СТРАНЦИТЕ КАКО ПРВА ПОМОШ

Нека полежи министерот за здравство неколку дена на Пулмологија и тогаш убаво ќе види каде заглавиле неговите реформи

Неделава актуелниот претседател на државата за последен пат се обрати пред пратениците на Собранието. Ако судиме според содржината на говорот, тој повеќе личеше на патетично збогување, полно со статистички бројки отколку на државнички говор. Колку држави посетил во својот мандат, колку ордени поделил, колку странски претседатели дошле кај нас и колку пати станал почесен член на разни белосветски академии. Патриотска патетика дојде до израз истакнувајќи како тој цел мандат бил на браникот на нашето уставно име, национален, јазичен и културен идентитет и достоинството на државата и граѓаните. И во тој свој наплив на патриотизам најави дека е дојдено времето да побараме во Обединетите нации да се реши еднаш засекогаш спорот со името. Убаво звучи, ама да ни кажеше претседателот што тој конкретно ќе направи за ова. Повеќе

ИЗБОРИ ПО МЕРА НА ГОЛЕМИТЕ

На СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ни на крај памет не им паѓа да се воведе изборен праг, зашто тогаш би загубиле по неколку пратеници

Без обѕир на последната изјава на ДУИ „прво името, па потоа избори“, сепак, е поверојатно дека со редовните претседателски избори ќе имаме и вонредни парламентарни. Како што сме тргнале со динамиката на предвремени парламентарни избори, ќе ги стигнеме и Италијанците, кои од 1946 до денес променија 47 влади, додека ние во период од 22 години имаме девет влади. Уште неколку карактеристики. Во овие 22 години на самостојност ги поминавме сите три основни изборни модели (мнозински, мешовит и пропорционален) понатаму веќе не знам колку измени и дополнување се направени, а за жал се’ уште имаме „непречистен Избирачки список“. Повеќе

ЧЕКАНОТ КАКО АЛАТКА НА „ПРАВНАТА ДРЖАВА“

Ако ја следиме логиката на оние што маваа со чекан врз царот Душан, дали тоа значи дека треба сега да се уриваат сите споменици од времето на Отоманската Империја

Речиси молкум кај нас помина 10 Декември – Меѓународен ден на човековите права. Се прашувам каде се оние „силни“ невладини организации кои знаат да бидат и многу гласни да организираат најразлични „трибини“ со домашни и странски „експерти“ и да ломотат за човековите права, за правна држава демократија и за што уште не! Ама само ако за тоа добијат средства од некои странски донатор. Каде се новинарските асоцијации барем со соопштение да потсетат на слободата на изразување, како едно од темелните човекови права, кое кај нас одамна е избришано од општествено-политичката реалност. Каде се синдикатите и да потсетат за правото на работа, зашто социјалните права, исто така, се дел од човековите права.
Повеќе

ПАРИ НА РАКА, МАРА ЗА РАКА

Со чии пари Министерството за финансии ќе ги купи становите и дуќаните за наградната игра со фискалните? Со парите на сите нас, кои плаќаме ДДВ

Не знам за вас, почитувани читатели на „Утрински“, ама кога го слушнав слоганот „Фискална в рака, награда на рака“ на најновата лото-игра на Министерството за финансии, се сетив на оваа позната народна поговорка. Овој пат новата лото-игра има цел да ја зајакне финансиската дисциплина, а со тоа да се полни буџетот. И така ние, граѓаните, повторно волонтерски ќе глумиме даночни, пазарни и не знам какви се’ уште не инспектори, ама овој пат мотивацијата е многу поголема од оние 15 проценти од ДДВ што го нуди програмата на СДСМ. Сега во игра се станови дуќани и цел куп други вредни награди. Демагогија во низа, би рекле математичарите. Со чии пари Министерството за финансии ќе ги купи тие станови дуќани и други вредни награди? Со парите на сите нас кои плаќаме ДДВ. А колку (не)успешно државата го прибира ДДВ-то, односно колку е распашана сивата економија, тоа е прашање кое државата, пред се’, Министерството за финансии треба да го реши. И за ова ние, граѓаните, плаќаме. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com