премолчеа гласањето. Но затоа онаа вистинска демократска јавност крена голема прашина. Во Словенија во весникот „Љубљански дневник“ излезе остра колумна од еден познатиот словенечки политички аналитичар (Томаж Меснак) во која тој ја обвинува словенечката влада дека со воздржувањето од гласањето во суштина се дава подршка на неонацизмот.
Повеќе

ЗАБОРАВЕНА 1968 ГОДИНА

Барањето за оставка на министерот за образование е најлегално и најлегитимно. Целата јавност или некој нејзин сегмент може во секое време да побара оставка на некој министер или на Владата

Gaudeamus igitur,
iuvenes dum sumus;
Post iucundam
iuventutem,
post molestam
senectutem
nos habebit humus.

Кога ги гледав студентските протести искрено ме вратија во мојата младост, но во истовреме кај мене разбудија и чувство на тага бидејќи и овој пат, барем според мене, се покажа дека кај нас се’ уште ја нема онаа критична маса која може да донесе квалитетни промени. Лично им се восхитувам на тие млади луѓе кои учествуваа на протестот и достинствено го изразија својот револт против воведувањето на екстернотo оценување за студентите и тоа два пати во текот на студиите. Но овие протести уште еднаш покажаа дека ние како јавност многу поблиску сме до она што го викаме „сеирџии“ отколку вистинска критична и во истовреме одговорна јавност, пред се’ за својата сегашност и иднина.

Повеќе

ШЕСТ МЕСЕЦИ ПОДОЦНА

Од сите потези на двоецот Заев – Шекеринска од денот на изборите, па до денес се забележува само една константа – како да се зачува лидерска позиција во партијата

И додека во Европа се одбележува 25 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид (повеќе за ова во колумната на колегата Поповски објавена во четвртокот), ние веќе шест месеци се занимаваме со инаетот на СДСМ и нивниот бојкот на Собранието, затоа што не ги признавале резултатите од „криминалните“ парламентарни избори. Во суштина овој инает го води, пред се’, двоецот Заев – Шекеринска зад што се крие нивниот лидерски неуспех. Ако се направи и површна анализа на сите потези на двоецот Заев – Шекеринска од денот на изборите пред шест месеци, па до денеска, се забележува само една константа – како да се зачува лидерска позиција во партијата. Веќе на самиот почеток од бојкотот кога го поставија условот за формирање техничка влада, која ќе има само една задача – да организира нови парламентарни избори – се виде дека целта не е ниту демократија ниту правна држава, туку гола борба за власт. Повеќе

БОЖЕСТВЕНАТА ДИМЕНЗИЈА НА “ДУИНГ БИЗНИС“

Зошто субјект, кој е политички зомби, како СДСМ, предизвикува толку многу интерес во медиумите

Зошто секоја година на почетокот на грејната сезона се појавува проблем со загревањето на училиштата. И зошто секогаш слушаме исти објаснувања – локалната самоуправа ја обвинува Владата, поточно надлежното министество, оттаму вината се враќа на локалната самоуправа. Фајде нема.

Учениците мрзнат, наставниците и директорите молчат и откако родителите ќе почнат да „галамат“ или едноставно да не ги пуштаат децата на училиште, одеднаш ќе се најдат пари за нафта, односно за греење. И така од година во година. Кога сме кај образованието проблемите не се само околу греењето, секој септември слушаме за недостаток на учебници, работни тетратки, па потоа се откриваат катастрофални грешки во учебниците, веќе ја споменав грејната сезона, а се завршува со свидетелствата. Се прашувам дали за две децении не можевме овие прашања де ги средиме, бидејќи овде не станува збор за идеологија, за партиска припадност, етничка или верска, туку за образовен процес.

Повеќе

pendarov2000@yahoo.com