Еволуцијата на „Евро-Балкан“ од невладина до универзитет била логичен процес на „зреење“. Колку што јас знам, зреат јаболка, круши, лубеници, а богами и тикви
Читајќи го писмото на Универзитетот „Евро-Балкан“, што би требало да биде одговор на мојата колумна, навистина уште еднаш ми потврди дека сум бил во право. Во оригиналот упатен до нашиот ценет „Утрински“ авторите од „Евро-Балкан“ ми го утнале и презимето, а најкомичен беше потписот – „од екипата на ’Евро-Балкан‘“.
И, така, сега јас поединец треба да се расправам со „цела екипа“ на овој наш најмлад универзитет. Понатаму, самата структура на пишување им е најблаго речено катастрофална… во целиот текст има само неколку долги реченици од кои најкратката има девет реда, а најдолгата 14 реда. Повеќе