Пржино по втор пат…или?!

И така персоната која ете со наша ( на граѓаните) “волја“  веќе втор мандат формално е  претседател, а фактички е  сламната кукла је повлече аболицијата за сите аболирани. Овој човек, Хорхе, фикус, павлиха, или веќе не е ни битно како ќе го именувате, ако некој верува дека сето ова го направи “самоиницијативно“  е во голема забуда  Се сеќавата тој овој потез го објаснуваше демек го направил со некаква си цел да се постигне  помирување помеѓу политичките субјекти како прв чекор кој би создал услови за фер и кредибилни избори, а со тоа и крај наполитичката криза. Во суштина зад сето ова се криеше конкретен план на “фамилијата“  за да се остварат неколу цели.

Прво да се купи време и тоа од две причини. Да се покаже, пред се, на своите “слаби карики“ дека тие можат на овој или на оној начин да ги заштитат пред раката на правдата но затоа мораат да покажат максимална лојалност, во спротивно се можно па и самоубиства… Понатаму да се купи време за натамошно споткопување на работата на СЈО, и зацврстување на својта контрола врз судската власт.  И нормално пред своето членство да се покаже “колку сме јаки никој ништо не ни може“, додека пред меѓународната јавност да се покаже  како  тие (фамилијата) се кооперативни, се за владеење на правото ама ете “шефот на државата“ сакал да направи позитивен политички чекор. Во суштина како што веќе споменав, станува збор за добро смислен и  во голме мера успешно реализиран типичен балканско-бизантиски план кои одговара на нашето поличко милје. Велам успешен пред се благодарејќи на неспособноста на опозицијата поточно двоецот Шекеринска –Заев. Сетете се само  колку контрадикторни изјави и ставови имаше лидерот на СДСМ Заев, од потпишувањето на Догворот од Пржино па до денес. На пример еден од најсвежите “бисери“ му беше даден, ако не се лажам пред две недели кога рече дека СДСМ се откажува од условот одделување на партијата од државата демек со Груевски тоа не било можно да се постигне. Па ако е така кај ти беше паметот кога преговараше би прашала мојата покојна баба. Гледано реално веќе подолго време опозицијата или поточно двоецот Зав-Шекеринска на површината на нашата политичка мочвара за да не се удават, ги држат пред се граѓаите поточно Шарената револуција која, можеби наивно верувам, се повеќе има пред се граѓанска димензија, а многу помалку идеолошка па ако саката и конкретна политичка програма.  Но се поставува прашањето дали е тоа доволно. Кога велам доволно не мислам на класична промена на оваа владеачка гарнитура со веќе видена политичка елита. Мислам дека без започнување на  долгорочен процес на демократизација на општеството, кое ќе ги опфати сите сфери од општите и индивидуалните човекови права и слободи, патем тука се и медиумите и слободата на изразување неможе да се зборува за некави промени. Понатаму, без сериозен  процес на  rebuilding (темелна реконструкција на државата и државните институции) со што државата државни институции наместо сегашната реалност која се манисфестира само како сервис на партијата на власт, а не се трансформираат во сервис на граѓаните нема да може да се врати довербата во државата, а со тоа и владеењето на правото. И на крајот  додека државната администрација од класични партиски војници не се трансформираа во public servant (јавен слуга) без  притоа некој да им се заканува  “кога ќе дојдеме на власт ние ќе  јадеме живи луѓе“, се она што сега позитивно  се случува и ајде патетично да речам се раѓа, за жал ќе заврши само како уште една историска  фарса, иако се плашам дека поблиску во тој случај би биле до историска трагедија отколку фарса.  И сега кога странците тријат задоволно раце демек Пржино ја надмина клиничката смрт и полека се враќа во “кондиција“ и кога веќе не споменуваат датум за избори туку пред се услови за фер и кредибилни избори Заев “тропа“ дека можни се избори релативно брзо некаде во септември или октомври.  ВМРО-ДПМНЕ заедно со елитата на ДУИ,  повторно благодарејки на перфектно наученото балканско бизантиско владеење успешно накалемено на обуките на Конард Аденауер повторно барем според мене се во одредена предност. Сега вниманието повторно се одвлекува кон некава техничка односно  експертска влада секако со “експерти“ од СДСМ, ама притоа бара СДСМ  да го признае избирачкиот список како пречистен. Иако СДСМ и Заев овој услов го одбија сепак фактот дека има тајни преговори токму околу таа можна нова влада по се изгледа Заев и политичкото водство на СДСМ ја лапнале јадицата како клен на дудинка. Навистина е трагикомично до вчера ВМРО-ДПМНЕ барем декларативно беше за избори што е можно побрзо, а сега СДСМ инсистира на избори на есен. Понатаму, дали не е време да се прашаме зошто само кај нас и во едни вакви би се рекло “иделани“ политички услови и состојби не се појавуваат нови политички субјекти (приота мислам и кај македонскиот и кај албанскиот електорат) На пример во последниве 25 години и кај државите кои беа од другата страна на железната завеса и новонастанатите држави се појавија и се појавуваат нови политички субјекти. Дури и во “старите“ европски демократии“ се појавуваат нови политички субјекти и тоа во целиот политички спектар од левица па до десница. Само ние стоиме на исто. Ајде ВМРО-ДПМНЕ или поточно актулното водство е авторитарно не демекратско и така можам да набројувам цел куп негативни епитети. Ама каде е демократскиот капацитет на двоецот  Заев- Шекеринска  и на актуелното водство на СДСМ. Зарем заборавивме како Заев и Груевски најлесно и најбргу се договорија за ефтини козметички поравки на изборнот модел задржувајки си ја својата монополна политичка позиција. И досега ниту Заев ниту Груевски не го споменуваат изборниот модел додека за се друго се препукуваат.  Заоа сега кога странциве изразуваат умерен оптимизам околу  “остварувањето“ на Договорот од Пржино сепак овој пат поблиска ми е оценката на господин Мендух Тачи кои отворено рече дека повторно секој Договорот си го чита и разбира како што нему му одговара и дека не верува на овој начин нешто позитивно да се промени во владеењето и состојбите во Македонија. И сега што понатаму Шарената ќе профолжи, ВМРО-ДПМНЕ ги отваара вратите на седиштето на партијата и верните посетители ќе се восхитуваат на соцреалистичкото сликарство а можеми првите пера на новинарите патриоти ќе удрат и по некој коментар или емисија за големиот допринос на жадановизмот во културата….

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com