ПУТИН ВО СЛОВЕНИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе допатува во посета (трета по ред) на Република Словенија.

Повод за посетата е отворањето на споменикот на паднатите руски војници на територијата на Словенија за време на двете светски војни. Споменикот кој е  поставен на Љубљанските гробишта претставува осум столбови на кои се исклесани имињата на три илјади руски војници кои во првата и втората светска војна паднале на територијата на Словенија. Над секој од столбовите стои бронзем жерав. Споменикот кои чини околу 400 илјади евра го подига руската заедница која живее во Љубљана. Имено според официјалните податоци во Словенија денеска живеат околу две илјади руски граѓани кои се доселиле во последните десет години. Станува збор за претежно луѓе околу четиресет годишна возраст кои  се сконцентрирани на словенечкото приморје и Љубљана. Инаку Словенија се повеќе станува интересна како туристичка дестинација за Руските туристи. Минатата година ја посетиле над 44 илјади туристи кои претежно го користат бањскиот и здравствениот туризам а статистичките податоци покажуваат дека во просек тие остваруваат дупло повеќе ноќевања отколку другите странски гости.

Инаку Русија за Словенија е многу значаен трговски партнер Минатата година словенечкиот извоз во Русија изнесувал околу 800 милиони евра додека увозот од Русија претежно нафта и гас нешто над 200 милиони евра, односно Словенците имаат суфицит нешто помалку од 600 милиони евра. Инаку во Словенија истакнуваат дека тие сакаат да се вратат на економската размена од 2013 година кога Словенија во Русија извезуваше над една милијарда евра (претежно медицински и фармацевтски производи ама звучи неверојатно и прехранбени производи). И ан крајот да додадеме дека во Словенија која е членка на НАТО и ЕУ на ниту еден политичар или било кој било политички субјект не го поставува прашањето дали сето ова некако ја приближува Словенија во политичка смисла до Русија. Односно уште еднаш се потврдува словенечкиот прагматизам. А тој прагматизам ама и ако сакате продуктивност квалитет и секако умешност најдобро се гледа преку бројки. Во 2015 година Словенија има извоз од 23, 9 милијарди евра а покриеноста на увозот со извозот е над 103 проценти односно суфицит од над 630 милиони евра. Како паралела повеќе отколку нашето последно задолжување со еврообрзницата плус каматите.

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com