РЕБРЕНДИРАНА МТВ – ТРЕТ ДЕЛ

И покрај сите „ребрендирања“, кадровски промени и ангажман на ОБСЕ, МТВ не мрднува од функцијата трансмисиски сервис на државата

Причината за овој трет дел посветен на „ребрендираниот“ јавен сервис МТВ е најновиот скандал околу сметките за претплата. Како што е познато, МРТ испрати сметки за претплата до сите членови на едно семејство, а не само до оној на кој гласи претплатата. Во практика тоа значи дека МРТ како јавен информативен сервис ги има матичните броеви на сите членови на едно семејство и секако адресите.
И, замислете, на сето ова од страна на јавниот „ребрендиран“ јавен сервис, поточно од водството стигна само едно штуро и нејасно извинување и толку. Надлежниот државен орган, поточно Агенцијата за заштита на личните податоци, демек, сега ќе испитува како МРТ дошла до личните податоци на граѓаните, дури верувам дека можеби ќе падне некоја „ситна казна“ и толку. Што би рекол народот „и волкот сит и овците на број“, дури и оние во МРТ (ова ве молам сфатете го како алегорија). Повеќе

МАКЕДОНИЈА – ЕУ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ

Позитивниот извештај за Македонија и извештаите за другите аспиранти од Западен Балкан најмногу се „позитивни“ за Европската комисија

И така, четврта година по ред, добивме позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија на нејзиниот долг пат кон Брисел. Секако, со позитивниот извештај по четврти пат од Европската комисија добиваме и препорака, во декември од Европскиот совет да добиеме датум за почнување на преговорите. За разлика од претходните три извештаи, во годинешниов има две битни новини. Европската комисија многу децидно ни кажа дека ако сакаме да станеме еден убав ден членка на Унијата, мораме пред тоа да го решиме апсурдниот спор со Грција околу името. И втората значајна новина е дека Европската комисија предлага да добиеме датум за преговори, а паралелно додека течат преговорите спорот ќе мора да се реши во „разумен рок“. Во спротивно, преговорите, односно процесот на отворање одделни поглавја, едноставно ќе биде замрзнат, а Македонија ќе биде ставена на некаков слеп колосек, кој сигурно нема да не’ одведе во Брисел. И да не заборавам, во извештајот на двапати е употребена придавката „македонски“, што, демек, претставува голема победа. Повеќе

РЕБРЕНДИРАНА МТВ, ВТОР ДЕЛ

На Грците им дадовме уште еден „идиотски адут“ да спинуваат дека ние не сме за добрососедски односи

По сето она што се случуваше во неделата околу наводното убиство на македонско момче во соседна Грција, навистина се прашувам уште колку „ребрендирања“ му треба на јавниот сервис МРТВ за да почне барем да наликува на она што му е основната функција објективно и професионално информирање. За жал овој настан не само што ја отсликува бедата на македонското новинарство туку многу сигнификантно покажува дека тие трендови на урнисување на новинарската професија продолжуваат без никакви консеквенции за никого. Со извинување од страна на новопечениот одговорен уредник на МРТ демек ете било грешка и дека новиот тим се’ уште се усогласува ( ало, тимот се луѓе а не клавири па сега им треба мајстор за штимување за да свират во ист тон) само се потврдува дека тонењето на МРТВ и воопшто на македонското новинарство продолжува. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com