Корумпирана Јустиција

 

Навистина како оштетсво како држава и државни институции од ден на ден тонеме се повеќе во живиот песок. Тоа што се случуваше неделава и сѐ уште трае (Собраниската Комисија за политички систем која го разгледува извештајот на СЈО) покажува колку кај нас се урнисан  вредностниот систем на политиката култура која започнува со домашното воспитување. Понатаму колку далеку сме од оние минимални демократски и парламентарни стандарди од елементарно почитување на правото и законите без кои не може да имаме барем минимални функционални институции. Неделава по не знам кој пат македонското новинарство а со тоа и македонските медиуми ја покажаа својата мизерна професионалност како и тотално непочитување на основните етички вредности. А се започна со она “несреќно интервју“ на Специјалната обвинителка Катица Јанева. Самото интервју беше навистина бледо како од страна на госпоѓата Јанева така и од новинарот. За жал потоа на некои од патриотските портали се најде сировиот материјал додека се снимало интервјуто и тоа беше објавено. Што навистина ја покажува бедата на македонското новинарство. Програмски директор на МРТВ народот за вакви би рекол “гревче“ наместо да отвори постапка за да се открие како дошло интервјуто во “туѓи раце“ дава некои неболузни изјави. И одеднаш лавината против Јанева тргна од тоа да нема капацитет за функцијата па се до тоа дека работи под диктат на опозицијата и на Заев! И потоа “политиканскиот циркус“ се пресели во Комисијата за Политички систем каде што Катица Јанева го претстави извештајот за нејзината работа односно на СЈО. Јасно беше дека мнозинството на нож ќе ја чека Специјалната Јавна Обвинителка ама госпоѓа Јанева направи голема грешка кога врз основа на индиции за изборни нерегуларност изјави дека Собранието нема легитимитет. И повторно онаа балканска фолклорна политичка култура. Ден и половина се расправаа со процедурални забелешки ма викање дофрлување на моменти и по некоја навреда патем на Собранискиот канал беше реемитуван целиот досегашен тек на седницата. Прашање е дали за викендов Комисијата ќе ја заврши расправата по извештајот од СЈО а Републичкиот јавен обвинител Зврлевски чека неговиот извештај да дојде на ред и нормално тогаш опозицијата ќе биде
“главна“. Секако со над деведесет посто ист вокабулар и фолклор како мнозинството. Фактички од оваа седница можеме да повлечеме два заклучока. Јаанева бара три работи измена на Законот за заштитени сведоци, укинување на членот од Законот за Специјално Јавно обвинителство кој го регулира работењето на СЈО на само 18 месеци. Кога се носеше законот односно по првиот договор од Пржино мојата дребност но и други напишавме дека 18 месеци се малку. Ама тогаш опозицијата поточно двоецот Заев-Шекеринска не убедуваа како е свршена работата со “фамилијата“ секако од правен аспект. И третото барање е имплементација на забелешките од Венецијанската комисија. Власта односно мнозинството јасно кажа дека кај нив нема расположение да се прифатат овие барања на Катица Јанева. Ама немојте ова да гО земате здраво за готово. Ако странците (Вашингтон и Брисел) испрати “сигнали“ дека тоа треба да се направи мнозинството тоа ќе го стори односно народот би рекол “ќе го проголта како поп сарма“

И ајде сега ова да го анализираме. Патем мислам во Македонија многу тешко можете да правите квалитетни анализи бидејќи кај нас со оние познати алатки и методологија кои се употребуваат за анализи на состојбите во нормалните држави не можете многу да си помогнете односно сѐ се сведува на шпекулации и ајде на лични претпоставки и прогнози. Само по себе се наметнува дилемата дали ова треба да се сфати ајде спортски да речеме, партиите фаќаат залет за оној “судбоносен“ скок на 11 декември кога би требало да имаме избори. При тоа треба да бидеме барем малку реални ама власта односно ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување покажува дека се наоѓа во една по комотна состојба. Од друга страна опозицијата по се изгледа дека е во некаков грч, а со згрчени мускули не можете далеку да скокнете. По се изгледа дека анкетите кои ги прават и двете страни сѐ уште покажуваат предност на страна на ВМРО – ДПМНЕ. Навистина има позитивен тренд кај опозицијата но далеку се да претставуваат сериозна закана за промена на власта.

Опозицијата, поточно лидерите на СДСМ, не успеа во својот „наратив“ дека тие се некаков нов месија кои ете ќе не спаси од злото наречено “фамилија“. Наратив кои го градеа прво преку бомбите, а кои во секоја нормална држава одамна ќе ја одуваа актуелната власт. Да ама опозицијата тоа требаше да го предвиди уште пред потпишувањето на Пржино 1 па потоа пупу не важи. Па имавме Пржино 2 заедно со мачките на оној Белгијанец Ван Хауте или како веќе му беше името. Ајде ова да го дефинираме како политичка разрешница која не и успеа барем не засега. Потоа “наративот“ се префрли на СЈО односно опозицијата очекува преку правна разрешница за некои од криминалите на “фамилијата“ кои ги слушнавме во бомбите на 11 декември да им ја донесе победа. Но “ сметката дома и на пазар скоро никогаш не се поклопува“. Имено фамилијата која преку најразлични форми и методи продрела во сите државни институции, судство, медиуми невладин сектор и така натаму и со тоа барем досега многу успешно го блокираше работењето на СЈО. А само погледнете што се случува со двете обвиненија кои неделава ги поднесе СЈО. Замислете судијката позната од бомбите како “Сваровски“ го одби обвинението затоа што имало документи кои се државна тајна и бара таа класификација да се симне. Е па тоа го нема ниту во Тунгузија, Сетете се пред тоа колку време и енергија отиде со амнестијата која ја направи Хорхе. Реално гледано ВМРО-ДПМНЕ сега не брани ниту своја програма ниту своја идеологија туку го брани “хазаинот“ (газдата) на фамилијата. СДСМ иако „трабуња“ дека на почетокот на октомври ќе излезе со програма, сега надева дека правната разрешница која според законот треба да ја спроведе Катица Јанева и нејзиниот тим од СЈО ќе им ја свршат работата. Во суштина водството и на едната и на другата партија се борат за својата кожа. Зошто е тоа така треба да се бара кај нас граѓаните кои во суштина сме многу далеку од она што Аристотел го дефинира како зоон поликон Па затоа Груевски кој формално во моментов е само лидер на партија, а фактички вистински хазајин (газда) на државата. Затоа само кај на партиски лидер многу по опкружен од министри па дури и премиерот можеме да ги видиме како сече лента на некој локален пат или на некоја ледина ги слуша „маките на народот“. И како добар хазајин (газда) веднаш бара одговор и рок од надлежниот министер проблемот да се реши а ако случајно го нема надлежниот министер тогаш тука е мобилниот и по телефон го решава проблемот. Ете затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во општество како што е нашето во држава како што е нашата сѐ уште ужива поголема поддршка и победува на изборите. И дозволете ми уште една шпекулација а дали воопшто ќе имаме во декември избори. ВМРО-ДПМНЕ поточно „фамилијата“ чуствувајки се сѐ уште многу моќни прават неколку тактички грешки кои можат да им се вратат како бумеранг. Една е одбивањето на предлозите на Јанева како и се погласните обвинувања дека СЈО е неуставна категорија. Понатаму донесувањето на буџетот на хо рук исто така може опозицијата да го искористи како адут за одлагање на изборите. Навистина штета што ние не сме како Велика Британија па не мислам во развојот на демократијата и парламентаризмот. Имено таму е дозволено во обложувалниците да се прават и предизборни обложувања. А што се однесува до демократијата и парламентаризмот е на тоа ќе треба уште долго да чекаме.

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com