ЈАНША СИ ОДИ… ЗОКИ ЗАМРЗНАТ

Во длабоката политичка криза, каде што коалициските партнери бараат Јанша да си замине, сите политички субјекти ќе сторат се’ за да се задржат легалноста и легитимноста на сите институции

Во минатата колумна со сличен наслов напишав дека Владата на Словенија на чело со Јанша е клинички мртва, но по најновите настани веќе може да се рече дека таа се распаѓа. За ова малку подолу, а сега повеќе за штрајкот на словенечките чиновници. Во средата над сто илјади државни службеници штрајкуваа во Словенија. Полицајци, царинарници, пожарникари, вработени во културните институции, во образованието, здравствени работници, судската администрација излегоа на улиците низ Словенија организирани и предводени од Синдикатот на јавната администрација. Штрајкот беше еднодневен, но со многу јасна порака – реформи и мерки на штедење да, но тие мораат да бидат многу порамномерно и праведно насочени. Во вторникот штрајкуваа и вработените во метално-преработувачката индустрија, а полицијата и царинарниците штрајкот го продолжија, бидејќи покрај оние заеднички барања имаат и свои посебни кои произлегуваат од специфичноста на нивните службени обврски. Повеќе

ЈАНША, ОДИ СИ ДОМА, ЗЕМИ ГО И ЗОКИ

Словенечкиот премиер Јанез Јанша не ја надмина најлошата особина за секој политичар – а тоа е реваншизам и тврдоглавост без чувство за компромис

Овој слоган го позајмив од насловот на еден коментар во еден словенечки дневен весник, а се однесува на актуелниот премиер Јанез Јанша и градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, лидер на Позитивна Словенија, најголема опозициска партија. Повод, минатонеделното соопштенија на словенечката Комисија за спречување на корупцијата, во кое се наведува дека Јанша не пријавил и нема покритие за околу 210.000 евра, додека Зоран Јанковиќ „скрил“ милион и кусур евра.
Разликата е донекаде и разбирлива, Јанша цел живот бил политичар, па затоа и неговиот грев е номинално помал, додека Јанковиќ цел живот е бизнисмен, па затоа е нормално да заработил многу повеќе. Но, гледано од политички аспект, гревот на двајцата е подеднакво тежок, што многу сликовито го покажува и насловот.
Повеќе

ХАЛАЛ ПАЗАР

Во светот халал пазарот вреди неверојатни 2,3 билиони долари. Во Европа халал пазарот врти околу 70 милијарди долари. Во нашиот регион халал пазарот е тежок околу 2 милијарди долари. Ние сме на самото дно

Неделава министерот за економија најави дека неговото министерство одделило 500 илјади денари за развој и придобивање на халал стандарди. Како што самиот рече, тоа се мали средства ама добро што се започнало да се размислува за воведување на халал системот, а со тоа и наша поголема присутност на пазарите каде што исклучиво важат халал стандардите. Халал е арапски збор и значи работење според законите, односно според дозволеното. Спротивно на ова е харам (кај нас овие два збора ги употребуваме како алал и арам) значи нешто што е во спротивност на законот, односно недозволено.
Кога ќе се споменат халал стандардите најчесто се мисли на месо и месните производи (забрана на консумирање на свинското месо). Повеќе

ЛЕКЦИИТЕ НЕ ГИ НАУЧИВМЕ, ВО 2013 ЌЕ НИ ТРЕБА СРЕЌА

Ако во една држава има сериозна политичка криза, како што е сега кај нас, ниту ниската задолженост ниту високото место на листата за „Дуинг бизнис“ нема да ви помогне да дојдат странски инвеститори

На крајот на далечната 1982 година како дописник од Словенија на старата „неребрендирана“ МРТВ присуствував на традиционалниот новогодишен прием за новинарите, кој го правеше републичката влада. Тогашниот претседател на словенечката влада обраќањето до нас новинарите го започна со зборовите: „Годинава што завршува беше тешка, идната 1983 ќе биде уште потешка“. Секако дека овие негови зборови ги ставив во „главата“ на мојот извештај и го испратив до Радио Скопје. Само 10 минути подоцна по телефон ми се јави еден од „големите“ уредници и со повишен глас ме праша зошто ширам дефетизам. Бидејќи секогаш сум го бранел професионалното во новинарството, а богами и јас сум со „краток фитил“ со исто така повишен глас му одговорив дека тоа не се мои зборови, туку на претседател на републичка влада, и го завршив разговорот.
Повеќе

pendarov2000@yahoo.com