КРАТКО ПАМЕТЕЊЕ

Мозокот на „новинарите патриоти“, следејќи ја патриотската мисла, сега тврди дека имаме октроиран Устав

Во 2008 година во мај за еден неделник напишав колумна со наслов „Заборавена 68“, а поводот беше 40-годишнината од големите студентски безредија во Париз. Јубилеј што се одбележуваше во цела Европа, само ние го заборавивме и никој не го спомена. За да се потсетам на настаните ја прелистав „Нова Македонија“ од мај 1968 година и најдов еден интересен податок.
На 6 мај 1968 година во Скопје се одржува изборна конференција на некогашниот Сојуз на студенти на Југославија. Пленарните седници на конференцијата, нема да верувате, се водат на пет јазици: српско-хрватски, македонски, словенечки, албански и унгарски јазик, односно на јазиците на сите народи и на најголемите народности (таква беше тогашната терминологија за етничките заедници). Повеќе

pendarov2000@yahoo.com