КАКО СТНАВМЕ СИТЕ СИРАЦИ!

Како и да е Иванов кој ќе остане запаметен по својте “генијални изјави“ почнувајки од онаа “разумен компромис е разумен компромис, па намигнувањето со Обама, па колекција на повелби со кој тој се прогласува за почесен D-r Honoris Causa едно три-четири од Турскиуниверзитети

Кога неодамна претседателот Ѓорге Иванов ( татко на нацијата) онака разгневен ни соопшти дека нас никој не не сака веднаш си помислев ете на, сега станавме и сираци. Ако до вчера како што во една друга пригода и не толку разгневен Иванов ни кажа дека ние како држава и како граѓани сме “заглавени во лифт“ ете сега во рамките на програмата “Остваруваме“ станавме сирачиња. Како и да е Иванов кој ќе остане запаметен по својте “генијални изјави“ почнувајки од онаа “разумен компромис е разумен компромис, па намигнувањето со Обама, па колекција на повелби со кој тој се прогласува за почесен D-r Honoris Causa едно три-четири од Турски универзитети, па од познатиот Ломоносов, па Универзитет од Кина и така натаму. Нејсе, човеков за кој ДУИ еднаш рече дека не е лош човек ама ништо добро не направил за државата богами се ете сега не просфетли дека никој не не сака Е сега ми стана појасно зошто Британскиот престолонаследник принцот Чарлс неделава ја започна својата Балканска турнеа. Прво го посети Загреб, потоа Белград па Подгорица и на крајот Косово ете нас не заобиколи. И сега се поставува прашањето зошто никој не не сака. Дали станува збор за некаква библиска клетва од времето, (според Иванов) кога Апостол Павле го посетил Паљурци!? Не, почитувани пријатели. Во сето ова нема ништо миситчно нема ништо библиско. Станува збор за една целосно отуѓена политичка елита која за да ги зачува своите привилегирани позиции и лукративни интереси дома воспостави скоро целосна партиска контрола врз сите институции и наместо владеење на правото и функционирање на правната држава е воведен еден авторитарен режим. Но во името на вистината ние никогаш во овие 25 години не сме имале демократска влада владеење на правото и функционирање на институциите, ама ова сега е навистина доведено до точка која пред се (колку да тоа звучи чудно) нарушува некои глобални процеси па ако сакате и итереси пред се на Вашингтон ама и на Брисел. Во суштина ние станавме тотално шизофрено општество во кое ако не се направи радикален рез може да предизвика сериозно проблеми не само во регионот туку и пошироко. Е тоа странците не можат да го дозволат. Токму затоа странците ( Вашингтон и Брисел) кои дефинитивно сватија дека сегашните политички елити нема да можат да ја одржат таа стабилност а со тоа и остварување на нивните интереси тргнаа во една операција која има за цел барем засега преку колку толку легални и легитимни методи да ја замени сегашната политичка елита поточно водството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски. Слично мислам се однесува и за водството на ДУИ. За жал како што реков ние сме шизофрено општетство па затоа ни се случува она што деновиве го направи Уставниот суд Имено Законот кој во 2009 година го донесе ВМРО-ДПМНЕ се ограничија можностите на претседателот на државата да врши помилување или целосно ослободување на лица осумничени или правосилно осудени за најтешки кривични дела, меѓу кои и за изборни измами корупција ама и за педофилија, трговија со дрога па се до кривични дела против човештвото. Сега на иницијатива на еден адвокат Уставниот суд што би се рекло преку ноќ членот од овој закон кои се однесуваше на горе споменатите кривични дела го укина како противуставен. Со ова сега претседателот Иванов ќе може да ги помилува лицата осудени или осумничени за споменатите кривични дела. Се поставува прашањето зошто Груевски го направи сето ова. Груевски барем пред јавноста сега се вади дека тој сеуште стои на истите ставови како и во 2009 година кога како премиер го предложил овој закон кој ете по 7 години Уставниот утврди дека споменатиот член е неуставен и тоа со прегласување од еден глас повеќе и зад затворени врати, односно без јавност. Со ова не само што се потврди партизираноста на судот туку и фактот дека оние 5 судии кои гласале за ова немаат ниту трошка личен интегритет ниту како луѓе а уште помалку како судии. Во исто време од ДИК “процури“ дека кај околу 500 илјади гласачи треба да се направи теренска проверка а од овој број околу 150 илјади ги нема во ниедна база на податоците!?? Односно околу пола милион гласачи се најблаго решени суомнителни. Какви беа реакциите на меѓународната заедница не треба да споменувам Мислам дека после ова изборите закажани за 5 јуни многу тешко ќе можат да се одржат ако навистина треба да се прави теренска проверка на толку голем број на сомнителни гласачи.

ВМРО-ДПМНЕ како партија барем во овој момент нема доволно демократски капацитет а јас би рекол и храброст сама да расчисти со она што го фикаме “фамилијата“. Од друга страна Груевски не ја научи лекцијата од својот “ментор“ Љубчо Георгиевски кој фактички на мускули го донесе на лидерската функција во 2002 година. Георгиевски кои ако не друго покажа развиен политички инстикт да ја оцени политичката состојба и во прав момент да потегне виситински потез (да се повлече од лидерската позиција и мирно да го признае изборниот пораз) со што тој лично се заштити од било какви пред се правни последици. Интересно ако се сеќавате тогаш во предизборната кампања СДСМ најмногу зборуваше за коруптивноста на Владата на Георгиевски и негова лична ама кога дојдоа на власт во сптеври 2002 година како да заборавија на ова. Груевски и “фамилијата“ изгледа неможат или не сакаат да ја согледаат реалноста дека со објавувањето на бомбите вактички таа аура дека тој и фамилијата се недопирливи се сруши. Но како што реков бидејки во ВМРО-ДПМНЕ нема внатрешен капацитет односно нема критична маса која политички ќе ја острани “фамилијата“ , странциве се обидуваат тоа да го направат по легитимен и колку толку легален начин Првиот чекор беше формирањето на Специјалното Јавно Обвинителство и изборот барем за широката јавност непознатата обвинителка Катица Јанева за специјален Јавен Обвинител И да не должам и да не повторувам што се не се направи да се обструира работењето на Катица Јанева и нејзиниот тим. Сепак реално гледано СЈО и Јанева успешно го поминаа периодот од 6 месеци и ете сега веќе го изготвија и првиот извештај кој го доставија до Собранието. Незнам дали го видовте извештајот ама барем јас лично го прочитав и верувајте дека за прв пат гледам извештај за работа на една инситуција кој е напишан во прво лице еднина. Вакво нешто велат оние кои подобро од мене ги разбираат овие работи ме подучија дека тоа е типчен стил на пишување на извештаи кај американските институции. Имено со пишување во прво лице еднина првиот човек на институцијата јасно ја превзема и одговорноста за целокупната работа на институцијата која тој ја води. Абе ова америве колку да не ги сакаме сепак за многу работи треба да учиме од нив. Како и да е извештајот на 28 март ќе биде на дневен ред на седница на СОбранието. Мислам дека седницата ќе биде типична во дух на нашата фолклорна политичка култура во взаемно обвинување и толку. И што понатаму. Мислам дека америте барем засега одлично асистираат да не речам го водат СЈО. Нема да ме изненади дека наскоро повторно ќе слушнеме за нови осомничениа за очекување е и да паднат првите формални обвиненија. Американците одат дотаму па дури и веб страната на Специјалното Јавно обвинителство ја имаат дизајнирано. Сега ќе ме прашате од каде тоа го знам. Е па отворете ја страницата www.jonsk.mk ке видите дека веб страницата е тројазична( македонски албански и англиски). Нормално би рекол секој од нас Точно ама интересно е како е одбележана оваа тројазичност. Имено македоската е обележена со македонското знаме албанската исто така, а англиската верзија е под знамето на САД а не под знамето на Кралството на Велика Британија што е вообичаено па не само кај нас туку и во цела Европа па и пошироко. Ама нејсе некој ќе рече дека барам влакно во јајце. Не, само се обидувам да покажам дека америте многу сериозно навлегле во целиот овој процес на нашата политичка криза која се влече веќе скоро две години и дека крајот ќе биде онака или многу блиско како што го испланирале во Вашигтон со мала асистенција на Брисел која во моментов најдобро се манифестира преку мачките на Ванхауте

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com