Со шарената револуција до расплет на кризата? Реалност или!!

Колкав е капацитетот на ДИК а со тоа и на другите државни институции (МВР, Министерството за правда) да направи пречистен избирачки список што е можеби прв услов за кредибилни избори во четвртокот ни објасни еврокомесарот Хан. Имено тој најави формирање на некакво меѓународно експертско тело кое ќе работи на пречистување на избирачкиот список.

И додека ја слушав веста се сетив на нашиот ни министер за надворешни работи Поповски кои деновиве во едно интервју за странски медиум храбро вели дека е добредојден странскиот ангажман за решавање на кризата ама сепак мисли дека тие (странците се мешаат малку повеќе отколку што треба и дека каква влада ќе имаме е наше внатрешно прашање. Ех човеков веќе неколку години е министер ама во абецедата на дипломатијата се уште не стигнал ниту до буквата „Д“ (латинично писмо). И додека министерот Поповски секогаш е барем „шупливо слаткоречив“ со странците, персоната „Хорхе“ кој за жал со нашите гласови е претседател на државата продолжува со своето глупирање кое ја донесе државата во една навистина крајно сериозна состојба како дома така и ви за ви меѓународната заедница. Имено тој „храбро“ изјави за странски медиум, дека ако треба повторно ќе ја направи аболицијата.

Човек се прашува дали е свесен што прави? Мое мислење е дека и те како е свесен ама по се изгледа толку многу се задолжил кај „фамилијата“ па така мора да биде „верен до смрт“ да јаупотребам фразата на еден друг политичар. И така станавме држава во која на пример едно лице Миле е аболициран од страна на Хорхе не еднаш туку четиринаесет пати Гоца екс прва полицајка, инаку позната како „шо праиш“ дванаесет пати и така натаму. Факт е, а тоа деновиве не знам по кој пат Хан  повтори дека аболицијата го урива договорот од Пржино бидејки со аболицијата СЈО едноставно не може да работи. Идентичен став вчера изрече и специјалниот германски пратеник за Македонија Амбасадорот Јоханес Хајндл. Ама за лицето кое ете со наши гласови стана претседател на државата ова не допира. Напротив мртов ладен вели дека пак ќе го стори истотото. Лице или како што јас го нарекувам павлиха (словенечки израз за дворски шут) кој од некогашен активен соросоид од каде што неговата „невладина“ “музеше“ пари сега го напаѓа и Отворено општество и воопшто невладиниот сектор. Да сме си на јасно не сум некој голем поддржувач на нашиот (домашен) невладин сектор, само од една причина. Барем досега се покажаа какопривезоци на одредени партии и далеку се од вистинскиот граѓански концепт. Но и тука има позитивни трендови. Прво тоа се случи со студентскиот форум и студентските протести кои имаа позитивни резултати, а имам чувство дека и сега „Шарената револуција“ има скромни или ако сакате тренд кон вистинско граѓанско движење. Ама останува основната слабост: Силен граѓанскисектор може да егзистира и да се развива и да биде ефикасен само во високо развиена демократија во правна држава и преку самостојни и функционални државни институции. За жал од тоа кај нас нема скоро ништо, а историјата не учи дека пред се правната држава и владеењето на правото може да го имплементираат политичките партии преку парламентот и строгата поделба и самостојност на извршната судската и законодавната власт. Кај нас имаше за еден ден избор на скоро петстотини судии па потоа го имаш тефтерчето на Гоца и така натаму. До каде е урнисанасудската власт и нејзината самостојност се покажа во четвртокот на судењето на Чауш. Имено во судницата полицаец во цивил со камера го снимал судењето. Кога судиката го прашала кој е и за кого снима тој се легитимирал и изјавил дека тој има началник и него го слуша. Судиката сепак имала храброст и да му нареди да ја избрише лентата. Е сега можете ли да замислите во било којаевропска држава ваков полициски безобразлук да се случи. Во таков пример снимателот на „ВАКВИ ПОЛИЦИСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМЧИЊА“ сигурно ќе завршел со лисици од страна на судската полиција, камерата би била запленета како доказен материјал, началникот кој ја идалнаредбата најблаго речено би летал од својата началничка фотеља а министерот за внатрешни работи другиот ден би си дал оставка. Дали некој се прашува дали тој полицаец снимател е обучен и знае што може а што не смее да снима без разлика дали неговиот претпоставен тоа му наредил. Тој има право да одбие наредба која е во спротивност на законот. Дали ќе се истражи кој му наредил на началникот да испрати службеник со камера во судот да снима судско рочиште без за тоа да го известите судот односно да добие дозвола од судот. Како лицето кое немало дозвола од судот влегло во судот и како поминала камерата. Не сите овие прашања ниту медиумите ниту политичките субјекти мислам пред се на политичките партии не реагираат и не верувам дека ќе реагираат нешто по сериозно. Ама затоа опозицијата а богами и медиумите посебно оние „демократските“ растураат околу иницијативата за импичмент. Портпаролот на ДУИ господин Османи за сето ова даде најдобар одговор. Ние како партија ете се солидаризиравме со СДСМ околу поднесувањето на иницијативата за импичмент, ама треба на сите да им биде јасно дека иницијативата заради распоредот на силите во Собранието нема да помине. Ама ете кога опозицијата поточно водството едноставно се изгубени и во времето и во просторот и ова е некаков јалов обид да си го поправиш својот рејтинг. Но да се вратиме на странците и меѓународната заедница. Иако тие кога станува збор за нивниот ангажман кај нас тоа го прават врз два критериуми односно постулати Првиот е решението да биде колку толку институционално а не некакво Украинско сценарио, и вториот постулат е стабилноста на државата а со тоа и на регионот. Факт е дека досега меѓународната заедница мислам пред се на Брисел се однесува опортунистички до Македонија и состојбите кај нас па не само за актуелната ссостојба туку целиот овој период на нашата самостојност. Ама сакам да верувам дека барем оние поважни членкеи на ЕУ сфатиле дека таквото опортуно однесување може како бумеранг да им се удри од глава.

Некој пак рече дека во текстот не го споменав Груевски, Навистина  ама што има ново кај него. Интервјуто во Телеграф ќе речете. Па навистина е „ново“ само во тоа што го проширил и „продлабочил“ својот репертоар на бизарности и типични балкански надреалистички изјави како онаа пример онаа дека сосросоидовите „инструктори‘ на нивните воркшопови ги терале учесниците (сите од опозицијата) да скокаат од маса врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Е де онаа од сто чекори а потоа проширена и надградувана со шарени барокни лаги. Инаку без некои поголеми политички потреси не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати формирање на некаква експертска или не знам каква влада. Една од шпекулациите е дека ЕУ и Вашингтон се подготвени за воведување на ригорозни санкции против поединци да ја „елиминираат“ политички „фамилијата“. Друга шпекулација е дека во јуни може да пукне нова мега бомба. Но и тоа во глемамера треба да се гледа во рамките на оваа наша фолклорна политиканска реалност полна со ситни и ефтини манипулации. Затоа ја подржувам шарената револуција ама со помалку шаренило а посебно без оние „херојски“ акции како што беше она бојадисување на полициската станица Беко

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com