МЕДИУМИ – 20 ГОДИНИ ИСТА СОСТОЈБА

Наместо сите пратеници да побараат да се испрати протестно писмо до ОБСЕ за писмото на еден бирократ, опозицијата него го употреби за дневнополитички обвинувања

Состојбата во медиумите, медиумскиот простор и новинарството во Македонија по предлог на опозицијата (што е во согласност со Деловникот) ќе биде точка на дневниот ред на наредната седница на Собранието. А во суштина состојбите во медиумите и медиумскиот простор се исти веќе дваесет години.
Доказ за ова се годишните извештаи на Фридом хаус, според кои во изминатиот период (20 години) Македонија не е мрдната од местото на делумно слободни држави кога станува збор за медиумите. Во информацијата која ја подготви опозицијата за оваа точка на дневен ред, а која е достапна на веб-страницата на Собранието, стои дека состојбите во медиумите и во медиумскиот простор кај нас се влошиле од 2008 година. Повеќе

ББЕРЛИНСКИ КОНГРЕС – ВТОР ПАТ

На северот од Косово врие, нашите државни органи молчат како тоа да не се случува близу нас

Изгледа ние немаме среќа со глобалните, а уште помалку со регионалните збиднувања и токови. Еве, Грциве навистина не се фер, туку најбезобразно одбиваат да банкротираат, иако некои наши медиуми барем по пет пати во денот најавуваат дека Грција е „тропа“ (дебармалски израз за банкрот). Во суштина ако сакаме едноставно да го дефинираме известувањето околу должничката криза на Грција тоа се сведува на онаа наша злобна балканска карактеристика „да му умре козата на комшијата“. Демек ако Грција банкротира тогаш апсурдниот спор со нашето име наметнат од нив ќе се реши веднаш.
Глупост, како што беше и глупост, односно најголема грешка, направена од оние политички структури и политичари кои го прифатија „привременото име“ ФИРОМ и кога се лажеше најгрубо дека тоа е привремено решение, кое ќе се надмине за 3-6 месеци. Повеќе

pendarov2000@yahoo.com