HISTORIA EST MAGISTRA VITAE

Дали некој слушнал или прочитал министер за финансии да се „фали“ со тоа што ја задолжил државата за 500 милиони евра

Замислете да може од историјата да се живее или да се продава или да се мачка на леб…! Е тогаш ние овде би живееле, како што вели народот „како бубрег во лој“, а Македонија би била Швајцарија на Балканите. Ние овде секојдневно произведуваме „историја“ и тоа толку многу што таа и да се мачка на леб нема да можеме да ја изедеме. Еве, на пример, според министерот за финансии Ставрески ние деновиве се задолживме за околу 500 милиони евра и тоа со „историски“ ниска камата. Се прашувам дали некој слушнал или прочитал министер за финансии да се „фали“ со тоа што ја задолжил државата за 500 милиони евра. Замислете и тоа станува збор за држава која по сите економски критериуми е на ниво на неразвиена и најсиромашна европска држава држава. Тоа го нема никаде освен кај нас. И ајде сега речете дека ова не заслужува да влезе во историјата. Но, за мене пострашно е што овие 500 милиони нов долг се влезени во иднината на нашите деца, внуци кои ќе ги плаќаат овие „историски достигнувања“. Повеќе

СЛОВЕНИЈА СЕ ВРАЌА НА БАЛКАНОТ (втор дел)

Партијата на Јанез Јанша загуби на неделните избори и веднаш ги оцени како недемократски и нечесни. Јанша од затвор внесува конфузија на политичката сцена

Како што пред две недели во колумната со ист наслов најавив (повикувајќи се на предизборните истражувања) дека победник на минатонеделните предвремени парламентарни избори во Словенија ќе биде Миро Церар и неговата партија СМЦ (Странка Мира Церарја), која беше формирана само еден месец пред изборите. Со освоени 36 пратенички места во законодавниот дом на словенечкиот парламент, кој брои 90 пратеници, Миро Церар постигна најдобар резултат од која било партија во сите досегашни избори. Миро Церар е врвен професор на Правниот факултет во Љубљана и експерт по уставно право, познат колумнист и публицист, но во политиката е без искуство. Факти кои најблаго речено дејствуваат збунувачки за политичките аналитичари. Повеќе

ЈАС (ЈУГО)НОСТАЛГИЧАР

Не треба да му се лутиме на Самарас, на Бугарите или на Србите, треба да се лутиме на самите себеси, бидејќи не научивме што е тоа државотворност

Одговор на текстот на Љупчо Георгиевски од 4.7.2014 „Зошто заедничка прослава“?

Ставовите на господин Љупчо Георгиевски со кои се обидува „научно“ и „политички“ да докаже дека јас грешам, односно дека ние треба Илинденското востание да го славиме заедно со Бугарите не ме изненадија бидејќи не се нови. Господинот Георгиевски по ова прашање секогаш бил „коегзистентен“. Георгиевски вели дека главните организатори на Илинденското востание, Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, биле учители на Бугарската егзархија и од таму добивале плата. Точно, сите еден дел од својот живот биле учители, ама Егзархијата не е држава туку црковна институција. Делчев бил унијат, како што биле 100 илјади Македонци во југозападна Македонија, па затоа не верувам дека нешто многу му значел бугарскиот егзарх. Повеќе

СЕ ВРАЌА ЛИ СЛОВЕНИЈА НА БАЛКАНОТ?

Уставниот суд пресече дека на 13 јули може да има избори, што предизвика различни коментари, па и груби инсинуации и покажува дека Словенија, за жал, како да се враќа на Балканот во политичка смисла на зборот

Секако ова „враќање“ на Балканот треба да се разбере од политички аспект, а не географски. Патем, пред речиси седум години познатиот австриски политичар Бусек ме „подучи“ дека Балканот како политичка категорија, или ако сакате како „буре барут“ во суштина започнува таму некаде на Гринцил во Виена.

Но, да се вратиме во Словенија. На 13 јули во Словенија ќе се одржат втори по ред вонредни парламентарни избори. Фактички целиот овој мандатен период кој започна во 2011 година најблаго речено беше „чуден“ ако судиме според некои „правила“ или принципи на парламентарната демократија. Имено, тогаш (2011 година) на изборите победи Позитивна Словенија, тотално нов политички субјект со лево-срединска политичка ориентација, на чело со тогаш максимално популарниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ. Но, Јанковиќ не успеа да состави влада, во последен момент му откажа љубов сегашниот министер во оставка за внатрешни работи Грегор Вирант, кој тогаш исто така настапи како лидер на тотално нова политичка партија со изразито либерална ориентација. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com