НИЕ НЕ СМЕ ПЛЕМЕ АМБАСАДОРЕ БЕЈЛИ

Верувам дека и апсолвент на политички науки знае дека Бејли не направил гаф. Без разлика на нашата дребност како држава на меѓународната сцена, треба да се реагира на вакви гафови, па дури и од нашиот најголем сојузник

„Би напоменал дека составот на македонското општество е повеќе од Словени и Албанци. Има Турци, Роми и други. Ова е на некој начин микрокосмос за богатството на Балканот и спој на целото население во заедничка иднина“. Ете, ова е изјавата или, ако сакате поточно, одговорот на американскиот дипломат Џес Бејли и идниот амбасадор на САД во Република Македонија дадена на сослушувањето пред надлежниот комитет на Сенатот.
Изјавата (на која со право реагираше нашето МНР) за жал, уште еднаш ја покажа внатрешната поделеност и тоа на сите нивоа и во сите сфери од национални или подобро речено етнички, преку партиски (идеологија и така нема), па се’ до „експертската“ јавност. Нормално, во таа поделеност се вклучија медиумите и оние самонаречени „патриотски“ и нивните опоненти „демократските“, кои иако квантитативно се во многу помал број, се исто толку „грлати“ како „патриотските“. Повеќе

ЗБОГУМ АМБАСАДОРЕ ВОЛЕРС

Кога еден амбасадор ќе даде изјава како онаа на Волерс во секоја нормална држава би бил веднаш повикан кај министерот за надворешни работи на еден не баш многу пријатен разговор

Mандатот на актуелниот амбасадор на САД, Пол Волерс, заврши. Знаеме кој ќе биде новиот амбасадор и се чека само да го помине процесот на сослушување пред соодветните комисии на Сенатот и ете го во Скопје. Во меѓувреме амбасадорот Волерс секако ќе направи таканаречен Farewell прием (Прием на збогување) на кој ќе се собере целокупната македонска „елита“ – од политичка, преку бизнис, до културата, спортот и секако цел куп „сеирџии“ на кои им е битно да бидат видени на вакви приеми.
Овој кариерен дипломат, за разлика од неговиот претходник Филип Рикер, кој сакаше постојано да е пред камера, реално гледано не беше толку често на нашите екрани. Секогаш малку воздржан, да не речам студен, што е одлика на секој војник. А Волерс e морнарички офицер со завршена поморска академија. Но како и сите досегашни амбасадори на САД, едни помалку други повеќе, Волерс ниту малку дипломатски, неколку пати директно се вмеша во внатрешните работи што е во спротивност на сите дипломатски норми и конвенции кои ги уредуваат дипломатските правила. Повеќе

ПОЛТРОНИ ЈА ЗАДУШУВААТ ДРЖАВАТА

Никовски, дефинитивно, сфатил дека е само за една употреба, па сега се обидува да го поврати својот вештачки надуен рејтинг со тоа што ќе го нападне претседателот на Собранието

И така го прославивме 8 Септември онака по наше, транзициски, и со сите наши фолклорни политички манири. Опозицијата (и македонската и албанската), која го бојкотира Собранието, ја бојкотираше и свечената академија која ја организираше државата, поточно Владата, како и другите манифестации кои беа организирани од државата. Со тоа што македонската опозиција си организираше своја прослава сакаа да порачаат дека тие го почитуваат датумот како историски факт, ама не ја почитуваат и признаваат актуелната влада и власт. Браво опозиција, ако воопшто можеме да зборуваме дека во државата имаме опозиција.
Но тука не завршуваат нашите фолклорни политички манири. Повеќе

БИЗАРНИ ДЕНОВИ

Во Берово ќе се отворел факултет за селски туризам, „Македонски шуми“ ќе купувале 1.100 палми, премиерот добива отштета за клевета од лидерот на опозицијата

Браво ние. На листата на глобална конкуренција која ја прави Светскиот економски форум сме скокнале за десет места, сега сме на 63. позиција. Освен Бугарија, која е пред нас, ние сме подобри од сите држави во регионот, вклучувајќи ги Словенија и Хрватска, истакна на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економија, Владимир Пешевски. Добро, ама веќе кога ги спомена овие некогашни ју-републики, а денес членки на ЕУ и НАТО, барем да спомнеше дека во Хрватска просечната плата е 730 евра, да го спомнеше БДП пер капита на овие држави и да направеше компарација со Македонија.
И, секако, ова треба да се искористи. Па, така, по слободните индустриски зони (кои за некоја година ќе ги имаме во секоја општина) министерот за финансии најави и слободни финансиски зони, кои нема да биле како Девствените Острови и други егзотични финансиски дестинации кои служат за перење пари, најново е слободни медицински (или беше здравствени) зони. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com