Препукувањата меѓу новинарите-патриоти и новинарите-демократи имаат еден заеднички именител – пари
Во мината колумна напишав дека разоткривањето на законските, ама малку „неетички“ тендери на Ивона Талевска, како и на други „новинари“ е добра работа, верувајќи дека со ова ќе се заокружи процесот на ферментација во новинарската фела. Исто така, напишав дека самонаречените новинари-демократи, во суштина, се другата страна од паричката, односно законскиот, ама малку неетичкиот тендер на Ивона. И откако групата новинари-патриоти (или, пак, владини мегафони) почнаа да објавуваат имиња на новинари-демократи (или, пак, предавници), работата зовре. Како стар дебармаалски сеирџија со задоволство почнав да го следам ова препукување помеѓу овие две спротивставени групи „новинари“, но еден заеднички именител „пари“ и многу малку професионални критериуми. Но, ова задоволство донекаде ми го „расипа“ соопштението на Советот за етика!? Повеќе