Амбасадорот Волерс навистина на изјавата за идентитетот и’ даде личен печат, ама верувам дека на сите им е јасно дека американски амбасадор никогаш не зборува лично
И така по дванаесетти пат ја засадивме „својата иднина“ во рамките на акцијата „Денот на дрвото“. Во сите овие акции нашата држава е пошумена со околу 45 милиони садници, што обезбедуваат кислород за десет милиони луѓе, барем така, гордо изјави дамата која е на чело на овој проект. За жал, една убава акција и идеја, која во суштина не е нешто ново ниту, пак, некаква оригинална идеја на проектот „Остваруваме“, денеска стана најобична алатка на дневнополитичкото билдање на партиските рејтинзи, алатка на груба политичка пресметка помеѓу политичките партии и, секако, алатка која придонесува за се’ поголемата поделеност на општеството и граѓаните на „наши“ и „ваши“.
Патем, најголемо пошумување во Македонија е направено во 1987 година кога (ако не се лажам) се посадени околу 35 милиони садници. Нејсе, тогаш за садење државата не прогласуваше неработни денови, така немаше потреба да се откажуваат околу десет илјади здравствени специјалистички прегледи! Навистина бизарно. Повеќе