ПАРАЛЕЛИ: СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА

Некој ќе рече – доцниме во однос на Словенците. За жал, убеден сум дека ние не доцниме, туку од самиот почеток пред дваесет години одиме во сосема друг правец

Во средата Словенците славеа точно 22 години (1990 година) кога на референдум (тие го нарекуваат плебисцит) се изјаснија за самостојна држава. На референдумот излегоа 95 проценти од граѓаните со права на глас а 88,5 гласаа за самостојна држава. Со ова фактички се заокружи словенечката национална програма објавена во бројот 57 на позната „Нова ревија“ во 1987 година, зад која стоеја група интелектуалци кои во тоа време во другите делови на Југославија ги нарекуваа дисиденти.
Тоа што е важно е фактот дека словенечкиот народ и воопшто јавноста во периодот 1987-90 година созреа и ја прифати определбата за самостојна држава што се потврди во јуни 1991 кога словенечкиот парламент врз основа на референдумот, донесе одлука за самостојна држава. Повеќе

БЕЈБИ БУМ

Демографската политика е сложена работа и зафаќа повеќе сфери и не се решава со неколку ТВ-спота или со горда прошетка на мајките крај спомениците во центарот на Скопје

Во вистинската инфлација на кампањи, зад кои стојат и конкретни политики, ама, за жал, често почнуваат и завршуваат со ТВ-спотови, е и кампањата за зголемување на наталитетот. Ако го погледнеме само податокот дека на ниво на држава за 2011 година имаме природен прираст на населението од само 1,6 проценти. Во 2001 година природниот пораст изнесуваше 3,6 проценти, па тогаш е јасен негативниот тренд. Кај нас во просек жените во текот на нивната фертилност раѓаат по 1,46 живородени деца. Сето ова покажува дека кај нас немаме или не знаеме да водиме добро подготвена и успешна демографска политика и тоа од осамостојувањето, па до денес.
Повеќе

СЛОВЕНИЈА НА КАКВА ШТО НЕ СМЕ НАВИКНАТИ

Ниту премиерот Јанша ниту кој било од неговата коалиција не ги коментира големите протести како обид на опозицијата да се урне актуелната власт

Словенија од мината недела има нов претседател, Борут Пахор, политичар кој досега ги помина сите политички и државни функции. Беше лидер на партија (словенечките социјалдемократи), претседател на парламентот, а до септември минатата година беше премиер. Поради предложените реформи, пред се’, на пензискиот систем, кои не поминаа на референдум, ја загуби поддршката од своите коалициски партии и мораше да оди на предвремени избори лани во декември, кои ги загуби. И, ете, сега по 18 месеци, на претседателските избори го победи претседателот во заминување Данило Тирк.
Изборите, кои по традиција беа „здодевни“ кога ги споредувате со „дешавките“ кај нас, овој пат покажаа и една голема резигнираност кај словенечкото гласачко тело и одѕивот беше едвај 41 процент. Повеќе

СОЖИВОТ ИЛИ САМО ФАРСА СО ОПАСНИ ПОСЛЕДИЦИ

Помирувањето не се прави со мегаломански прослави на знамето или со кичерски споменици. Промотори на помирувањето треба да бидат политичките лидери. Но, тие се кријат наместо да предводат

„Сонцето изгрева за сите“ – ова е една од пораките на најновата владина медиумска кампања за градење соживотот и надминување на предрасудите помеѓу етничките заедници во државата, иако на сите ни е јасно дека ова се однесува на меѓуетничките односи помеѓу Македонците и Албанците. Секако дека медиумските кампањи се потребни кога станува збор за заедничко живеење и, воопшто, кога се зборува за меѓуетничките односи, ама само како една од алатките на добро осмислена и водена политика.
Повеќе

ТАБЛОИДНА ПОЛИТИКА ВО ТАБЛОИДНО ОПШТЕСТВО

Како е можно во изминатите дваесет години да сме немале ниту еден штрајк кој навистина би се нарекол штрајк

Таблоидна политика неминовно раѓа таблоидна економија, потоа таблиодна уметност, па таблоидно новинарство и на крајот и таблоиден живот со десет часа замајувачка телевизиска програма.
Ова е дел од излагањето на познатиот (барем за нас постарите) српски новинар Александар Тијаниќ пред новинарите на Факултетот за политички науки во Белград, а интегралниот текст го објави нашиот „Утрински“. Иако ова е кажано за Србија, за жал ова во целост може да се каже и за кај нас, и тоа не од денеска или од вчера, туку веќе дваесетина години. Повеќе

ПОУКИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ ВО АМЕРИКА И ВО СЛОВЕНИЈА

Наивната навивачка атмосфера во Македонија околу изборите во САД покажа колку е ужасно малку знаеме за американската политика

Кога Америка избира целиот свет гледа. А богами и ние и цело време на кампањата навивавме… се знае, ние сме за републиканците и за поразениот Мит Ромни. Причина? Демек републиканците и секако Ромни биле поголеми пријатели на Македонија, а со тоа и со нив полесно ќе го решиме дваесетгодишниот проблем со нашето уставно име. Замислете, во таа навивачка атмосфера дури и водителот на „Јади гурабии“ (така ние во Дебар Маало велиме за оние кои тресат зелени) во понеделникот ни објаснуваше зошто е подобар Мит Ромни. Дури во некои од домашните медиуми, повеќепати беше пласирано дека Албанците и Грците („демек, душманите“) се за Обама. Глупост до глупост, ако се има предвид дека американската надворешна политика секогаш е долгорочна и се темели единствено на нивните национални интереси, кои се сведуваат на заеднички именител, да бидат играч број еден на меѓународната сцена. Повеќе

РЕБРЕНДИРАНА МТВ – ТРЕТ ДЕЛ

И покрај сите „ребрендирања“, кадровски промени и ангажман на ОБСЕ, МТВ не мрднува од функцијата трансмисиски сервис на државата

Причината за овој трет дел посветен на „ребрендираниот“ јавен сервис МТВ е најновиот скандал околу сметките за претплата. Како што е познато, МРТ испрати сметки за претплата до сите членови на едно семејство, а не само до оној на кој гласи претплатата. Во практика тоа значи дека МРТ како јавен информативен сервис ги има матичните броеви на сите членови на едно семејство и секако адресите.
И, замислете, на сето ова од страна на јавниот „ребрендиран“ јавен сервис, поточно од водството стигна само едно штуро и нејасно извинување и толку. Надлежниот државен орган, поточно Агенцијата за заштита на личните податоци, демек, сега ќе испитува како МРТ дошла до личните податоци на граѓаните, дури верувам дека можеби ќе падне некоја „ситна казна“ и толку. Што би рекол народот „и волкот сит и овците на број“, дури и оние во МРТ (ова ве молам сфатете го како алегорија). Повеќе

МАКЕДОНИЈА – ЕУ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ

Позитивниот извештај за Македонија и извештаите за другите аспиранти од Западен Балкан најмногу се „позитивни“ за Европската комисија

И така, четврта година по ред, добивме позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија на нејзиниот долг пат кон Брисел. Секако, со позитивниот извештај по четврти пат од Европската комисија добиваме и препорака, во декември од Европскиот совет да добиеме датум за почнување на преговорите. За разлика од претходните три извештаи, во годинешниов има две битни новини. Европската комисија многу децидно ни кажа дека ако сакаме да станеме еден убав ден членка на Унијата, мораме пред тоа да го решиме апсурдниот спор со Грција околу името. И втората значајна новина е дека Европската комисија предлага да добиеме датум за преговори, а паралелно додека течат преговорите спорот ќе мора да се реши во „разумен рок“. Во спротивно, преговорите, односно процесот на отворање одделни поглавја, едноставно ќе биде замрзнат, а Македонија ќе биде ставена на некаков слеп колосек, кој сигурно нема да не’ одведе во Брисел. И да не заборавам, во извештајот на двапати е употребена придавката „македонски“, што, демек, претставува голема победа. Повеќе

РЕБРЕНДИРАНА МТВ, ВТОР ДЕЛ

На Грците им дадовме уште еден „идиотски адут“ да спинуваат дека ние не сме за добрососедски односи

По сето она што се случуваше во неделата околу наводното убиство на македонско момче во соседна Грција, навистина се прашувам уште колку „ребрендирања“ му треба на јавниот сервис МРТВ за да почне барем да наликува на она што му е основната функција објективно и професионално информирање. За жал овој настан не само што ја отсликува бедата на македонското новинарство туку многу сигнификантно покажува дека тие трендови на урнисување на новинарската професија продолжуваат без никакви консеквенции за никого. Со извинување од страна на новопечениот одговорен уредник на МРТ демек ете било грешка и дека новиот тим се’ уште се усогласува ( ало, тимот се луѓе а не клавири па сега им треба мајстор за штимување за да свират во ист тон) само се потврдува дека тонењето на МРТВ и воопшто на македонското новинарство продолжува. Повеќе

РЕБРЕНДИРАНАТА МРТ

Кога политичките елити ќе сфатат дека јавниот сервис не е нивен личен сервис, туку на сите граѓани, тогаш ќе можеме да зборуваме за вистинско ребрендирање на МРТ

Ете, го доживеавме не знам по кој пат во независна Македонија таканареченото ребрендирање на јавниот сервис МРТ. Би сакал да ги потсетам читателите на нашиот „Утрински“ како во последнава деценија течеа и завршија обидите за „ребрендирање“ на МРТ. Во 2002 година тогашното водство на МРТ, секако, со амин на тогашната Влада на СДСМ под плаштот на некаков обид за „ребрендирање“ го зададе смртниот удар на МРТ како јавен информативен сервис.
Најголемиот грев на тогашното водство беше укинување на вториот канал на македонски јазик, па оттогаш до денес ние сме единствена држава во Европа во која доминантниот народ има еден програмски канал. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com