Чекајќи на нова влада

 

Неделава завршува во знак на конгресот на СДСМ и изборот на старо новото раководство на чело со двоецот Заев – Шекеринска. Избор кој беше очекуван односно што било друго ќе беше вистинско изненадување и во спротивност на нашата фолклорна политичка култура.

Но сега би се вратил на еден друг настан кој неделава беше топ тема во нашите медиуми а посебно на една телевизија. Имено станува збор за аферата околу советникот во амбасадата на Република Србија Горан Живаљевиќ инаку припадник на српската БИА (безбедносно информативна агенција или по наше ДБК) кои беше фатен (на камера) внатре во Собранието на 27 април. Богами ако ги исклучиме насилниците кои благоадаренија на „тефтерчето на Гоца“ лесно поминуваат во експресните судски процеси, на 27 април во Собранието навистина имало „интересни ликови“! Од странски разузнавачи преку наши од ДБК, па „наши“ од Агенцијата за разузнавање“ кои патем по никаков основ немаат право да бидат присутни на вакви „спонтани дешавки“. И скоро еден месец по настанот откако некој им „дојавил“ на некои новинари (Ки) аферата пукна. Ама онака типично за нашиот политикантски медиумски простор. Имено „истражувачкото новинарство“ не даде одговор зошто дури месец дена по настанот нашиот слаткоречив министер за надворешни работи го повика српскиот амбасадор кај нас на разговор. Ако во Собранието на 27 имало цел куп наши „разузнавачи и контра разузнавачи“ би требало веднаш да ги известат своите претпоставени а тие и надлежниот министер (за внатрешни работи) ама и „павлихата“ Иванов. Потоа според формалните меѓуресорски канали да биде известен и слаткоречивиот министер за надворешни работи, дека во Собранието се шетаат странски дипломат не најавено, а за кој се знае дека е припадник на безбедносните служби од државата од која доаѓа, Република Србија. Ама нашите „истражувачки новинари“ овој аспект од целата афера не го споменаа. Можеби ваков пристап за нив е премногу комплициран. Да сме ние нормална држава а не сме, веќе на 30 април слаткоречивиот министер за надворешни работи ќе требаше да го повика амбасадорот на Србија и меѓу другото да го извести дека советникот во амбасадата на Република Србија господин Горан Живаљевич е прогласен за не добредојдена личност (persona non grata) која во рок од три дена треба да ја напушти територијата на Република Македонија. А како објаснување зошто таква одлука требаше едноставно да и даде слики од споменатиот службеник во Собранието меѓу разулавената толпа. Ама од тоа нема ништо. Во споменатата телевизиска емисија претставникот на МВР навистина беше трагикомичен кога го бранеше и министерството и министерот демек тие сториле се според Виенската конвенција и дека сега топката е кај нашиот северен сосед. Со други зборови сега нашиве дипломати кои немаат она што америте би рекле balls, чекаат Србија да го повлечат „советникот“ кој патем таква судбина има доживеано во Хрватска и тоа експресно откако Хрватите откриле дека господинот Живаљевич е разузнавач. Инаку во споменатата емисија некогашната министерка за надворешни работи госпоѓа Илинка Митрева вехементно ги објасни принципите на Виенската конвенција кои се абецеда на дипломатијата и дипломатските односи. Но заборави еден дребен факт. Првиот амбасадор на Република Србија во Скопје беше господин Зоран Јаначковиќ кој беше началник на Службата за Државна Безбедност на Србија од која служба во 2002 година со закон е формирана БИА. Ама навистина ниту тогаш, а ниту сега некој медиум и новинар или некој „експерт“ се прашал зошто Србија ни испрати прв амбасадор, човек кој бил шеф на нивната ДБК и како тој добил агреман? Понатаму како тоа ниту еден новинар кој се бави со оваа проблематика (разузнавање и контра разузнувањеТуманов да направат „интервју“ со овој некогашен генерал на ЈНА тоа не го направиле. Патем генерал Туманов со неговиот шеф генерал Васиљевич од страна на Милошевиќ беа судени пред судот во Белград во 1992 година. Многу интересно обвинение и уште поинтересни искази на двајцата генерали тогаш се слушнаа (судењето беше јавно). Но да се вратиме на штотуку завршениот конгрес на СДСМ и говорот на претседателот Зоран Заев и идниот премиер. Во суштина говорот беше нешто помалку патетичен од говорите кои се наслушавме од Груевски. Заев зборуваше дека тие ќе работат отчетно ќе работат исклучиво за граѓаните цитирам „За да знаеме како живеат луѓето треба да сме меѓу нив. Вистинскиот живот е по маалата, парковите, на пазарите, во маркетите, во кафулињата. На нивите, во болниците, во училиштата, на шалтерите во институциите. Таму сме и таму мора да останеме. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Ние работиме за нив. Тоа е демократија“. И сега искрено се надевам дека нема никогаш да го видам Заев во улога на премиер како некаде во некое село откако го обновил со нов асвалт локалниот пат, разговара со луѓето за нивните маки и потреби и веднаш пред нив се јавува по мобилен на надлежниот министер и го решава проблемот, додека камерите снимаат ли снимаат. Тоа што навистина ми се допадна во говорот беше фактот дека ги немаше оние архаични фрази за некаков патриотизам и загрозеност од светска завера против македонскиот народ бидејќи ние сме попакот на светот. Но како што реков сепак ништо ново од тоа што сме го слушале во овие 26 години а посебно за време на владеењето Груевски и фамилијата. Па добро некој ќе рече што ново да се каже. Во голема мера сте во право. Затоа ајде да почекаме да поминат првите сто дена од владеењето. Имено демократијата, владеењето на правото, и функционирањето на правната држава, еднаквоста пред законот за сите, вистинската слобода на медиумите, сето ова е долг процес ама би можеле ако не друго да видиме и да почувствуваме по изминатите сто дена дека тој процес започнува. Односно како што рече и Заев враќање на правите моралните вредности во општеството, на спроведување на европските принципи и стандарди.

Од друга страна Груевски продолжува со своите излитавени тези дека СДСМ и Заев (порано беше Бранко) се виновен за сè. Навистина трагично, па не за Груевски туку за ВМРО-ДПМНЕ партија. Што побрзо внатре се собере потребната критична маса за промени и целосно ослободување од Груевски и фамилијата тоа ќе биде подобро и за партијата но и за општеството и демократските процеси. Тоа што сега се случува и тоа што сега го прави оваа партија нема ништо ниту со патриотизмот ниту со заштита на македонскиот народ и неговиот идентитет ниту со современите вредностите на денешниот конзервативизам односно на една европска современа народна партија. Тоа што денеска се прави во името на горе споменатите вредности е во суштина јалов обид да се спаси Груевски од правна разрешница И на крајот според добро информирани домашни и дипломатски извори Гуевски кој интензивно преговара за спас на својата кожа преку амнестија или аболиција ја редуцирал „фамилијата“ на неверојатни два члена. Едниот е тој сам а другиот ајде обидете се да погодите…

Тодор Пендаров

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com