ХОРХЕ ПО ВТОР ПАТ ГО УБИ ИСУС

Се среќаваат Мухамед и Исус Христос некаде на небо и пророкот Мухамед му вели. „Слушај овој Хорхе е многу глуп“. Исус му одговара. „Ваистина е глуп“. Ова не ме моја мисла туку ја прочитав на еден твит. Навистина не сакам без причина да го споменувам Исус Христос.  Pерсоната, која за жал е големиот срам за нас како граѓани ама и за државата во целост. gлумејќи голем верник треба да знае дека не е дозволено Бог или Божјиот син да се споменува без причина а уште помаку да се прават такви глупави и херетички паралели како што тој ги направи во Сараево. Ама кога Хорхе од политикантски причини станал верник тогаш предлагам некој од членовите на Cинодот да организираат еден шнел курс за катехизам па оваа персона да не „лупа“ глупости а богами и да не   ги навредува чувствата на вистинските верници. Ама оваа персона за жал уште неколку години ќе го трпиме. Само погледнете како ги коментира невладините организации посебно Отворено општество на Сорос. За него „соросоидите“ биле најголемите непријатели на државата. За Отворено општество и воопшто за невладиниот сектор не се сеќавам дека сум напишал или јавно изјавил дека се добри односно направиле нешто за демократизацијата на општеството. Ама кога оваа персона ги критикува веднаш ми паѓа на памет онаа мисла на „нашите браќа“ Босанци кои велат „Нема горег Турчина од потурица“.

Ете тоа Хорхе кој во суштина е само една кукла која работи на батерии управувана со „даљинско“. И ете ти најнов потез, одеднаш секако самоиницијативно ја укина аболицијата само за  24 лица од 56. Со ова ште не ниту разумен компромис  уште повеќе ја компромитира државата пред меѓународната заедница а дома само го зголемува гневот кај граѓаните и ја продлабочува и така огромната општествена поделеност. И да прашам? Дали верувате дека и оваа глупост и пред се антидржавничка антидемократска и над се антиуставна постапка ја направил самоиницијативно или некој (читај фамилијата) го притиснала „даљинецот“ и оваа павлиха (во превод дворски шут) повлекува  уше еден глупав потез. И уште нешто во последниов период  (фактички откако почна бегалската криза) оваа персона за што било да зборува секогаш ја споменува кризата и нe плаши дека наскоро не очекува нов бран па затоа треба да бидеме единствени бидејки никој нема да ни помогне!! Аман со таа криза. Никој и малку нормален не ја потценува бегалската криза, ама Европа е свесна дека ако не помогне бранот да се запре на нашата граница со Грција тогаш тој бран нема да го сопре ниту една друга држава и ќе заврши во Задна Европа. Ама како што реков на човекот толку му сече умот.

И што сега. Мислам дека странциве (Вашингтон и Брисел) ќе инсистираат аболицијата да се повлече во целост. Дали то а ќе се случи? Прашање за милион долари ама еве за еден денар се „кладам“ дека ќе се случи ама кога „фамилијата“ ќе оцени дека тоа нема да им наштети односно кога последиците би биле минимални за нив. Фактички водството на ВМРО-ДПМНЕ односно „фамилијата“ (ова веќе стана прифатен и популарен термин кај нас) повторно ја игра онаа позната игра или финта „ја фаќа опозицијата на кондиција“. Имено не заборавете дека за некој ден завршува школската година почнуваат летните одмори, понудите за евтини аранжмани за соседна Грција ги има цел куп и онакви какви што сме како народ ќе си речеме море отидов јас на одмор што знам што ќе се случи … Понатаму во оваа година и кусур време неколкупати се потврди дека водството на СДСМ пред се двоецот Заев-Шекеринска немаат капацитет и не знаат како да ја артикулираат предноста која ја имаа со „бомбите и со онаа позитивна и огромана енергија која лани во мај ја имаа од граѓаните. За жал ентропијата си го стори своето. Уште помалку кај нив ќе најдете демократски и државнички капацитет, што би рекол почитуваниот Арсим Зеколи да ги исцедиш на цедилка нема да собереш една лажичка од капацитетот на еден Зоран Ѓинѓиќ, Да не бидам погрешно разбран. Виновник за сегашната состојба во државата е пред се власта. Зошто во овој период од повеќе од една година работите не тргнаа на подобро најголема вина има опозицијата. На пример во овој период водството на СДСМ а пред се Заев повеќе пати ги промени ставовите и размислувањата за конкретни прашања кои произлегуваат од договорот од Пржино. Еве сега тој се откажува и од оној дел од Договорт од Пржино кои се однесува на одделувањето на партијата од државата. Невидена глупост а во истовреме нон стоп водството на СДСМ на протестите зборуваат за партизирана држава. Како што реков сето ова им одговара на ВМРО-ДПМНЕ да ги релативизираат работите да го свртат вниманието на други работи а со тоа да пуштаат времето да работи за нив. На пример сега демек владата се подготвува за некаков акциски план за продолжување на евроинтегративните процеси. Знае некој да наброи колку аакциски планови (на хартија) досега се направени а ние според сите критериуми сме на дното кога станува збор за правна држава и владеење на правото човекови права и слободи и цел куп оние основни демократски принципи без кои не може да припарарите во Европа. И така ќе дојде летото и ќе помине ќе дојде и септември и опа истече времето на СЈО и на трите „Амазонки на правдата“ Катица Фатиме и Ленче. Имено до септември треба да бидат поднесени првите обвинителни акти инаку завршува мандатот на СЈО. А еве веќе влеговме во јуни ајде да речеме ќе се работи и во јули. Август судот оди на одмор и многу брзо ќе дојде и ќе заврши септември. И додека странците (Вашингтон и Брисел се обидуваат сос сите сили да го оживеат договорот од Пржино опозицијата барем досега не гледам со што помагаат тој да се оживее. Ако веќе неколкупати двоецот Заев-Шекеринска велат дека Пржино е мртво слово на хартија тогаш нека понудат нешто ново околу кое ќе се преговара. И за волја на вистината во четвртокот од Гостивар госпоѓа Шеќеринска најави дека во понеделник СДСМ ќе излезе со предлог како да се реши кризата. Ајде ќе го дочекаме и овој понеделник – некако кај нас се навикнавме во понеделниците да ни се случуваат историски настани …

И на крајот не можам а да не го споменам најновиот ликовен дострел на фамилијата во новата партиска зграда. Ако се точни оние “уметнички дела“ кои ги објавија повеќе медиуми навистина можам да речам дека некој ама тотално откачил. Имено сликите се класичен соцреализам во уметноста кои започнува со доаѓањето на болшевичката партија на власт во Русија и во суштина ја опфаќа целокупната културна свера. Од сликарство, литература па до театар и филм. Свој врв доживува во времето на Сталинизмот и познат е како Ждановизам. Кај нас мислам во некогашна СФРЈ со ждановизмот раскрстивме  ако не се лажам на Шестиот конгрес на КПЈ во 1956 година на кој познатиот Хрватски писатаел Мирослав Крлежа во својот реферат едноставно го закопа ждановизмот во Југославија. Јас тогаш бев дете на 6 години и нормано не се сеќавам за овој настан. Ама ова потоа го учев и во средно училиште и на факултет по предметот социјологија на културата. И еве сега доживеав по 60 години жадановизмот повторно на голема врата на пример на слика од 32 метри квадратни да се врати кај нас. Е па среќна нова 1949 година другари од фамилијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com