ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА НЕ СЕ РЕШАВА СО ЧОКОЛАДАТА НА СТАВРЕВСКИ

И сега кога го слушам Ставревски кој зборува како типично фолклорен балкански политикант а не како вистински министер за финансии, каков е во споменатите бомби, се прашувам што сега ми продава. Леб, чоколада или се обидува да ja спасува „фамилијата“

Според министерот за финансии Ставревски ако немавме политичка криза економскиот раст ќе бил цели 5 проценти. И верувајте веднаш се сетив на онаа бомба на Заев односно лепени креирани и монтирани незаконски прислушувања во која Ставревски разговара со ново печениот Д-р Гордана Јанкулоска инаку екс Министер за внатрешни работи позната во бомбите на Заев како „шо праиш“ … Е во споменатата „бомба“ Ставревски се жали на Горде и вели „абе ние навистина забегавме, немаме пари за леб а купуваме чоколада“. И сега кога го слушам Ставревски кој зборува како типично фолклорен балкански политикант а не како вистински министер за финансии, каков е во споменатите бомби, се прашувам што сега ми продава. Леб, чоколада или се обидува да ja спасува „фамилијата“ за која заедно со новопечената Д-р Јанкулоска велат дека се забегани. И кога веќе ја споменав Јанкулоска на госпоѓата изгледа ѕвездите и се наклонети ете само во десетина дена од претседателот доби Аболиција и сега може мирно да спие, и стана Д-р на науки. Нема да ме изненади наскоро да стане и професор на некои од пола дузина државни универзитети … ама да се вратиме на тие 5 проценти економски раст кој ете нема да се случи поради политичката криза. Ама да се праша Ставревски кој ја предизвика кризата, кој „купувал чоколади“ а сме немале за леб. Еве признавам со Ставревски не сум дораснат да водам дебата за економски прашања бидејќи знам дека тој е многу добар макро економист. Ама со големо задоволство би дебатирал за политичката криза бидејќи без трунка лажна скромност тој останал на ниво на балканскиот политикантски фолклор. Прво за оние кои ова го читаат еве малку бројки кои и за нас кои ете не сме економсти сепак се многу разбирливи. Македонија со својата територија прставува само 0,6% од територијата на ЕУ, а за жал немаме ниту излез на мора, ама немаме ниту било какви стратешки инфраструктурсни или транспортни коридори, на пример нафтовод или гасовод, железница и патната поврзаност и така натаму За коридорот исток-запад можеме само да зборуваме преку провизијата од „жутите“, се сеќавате нели на таа бомба. Понатаму македонскиот БДП (бруто домашен производ) е 0,1% во однос на БДП на ЕУ. Еве толку околу бројките и успесите кои ни ги продава Ставревски вели дека Македонија не смее да го изгуби имиџот на земја со добар бизнис амбиент. Е па зарем Аболицијата на Иванов со која се опфатени и личности за кои истиот тој Ставревски кога зборува како економист а не политикант вели дека се до даска корумпирани (Талевски) а на „шефот на фамилијата“ сакал телефонот да му го удри од глава, не го руши тој имиџ за кој политикантот Ставревски сега зборува. Да сега некој ќе рече ама тоа се незаконски лепени и креирани бомби на Заев.

А што ќе рече Ставревски на најновиот извештај на Фридом Хаус според кој Македонија и Турција се единствени држави од регионот кој спаѓаат во групата на целосно неслободни држави кога станува збор за положбата на медиумите А да го прашам Ставревски колку пари директно или индиректно отидоа кај патриотските медиуми и новинари од буџетот. Ама за сето ова досега мојата дребност но и многу други за ова сме пишувале и јавно зборувале

. Прашање на кое не знаеме или не сакаме да одговориме дури и да прогнозираме е како и кога ќе се реши оваа криза која полека но сигурно ja води државата во најблаго речено неизвесна иднина. Мислам дека би био најлошо ако кризата се реши вониситуционално и мислам дека тоа нема да го дозволат странците, (читај ЕУ и САД). Но за да дојде до тоа институционално решавање на кризата, потребен е многу помасовен и поартикулиран ангажман на нас граѓаните.  Понатаму Иванов,  мора веднаш да ја повлече одлуката за аболиција, со што ќе се деблокира работата на СЈО што е еден од условите на доогворот од Пржино току во правец на институционалното решавање на кризата. Во истовреме мислам пред се во ВМРО-ДПМНЕ е дојдено времето за ајде да речеме внатрешна револуција. Имено во ВМРО-ДПМНЕ има млада интелектуална група на членство, која ја нема ниту во бомбите и која ја барем јас така мислам нема што би рекол народот путер на глава. Прашање е дали во моментов таа група ја има онаа потребна критична маса која може да ја направи таа внатрешно партиска револуција или диференцијација, и  партискаата “фамилија“ да ја тргне од партијапа и политиката и да ја препушти на надлежните институции.  Во спротивно на  ВМРО-ДПМНЕ ќе му се случи повторно Панорама, односно уште еднаш ќе се повтори историското проклетство на ВМРО. Што се однесува до СДСМ лично ја признаван храброста на господин Заев кој со бомбите го сруши митот за недопирливоста на „фамилијата, Но според мене до тука е чергичето на Заев заедно со Шекеринска. Тоа што навистина изненадува е фактот дека во секоја друга европска држава во една ваква политичка состојба би се појавила нова или нови политички субјекти како на левиот така и на десниот политички простор. За жал кај нас тоа го нема што според мене е само уште едно доказ дека ние спаѓаме во групата на таканаречени неисториски народи кои создаваат историја но ништо не учат од неа. А тоа на почетокот се повторува и манифестира како фарса која знае долго да трае, кај нас цели 25 години, а по правило завршува со заминување на историското буниште.  А каде ќе ни биде крајот без разлика колку некој однадвор се труди “да ни помогне“ сепак зависи исклучиво од нас граѓаните.

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com