УДРИ ПО МЕДИУМИТЕ, СПОРЕД ЗАКОНОТ

Не може да ни избега местото во „делумно слободни држави“ на листата на „Фридом хаус“. Но кој се грижи за тоа?

Едно сум сигурен. На идната листа на „Фридом хаус“, барем кога станува збор за слободата на медиумите, како и воопшто за демократијата кај нас, Македонија сигурно и понатаму останува во групата на таканаречени делумно слободни држави, и тоа, за жал, на високо место. За волја на вистината, од осамостојувањето, па до денес Македонија секогаш била во оваа група на држави, но во последниве години се забележува негативен тренд.
Секако виновник, или подобро речено одговорен за ваквата состојба е пред се’ власта, односно онаа политичка елита која во одреден момент е на власт. Но, секоја власт, барем кога зборуваме за европскиот политички простор, дејствува во конкретна политичка средина која е детерминирана од политичката опозиција, невладиниот сектор, од општата и специјализирана и експертска јавност и секако од професионални и независни медиуми. Повеќе

23 ГОДИНИ ТАПКАЊЕ ВО МЕСТО

Откако почна дисолуција на СФРЈ, секогаш ни беше виновен некој друг. Сега министерот за надворешни работи дава плачливи изјави зошто немало да не’ примат во НАТО ни во септември

Како по обичај, повторно заборавивме дека на 25 јуни пред 23 години (1991) со одлука на словенечкиот парламент за осамостојувањето на Словенија и формално започна дисолуцијата на некогашна СФРЈ, односно процесот на осамостојувањето на некогашните републики. Дисолуцијата се надевам дека е завршена со осамостојувањето и меѓународното признавање на Косово како самостојна и суверена држава. Процесот, за жал, беше крвав, со најгруби кршења на човековите права, военото право, па затоа се’ уште работи посебниот Меѓународен суд во Хаг за воени злосторства на просторот на некогашна Југославија. Причината за ваков крвав расплет беше само една: идејата за големи и етничко чисти национални држави која ја застапуваа тогашните лидери на новонастанатите држави (пред се’, Милошевиќ и Туѓман). Повеќе

СЛОВЕНИЈА ПРЕД ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

Никој во Словенија нема да ви рече дека државата не е во политичка криза. Но, факт е дека таа криза не се прелева на институционално ниво

Еве веќе трета недела Словенија живее и функционира со Влада во оставка. Како што е познато, госпоѓа Аленка Братушек како премиер си поднесе оставка, а бидејќи претседателот на државата според уставот не поднесе до парламентот предлог за нов мандатар, сега негова должност е да распише нови избори. Патем, во Словенија, в недела ќе има избори, ама за Европскиот парламент (Словенија има 8 европратеници). Избори кои секако претставуваат соодветен барометар за политичките партии.
Како што сега стојат работите парламентарни избори ќе има. Проблемот е дали тие да се одржат сега, поточно пред 15 јули кога почнуваат летните одмори во Словенија, или во септември. За ова треба да пресече претседателот на државата, кој веќе направи консултации со партиите, но пред се’ со експертската јавност во смисла дали може да се направат избори до 15 јули или тие да се одложат за септември, кога патем ќе има и локални избори. Повеќе

КОИ СЕ ПОИГРУВА СО ИЛИНДЕН

Не гледам ниту научни ниту политички причини зошто мораме да го одбележуваме Илинден заедно со Бугарите или, пак, со кој било друг сосед

Во минатата колумна не знам веќе по кој пат напишав дека ние спаѓаме во групата на таканаречените неисториски народи. Односно народи кои само создаваат историја, а ништо не научиле од неа и ги повторуваат истите грешки. Во рамките на ваквото (не)разбирање на историјата, според мене, е и иницијативата заедно со соседна Бугарија да сме го прославувале и Илинден! Иницијатива која доаѓа од кабинетот на нашиот претседател, а демек била дел од заедничката иницијатива со неговиот бугарски колега Плевнелиев. Не знам дали по последната посета на Ватикан и молебенот на гробот на свети Кирил на нашиот претседател му се „отвориле“ духовните хоризонти за заедничко одбележување на историски датуми со соседна Бугарија? Повеќе

24 Анализа 18.06.2014

Тема: „Оставки на пратениците од СДСМ“

Гости: Мирјана Најчевска, Тодор Пендаров

СЕ’ Е ПО СТАРО, ИСТА ВЛАДА ИСТИ ПОЛИТИКИ

Ние овде знаеме само да создаваме историја, ама не и да учиме од неа и затоа си ги повторуваме истите грешки

Полека се финализираат процесите од парламентарните избори. Идната недела Собранието ќе треба да ги избира членовите на новата влада кои ги предложи мандаторот Никола Груевски, а ќе биде претставена програмата и приоритетите на новиот кабинет. Таа финализација се одвива како и што започна, строго според нашето фолклорно разбирање на принципите на парламентарната демократија.
Да потсетам, се’ почна минатиот декември околу идејата на ДУИ за „консензуалниот“ кандидат за претседателските избори. Идејата одлично се вклопи во репертоарот на балканскиот политички фолклор. Повеќе

СПИНУВАЊЕ

Кај нас системот на владеење најчесто се сведува на „за се’ е виновна опозицијата“, додека во последниве години оваа фраза се трансформира „за се’ е виновник Бранко“

Кога опозицијата најави дека не ги признава изборите и дека нема да влезе во Собранието, напишав дека тоа е лоша одлука како за самата опозиција така и за целокупната политичка состојба во државата и општеството. На овој начин се отвораат вратите актуелната власт да владее како што сака. Ние можеме тоа владеење да го именуваме автократско, недемократско, криминално и така можеме да редиме епитети и комплименти до утре, ама со тоа ништо не менуваме.
Факт е дека кај нас демократските принципи на владеење никогаш не заживеаја, односно Македонија од осамостојувањето па до денес остана во групата на делумно слободни и делумно демократски држави и тоа на сите полиња, како во институционалната така и во општествената сфера. Иста така, факт е дека актуелната власт тоа недемократско владеење го надгради и прошири речиси до совршенство, преку добро осмислена и уште подобро спинувана пропаганда. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com