БЛАГОДАРАМ, АМБАСАДОРЕ ВОЛЕРС

Да не завршеа изборите во Центар со победа на опозицијата, немаше ни да се случи прес-конференција за тоа колку чини проектот „Скопје 2014“

И така „во трета мајка“, што би рекле кај мене во Дебар Маало, успеавме да ги завршиме локалните избори. Избори кои победникот (ВМРО-ДПМНЕ) ги прогласи за историски, Владата за фер и демократски, а ОБСЕ-ОДИХР за регуларни и конкурентни. Сега ни останува само да го почекаме финалниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР во кој, убеден сум, ќе има многу „историски забелешки“.
Во март минатата година напишав колумна со истиот наслов. Поводот беше последниот самит на НАТО и тогаш амбасадорот Волерс, без оној класичен дипломатски јазик, ни кажа „без решение за спорот со името нема да добиеме покана за влез во НАТО“. Повеќе

ИЗБОРИ ШТО ТРААТ И ТРААТ…

Со нашата „генијалност“ успеавме во целост да ги девалвираме основните принципи на пропорционалниот изборен систем

Дали веќе заборавивме дека кај нас и по еден месец (24 март) локалните избори не се уште завршени… ќе се прегласува по трет пат во Центар и во Струга… иако актуелната власт овие избори ги прогласи за историски!? Типично за нашиот западнобалкански менталитет, ние сме мајстори за перманентно производство на „историја“, дури изразена и во тони споменици, ама ниту ние самите, а уште помалку Европа и другите наши меѓународни пријатели не можат да ја консумираат и разберат. Во суштина, во овие дваесет и кусур години ние се вртиме во еден маѓепсан круг, иако политичките елити не’ убедуваат за големи „историски победи“. Повеќе

„SHAME“ – СРАМОТА

Наместо Владата да го испраќа законот за медиуми во Собранието, треба да организира јавна расправа која треба да трае неколку месеци, а потоа, ако е потребно, нека се пишува и нов закон

Локалните избори завршија. ВМРО-ДПМНЕ за „влакно“ не стана апсолутен победник. ДУИ се покажа како одличен „туроператор“ и со помош на десетици чартер-лета ги донесе своите гласачи од разни европски дестинации. Кичево „го дадовме“, а Струга „не ја освоиме“. Како граѓанин, пред се’, а и како етнички Македонец, се прашувам од кого го браневме Кичево и од кога не успеавме да ја освоиме Струга. За жал, вакви јавно поставени прашања и дилеми не слушнав од моите сограѓани Албанци од кого треба да се брани Струга и да се освојува Кичево. Сепак, не сакам изјавата на портпаролот на ДУИ, дека сега Албанците од Струга до Липково (Кумановско) владеат со територијата, да ја разберам како дел од идејата за „голема Албанија“. Повеќе

КРАЈ НА ДАНОЧНИТЕ ОАЗИ?

 

На една адреса на Девствени Острови се регистрирани 10.000 офшор-фирми, а една госпоѓа е директорка на 1.200 офшор-фирми

Во петокот топ-вест во светот е првиот извештај на Меѓународниот конзорциум на новинари-истражувачи (ICIJ) со седиште во Вашингтон, кој објави тајни податоци на луѓе од целиот свет, кои имаат свои сметки во некоја од државите кои важат за таканаречени даночни оази. На извештајот работеле околу 80 новинари од целиот свет.
Повеќе

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА

За разлика од хибридните семиња, кои се добиваат со вкрстување на исти организми, овде се внесува ген од сосема различен организам во геномот, на пример, на доматот. Дали е тоа опасно?

Повод за овој текст е агенциска вест објавена во почетокот на неделава во повеќе странски медиуми дека во Конгресот на САД без расправа поминал закон, а претседателот Обама го потпишал, со кој производите на мултинационалната корпорацијата „Монсанто“ не подлежат на проверка дали штетно влијаат врз живите организми, а со тоа нема да може да се водат ниту судски спорови (Monsanto Protection Act).
Корпорацијата „Монсанто“ е најголема и водечка компанија во производство на генетски модифицирана храна (ГМХ), а пред се’ генетски модифицирани семиња на пченка, соја, домат… Повеќе

pendarov2000@yahoo.com