Опозицијата во последните два мандатни периоди личи на мало дете кое си ја лови сопствената сенка
Богами уште малку и ќе почнам да размислувам дека можеби има вистина во она што не’ убедуваат некои од групата на „патриотите“ новинари кои тврдат дека Македонија е библиска држава. Снежната меќава која ја зафати целиот регион, сепак, кај нас ја почувствувавме со помала сила. Замислете си што ќе беше со сите нас ако во Скопје паднеше снег од еден метар како што беше во Сараево или во Хрватска, а не дај боже да не’ зафатеше невремето како во Црна Гора, која целосно е парализирана.
Ама затоа доживеавме вистинска политикантска меќава токму на тема на снегот. Градоначалникот на Скопје прво не’ подучи дека ние што возиме ни требало ден-два да сфатиме дека ова се зимски услови и кога сме сфатиле дека е зима, сообраќаат течел нормално?! Повеќе