МАЧКИЕ НА ВАНХАУТЕ

Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус

И така во вторникот (23) на черек ( 15 минути) до полноќ беше донесена одлука со која изборите се пролонгираат на 5 јуни а со тоа и распуштањето на парламентотда се помести на 7 април. Целата оваа “политчко правна операција“ на која можеме слободно да ја именуваме “Мачките на Ванхауте“ се одвиваше строго според нашие балкански фолклорнополитикански обичаји. Барање за пролонгирање на изборите (оправдано поради неисполнување на договорот од Пржино) бараше СДСМ. Странците до последен момент “жилавеа“ со објавувањето на извештајот дали се исполнети условите од договорот од Пржино за фер демократски и кредибилни избори. ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ црвсти како “гранитна карпа“ не сакаа да слушнат за било каково одлагање на изборите. И во една ваква “балканска напната“ атмосфера олеснувачот Ванхауте со својте мачки секој ден ни “твиташе“ и колку толку ја развеселуваше домашната јавност, барем нас кои ајде условно да речам спаѓаме во групата на сеирџии. Но бидејки ние живееме помеѓу две парадигми ( демократија или стабилност) со тоа што за странците е битна само стабилноста па така демократијата одамна е ставена на слеп колосек, меѓунардоните фактрои кога оценија дека токму стабилноста може да биде загрозена ( бојкот на избори и можности за внатрешни немири плус состојбите во регионот, бегалската криза) работите се сменија за неполни 36 часа. Прво “големиот брат“ и нашиот стратешки партнер Вашингтон преку својот преставник Амбасадорот Бејли го покани ајде да речеме на чај лидерот на ДУИ Али Ахмети. Бидејки во западниот (капиталистички) свет нема ништо џабе господинот Ахмети после неколку часовното “густирање“ на повеќе “врсти“ на чај пред новинарите изјави дека за да се одржат изборите на 24 април како што беше запишано во Догворот од Пржино сепак мора да има консензус на сите четири партии!??!?!?!И рабатата тргна. Во вторикот (23 фенруар) во Собранието беше поднесена иницијатива од пратениците на ДУИ потпомогнати од пратениците на ДПА за вонредна седница на која ќе се повлече одлуката на Собранието за негово распуштање кое требаше да биде на 24 фебруари и да се донесе и нов тајминг, Собранието да се распушти на 7 април а изборите наместо на 24 април да се одржат на 5 јуни. Гласњате за оваа иницијатива на која не се потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ исто така беше типично на нашата фолорна политичка култура. Пратениците на СДСМ не гласаа иако тие бараа одлагање на распуштањето на Собранието и пролонгирање на изборите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како “поп сарма“ го голтнаа својот став одиме на избори на 24 април и вечерта гласаа за одложување на изборите, а секако зеленото копче го притисна и пратениците на ДУИ ДПА, понатаму Павле Трајанов и Лилјана Поповска На истата седница претседателот на Собранието констатира дека оставките на таканаречените технички министри и заменици кои доаѓаат од СДСМ поднесени истиот ден пред седницата биле повлечени што значи остануваат во владата на техничкиот премиер Димитриев задолжен за подготовки и изведување на изборите. . И уште што би се рекло не се осуши мастилот на указот на претседаателот на Собранието на овие измени и дополнувања на одлуката ама и на Законот за избори ни се јавија партиските лидери. Заев триумфално изјави дека ете по незнам кој пат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ морале под силата на аргументите да ги повлечат своите ставови и цврсти ветувања, дека одлагања нема да има. СДСМ е за фер и демократски избори во оној момент кога ДИК ќе изјави дека изборачкиот список е пречистен и кога ќе се исполнат сите обврски од договорот од Пржино. А ние нема да дозволиме да се случат уште едни криминални избор истакна Заев. Груевски во својата изјава повтроно ја повтори онаа своја веќе огулена фраза дека за доброто на народот и на државата ете ВМРО-ДПМНЕ овој пат попуштило на опозицијата. Ние то го правиме тоа бидејки нашата сила е во народот и произлегува од народот!! Груевски се пофали дека меѓународната заедница му ветила дека нови пролонгирања нема да има, дека дури нема да има нов извештај за имлеменатцијата на договорот од Пржино. Исто така се пофали дека коалицискиот партнер Ахмети “свечено“ му ветил дека и тој нема да прифати ново одложување на изборите!?? Во меѓувреме Ванхауте и неговите мачки продолжија да ни твитаат осликувајки ја можеби малку цинично но реално нашата состојба.
Сега ајде малку подетално да ги анализираме изјавите на Груевски и Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема повеке одложувања и дека на 5 јуни народот референдумски ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Добро ама се прашувам што со забелешките кои ги нотираше меѓународната заедница (читај Вашингтон и Брисел) и врз кои забелешки ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ мораа да прифатат одложување на изборите. Дали пречистувањето на избирачкиот список, понатаму решение за медиумите и одделувањето на партијата од државата како критериуми за фер и демократски избори меѓународната заедница ги избиша? Барем јас мислам дека не, барем засега, иако последната изјава на Амбасадорот Бејли за медиумите повеќе ми личи на она што вика народот ни риба ни девојка. Дали владејачката коалиција “охрабрена“ од ветувањата (ако биле воопшто дадени) дека нема да има нов извештај сега ќе се обиде институционално да го елиминира Договорот од Пржино. Погледнете само како судот се однесува од СЈО и Катица Јанева. Понатаму не е случајно дека веднаш по изјавата на Груевски Уставниот суд покренува иницијатива за оценување на уставноста на Законот за помилување во која иницијатива се бара Претседателот да помилува лица осудени и из изборни неправилности. Е богами со ова ВМРО-ДПМНЕ се пука самиот во нога. Само една паралела. ВМРО-ДПМНЕ кога се “натегаше“ со мачките на Ванхауте околу законот за медиуми изјави дека тие ќе прифатат нов закон за медиуми кои го има било која европска држава. Е па сега нека одговри ВМРО-ДПМНЕ во која европска држава се дава можност да бидат помилувани осудени лица за изборни нерегуларнсоти!? Зарем тоа не имлицира дека посредно, амнестирате нерегуларни избори во целсот. А да не заборавиме да бираш и да бидеш биран е едно од основните човекови права и тел на парламентарната демократија. И сега ајде речете дека Ванхауте не беше во право кога на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за европски закон за медиуми директно и без влакна на јазикот одговори да тоа е убаво ама вие како држава и општество не сте зрели за европски закон. И по незнам кој пат ни се повтрува истата фарса. Само да споменеме дека одлуката во Уставниот суд е донесена со тесно мнозинство 5:4 што зборува за партизацијата на Уставниот суд Во секоја нормана држава после ваква одлука прво сите професори на правниот факултет па не само во Скопје туку и од друготе универзитети без разлика дали се државни или приватни ќе излезеа на протести против ваква неуставна одлука која го дерогира не само Уставот туку воопшто правната наука. Кај нас се се сведе на протести од страна на граѓани и невладини организации ( власта повторно ќе рече дека се тоа инструментализирани од СДСМ и соросоиди).
Како и да е мислам дека на 5јуни ќе иаме избори Дали СДСМ ќе оди на нив или не во моментов поблиску а ми е опцијата дека нема да одат но и со СДСМ и без нив ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе победат. Но веќе напишав пред скоро два месеци дека таа победа ќе има краток здив. Се се плашам дека ВМРО-ДПМНЕ поточно неговото најтесно водство се повеќе скршнува кон “Панорама“. Ама тоа е кога не се учиш од сопствената историја, таа ке ти ќе се повтри прво како фарса…..

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com