Курварлукот на Европа

 

 

И така старата „ороспија“ Европа пак не зафркна. Иако Д-р Наташа Габер Дамјановска еден од трите наши кандидати за судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбург од стручната комисија доби најмногу гласови Парламентарното Собрание на Европа со мнозинство гласови го избра Јован Илиевски обвинител инаку многу повеќе познат како „баџо“ на господин Мијалков. И одеднаш на социјалните мрежи и портали лавина од коментари и постови за непринципиелноста на Европа. Патем и јас бев гневен и уште сум гневен зошто на помина Д-р Наташа Габер Дамјановска. Ама тој гнев не е толку упатен до Европа која патем не за џабе во политичките кругови дискретно се именува како „стара курва“ (се извинувам на сите сексуални работнички кои нај поштено и често пати многу опасно си го заработуваат своето парче леб). Мојот гнев е упатен пред се до нашите, поточно до опозицијата која не стори ништо или многу малку меѓу пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да излобира за Д-р Габер. Имено факт е дека нашата делегација во ПС на Советот на Европа ја сочинуваат тројца пратеници и тоа Александар Николовски како шрф на делегацијата, потоа Д-р Рената Дескоска и Ермира Мехмети. Самиот резултат на гласањето 108 за господин Илиевски и 86 за Д-р Габер јасно зборува дека Николовски и воопшто ВМРО-ДПМНЕ одлично лобирале што е легално. Да биде парадоксот поголем Во Парламентарното Собрание на Советот на Европа социјал демократите потоа Европските либерални демократи и Европската левица имаат заедно повеќе пратеници од пратеници на народните партии плус конзервативните партии односно крајната десница. Со други зборови додека ВМРО-ДПМНЕ работел на лобирање кај своите, нашиве социјалдемократи се однесувале како „салонски револуционери“. Е па резултатот е видлив господин Илиевски е избран за судија на Европскиот суд за човекови права, Д-р Габер останува дома, што лично мислам дека во овие моменти барем кога станува збор за Уставниот Суд можеби е добро Д-р Наташа Габер Дамјановска да остане дома.

Навистина не можам да прифатам дека ние како јавност, посебно политичките елити кои во овие 25 години едни помалку други повеќе ја водеа државата не научија дека за Европа како стара политичка ороспија, интерестие вакви или онакви биле и се уште се пред принципите на демократија, владеење на правото слободата на изразувањето односно човековите права и слободи. Дури звучи и по малку трагикомично кога таа иста Европа од своите центри како што се Стразбург или Брисел стално не учат на почитување на овие принципи, ама иако нашите политички елити во овие 25 години се покажаа како многу лоши ученици Брисел и Стразбург не само што ги толерираат туку и активно соработуваат со нив. Патем истот важи и за Вашингтон или подобро речено америте се креатори на таквата политика.

И ако ова со изборот на „баџанакот“ беше првото разочарување што неделава ни го приреди старата ороспија Европа во петокот во една блиц крик посета истото можеби по горко разочарување ни го приреди Хан. За разлика од неговите претходници Чехот Филе и скандинавецот Оли Рен, Хан како комесар на ЕУ е еден типичен бриселски бирократ. Производ од неговото работење е само неговата плата и толку. Нејсе Хан дојде успеа да  се сретне сосе  се живо што во моментов е актуелна на нашата фолклорна политичка сцена одржа дури и прес конференција и си замина. Од сето ова две работи ми оставија каков таков впечаток На конференцијата Хан истакна дека СЈО треба да продолжи да работи и да има поддршка од сите државни и политички субјекти и додаде “Важно е СЈО да работи независно, професионално и непристрасно, а притоа да не се злоупотребува нивната работа – нагласи Хан. Реченица која верувајте односно оној втор дел, (непристрасно и да не се злоупотребува нивната работа) спин докторите на владејачката партија максимално ќе ги искористат. Се друго од посетата на Хан беше она класична бла, бла, бла веќе видено слушната на стотина пати. Е сега ќе речете а што е тоа другото кое ми оставило впечаток. Тоа беше настапот на онаа позната дама од бомбите на Заев кога резигнирано најавува дека ќе се повлече од јавноста и ќе живее како мечка за време на зимскиот сон. Се сеќавате тогаш познатиот „Ало началниче“ ја теши дека нема да и биде тешко со две илјади евра месечна плата да преживее. И ете зимскиот сон помина и дамата средена што би се рекло како да излегла од бутик, ни објасни дека му објаснила на Еврокомесарот Хан дека во државата се е во ред и исполнети се сите услови за избори. Тоа што нечини е  Ад хок телото за медиуми кое работи пристранско односно против медиумите кои не ги контролира Заев и опозицијата. Понатаму го информирала Хан дека СЈО работи под диктат на Заев и опозицијата и се бави само со една политичка партија и дека зад сето ова стојат соросоидите и секако Сорос. Не знам како ова го разбрал Хан дури ајде да речеме со одредена доза на разбирање. Ама оваа дама заборава дека претставникот на ЕУ кај нас Амбасадорот Жбогар вакви фолклорни изјави и обвинувања зад кои стојат пред се лукративни (тендерски) интереси се има наслушано и видено цел куп во својата дипломатска кариера и такво нешто не поминува кај него.

Како и да на почетокот на идната недела со голема сигурност треба да очекуваме распуштање на парламентот, што е прв чекор кон изборите на 11 декември. Дали тие ќе се одржат? Одговорот би бил некако во духот на она дали чашата е до пола празна или до пола полна. Во секој случај од понеделник очекувајте да блика нашата фолклорна политичка култура во онаа нај грда слика која неколкупати ја имаме видено. А ако има избори тие од технички аспект странците ќе ги оценат како кредибилни… а по нив ако некој мисли дека кризата која ја живееме веќе две години ќе реши е тогаш дебело се лаже. Ајде ние постарите на ова си се навикнавме ама за младите. E па старата ороспија Европа секогаш сакала млади убави и образовани луѓе.

Тодор Пендаров

 

 

 

 

 

 

 

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com