Не гледај ме мене…

…Намерно ме де концентрираш, ќе гледам во таван“ ова е дел од препукувањето помеѓу двете госпоѓи (Дума и Бонева) членови на ДИК не седницата на која се расправаше па приговорите од Беса и СДСМ. Самата седница помина типично за нашата политичка (не)култура препукување меѓу членовите за се и сешто еден дискутира уште два-тројца му упаѓаат во збор. Сепак нај трагикомично беше околу примерот од шестата изборна единица, каде што според приговорот на Беса на една жена и било оневозможено да гласа и било речено дека таа веќе гласала.

И комедијата започна пред камерите на неколку телевизии кои цел ден вршеа директен пренос. Одеднаш членовите се трансформираа во истражен орган дури и аматерски експерти графолози. Отидоа до таму да едни бараа графолошко вештачење а госпоѓа Бонева дури бараше гласачот, жена на скоро осумдесет години да оди на полиграф!! И како се загреваше атмосферата во ДИК така „спонтано“ започна собирање пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ загрижени ДИК да не ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ. Па така во духот на нашиот балкански политички фолклор се наслушавме од закани како што беше онаа Ќосето е жив тука. Па демек СДСМ и Заев добиле албански гласови каде што било нај тврдото крило на УЧК, а патем се заборава дека 8 години Груевски е во политичка љубов со командантот на УЧК Ахмети. А нормално фолклор без песна од новопатриотскиот маштап и без оро нема опа затоа и тоа го видовме на споменатиот „спонтан“ протест. И според мене капак на овие фолклорни политикантски флоскули беше нападот врз Амбасадорот Бејли демек да не се меша во внатрешните работи на државата… Еве уште еден доказ дека ние не учиме од сопствената историја. Сетете се кога се палеше амбасадата на САД во не толку далечна 1999 иако тогаш главна беше една странска служба со сесрдна помош од „Ало началниче“, како потоа се развиваа работите кај нас, а се заокружија со Охридскиот рамковен договор.

Како и да е сето ова покажува дека кај нас од институции без разлика дали станува за ДИК или некој друга државна институција нема во суштина ниту „И“. Односно одамна ние немаме вистински функционални институции а со тоа и функционална држава, која во минатото најдобро функционираше преку ониe „историски“ реченица „А сега шу праиме“ или “Миле ми текна“ и нај јаката  “Абе ние сме лудаци немаме пари за леб а купуваме чоколадо“.

Но дозволете да се вратам на овие спонтани собири. Имено тие се повеќе наменети да се покаже пред меѓународната јавност дека стабилноста во државата а со тоа во регионот ја држи Груевски и секако тука е Али со својата ДУИ. Имено Груевски игра на картата дека досега меѓународната заедница секогаш како вредност и стандард, безбедноста ја ставаше пред демократијата, правната држава, и човековите права и слободи. Само погледнете деновиве нашиот „демек прв дипломат“ во Брисел повторно зборува за некаков нов бегалски бран. Односно ако не е Груевски на власт безбедноста во државата ќе се наруши ете ги бегалците пред портите на Брисел, Берлин, односно бегалците ќе ја преплават Европа. Да ама по се изгледа оваа веќе не пали. Амбасадорот на Шведска кај нас, деновиве беше многу јасен. Граѓаните на Македонија гласаа за промени изјави тој. И немој да мислите дека е тоа некако спонтана  случајна изјава на еден Амбасадор, или дека тоа е став само на една држава.

Понатаму посетата на лидерите на албанските партии во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. И тука господин Ахмети направи лоша проценка и прво ја одби поканата. Ама откако лидерите на Беса и на Алијансата на Албанците имаа средба со Рама, Ахмети се предомисли или пак некои други го убедија и тој во четвртокот се сретна со премиерот Рама. Иако од средбите стигаат многу штури соопштенија Рама сигурно пренел и некои пораки зад кои стои меѓународната заедница.

Проблемот е во тоа колку Груевски ама и Ахмети не се подготвени да ја прифатат реалноста во која се тие самите како политичари, нивните партии, ама и целата држава. Факт е дека лостовите на власта подобро речено на силата сè уште се во рацете на Груевски но и на неговиот коалициски партнер. И тука е таа многу реална опција дека ни престои еден период на општествена напнатост, несигурност па ако саката и на одредени немири со помал или поголем интензитет. Но сега сите нас не интересира кој ќе прави влада и со кого. Имајќи го предвид тесниот резултат се има впечаток дека ние сме сега како што беше Шпанија неодамна. Но за жал ние немаме време а уште помалку политичка волја и култура за таков след на развој и разрешница на сегашната состојба. Затоа е потребно што побргу да се конституира Собранието а потоа работите да се развиваат според Уставот, законите а и досегашната практика. Тоа значи дека врз основа на изборните резултати мандатот да го добие оној кој има најмногу пратенички места. На ваков тесен резултат постои и можност да се примени хрватскиот модел каде што претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ поради тесниот резултат јавно настапи и кажа дека мандатот ќе го добие оној кој ќе донесе потписи од пратеници со што обезбедува мнозинство во парламентот. Но нашиот ни претседник фикус такво нешто нема сигурно да направи.

И сега е прашањето дали Груевски и Ахмети можат да направат влада бидејќи според неофицијалните резилтати имаат 61 пратеник. Дали е можно да им се приклучи на пример ДПА со своите два пратеника?? Сета оваа комбинаторика е легална и легитимна. Затоа Заев кој поред својата храброст покажува дека често му се случува јазикот да му биде побрз од мислата, греши кога вели Груевски не може да прави влада односно ги предупредува другите партии да не одат со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна ако Груевски не успее да обезбеди парламентарно мнозинство а со тоа и Влада Заев има право да добие мандат и со тоа можност да направи тој Влада односно да обезбеди мнозинство во Собранието. И во едниот и во другиот пример тогаш ќе имаме политичка влада која ќе има и политичка одговорност за тоа што треба најбрзо да се направи. Да потсетам на забелешките од Прибе и извештајот на Европската Комисија. СЈО и во двата документи е приоритет, заедно со длабоки реформи на судската власт. Затоа мислам дека на Македонија токму сега и е потребна политичка Влада (без разлика кој ќе ја прави) која со вистински приоритети на својата програма иако со тесно мнозинство ќе добие и поширока поддршка во парламентот. Секако таква влада може да ја прави ВМРО-ДПМНЕ ама без Груевски како премиер. Може да ја прави и СДСМ ама мислам дека за сите нас би било многу подобро ако двоецот Заев Шекеринска останат на ниво на градоначалник односно пратеник! Има односно се зборува и за трета опција а тоа е некаква концентрациона односно експертска влада.Опција која мислам дека не е добра за Македонија, само сетете се како (не)функционираше Владата на премиерот во заминување со министри и заменици министри од СДСМ. Ако се формира таква влада тогаш ќе треба меѓународната заедница постојано да бдее врз партиите и нивните суетни лидери.. Како и да е не чека неизвесен и за жал несигурен период. За почеток навистина би било добро кога водството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја повлече одлуката за “спонтани собири и протести“. Од друга страна би било добро Заев да недели лекции што се смее а што не. ДУИ, Беса, Алијансата за Албанците и ДПА односно нивните лидери да разберат дека гласовите што ги добија од албанските сограѓани ама и оние албански гласови кои отидоа во СДСМ се гласови пред се за подобар живот овде во Македонија како заедничка држава на сите нас кои тука живееме. Ех уште тоа да го сфатат искрено нашите суетни политичари! Тешко, посебно оние на кои што би рекол народот им гори под нозе. А во таа суетност и бескрупулозност се плашам дека ние граѓаните кои се повеке се однесуваме како овци најмногу ќе се опечеме.

Тодор Пендаров

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com