ЖЕШКА ПОЛИТИЧКА ЕСЕН

По здодевното лето во кое медиумите од демократски мештап не’ удавија со тоа каде летувал Груевски, а патриотиве со успесите (виртуелни) на Владата, многу реално и жестоко (со тупаници) влегуваме во есента

И додека светот се’ уште се бори и стравува од Еболата, ние, поточно мојот „омилен“ и хиперактивен министер за здравство тој проблем го „реши“. Набавени се скафандери за медицинскиот персонал и на аеродромот поставени се демек термички камери!! Во меѓувреме, ни се појави и инфективна жолтица, ама и тоа го реши неуморниот министер за здравство. Добро, со помош на младиот министер за труд и социјална политика. Имено, и двајцата наредија да се изврши дезинфекција на детските градинки, училиштата болниците и така натаму. Министерот за труд и социјална политика удри и еден „шнел курс“ за лична хигиена и миење на раце!! Аман, нели сме 21 век, нели живееме во Европа и сме дел од европската култура и цивилизација и плус антички и сега еден скоро голобрад министер ни зборува за лична хигиена и миење раце. Само да прашам. Ако не беше жолтицата во градинките и училиштата немаше да имам дезинфекција и дератизација??? Патем, на пример во Словенија минимум два пати во годината се прави дезинфекција и дератизација на градинките, училиштата, станбените објекти и така натаму. Повеќе

ТРИНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОДОЦНА

Политичките елити кои различно го читаат Рамковниот, во суштина го користат многу идентично – како да се манипулира со своето етничко избирачко тело и да се освои и зачува власта

Верувам дека почитуваните читатели без многу размислувања сфатија дека насловот се однесува на годишнината од Рамковниот (Охридскиот) договор. Некој ќе рече дека насловот е некаков патетичен драматуршки обид. Донекаде точно, иако јас лично повеќе сакам да го читам како фарса. И ете, дојдовме до таа фарса која барем според мене најдобро ја дефинира Муса Џафери, вицепремиер задолжен за Рамковниот договор. Според него, овој документ, кој е преточен во Уставот и во редица закони денеска сепак го читаме различно. Македонците на еден начин, Албанците на друг.
Замислете, цели тринасет години од кои единаесет години ДУИ е во власта (еден мандат со СДСМ, а од 2008 со ВМРО-ДПМНЕ) политичките елити кои не’ водат или водеа, се’ уште не успеале да го прочитаат и разберат Рамковниот, ако не буквално исто, барем суштински еднакво. Повеќе

КРАВА ЗА МОЛЗЕЊЕ

Државата, која нема вистински решенија за економските проблеми и за невработеноста, работите и компензира со субвенции од секаков вид

Еве, туристичката сезона е влезена во финиш ама годинава не видовме како лани, вицепремиерот за економија, ама и други министри на аеродромите во Скопје и Охрид со каранфили да чекаат странски туристи. Нема ниту егзотични странски инвеститори кои сакаат Охридското крајбрежје да го направат нешто меѓу Монте Карло и Дубаи, плус голф игралишта на кои ќе се одржуваат светски голф турнири секако со Тајгер Вудс и другите светски игачи. А помеѓу еден и друг турнир ќе доаѓаат шеици, гнили милионери и друга белосветска елита, малку да се капат во езерото, малку да играат голф, а вечерите, се знае, во казино, рулет, блек џек, отворен или затворен покер и така натаму. Повеќе

КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ

Кога се изместени сите професионални, па дури и морални принципи, критериуми и вредности, тогаш навистина лесно е да се манипулира со јавноста

Во новинарскиот фела, барем онаа на мојата генерација (фосили), летните месеци ги нарекувавме време на „кисели краставички“ затоа што политичките и државните активности беа сведени на минимум, па затоа и’ „продававме“ на јавноста бајати работи. Од интернетот немаше ниту „и“, а наместо процеси на глобализација имаше мултиполарен свет: Исток (СССР како симбол на комунизмот и неслободата), Запад (САД како стожер на тој „слободен свет“) и неврзаните, каде поранешна Југославија беше главна.
Но, светот се врти и оди напред. Денеска имаме интернет, па така од дома, од канцеларија или од кафеана можеме да комуницираме со целиот свет. Формално се урнаа идеолошките разлики, неврзаните како движење ги има само на хартија Југославија ја нема ниту на хартија, ама затоа има FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia), a тоа сме ние, Република Македонија. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com