ИЗВИНИТЕ НИСАМ ОДАВДЕ

 За неговите “успеси“ во здравството можат денеска не многу вешти сценаристи и режисери да снимаат на пример хорор филмови, а место за снимање може да биде “Клиничкиот центар“ во Тетово па болницата во Велес, Струмица, Гевгелија Битола и така натаму. Односно каде што умираат и родилки и бебиња каде што нема греење нема лекарства

Богами мојот “омилен министер“ за Здравство Тодорв познат во својата партија и како Нино некако вака ми прозвучи откако неколку медиумми го објави писмото или подобро речено интернето упатсво од Фондот за здравство до клиниките да не одбруваат лечење во странство на пациеннтто оболени од сколиоза( искривување на рбетот). Причина за ваквото упатство е да се тактизира до отварањето на таков центар кај нас. А резултат на ова директива беше смрта на малата Тамара. Имено беше за очекување министерот Тодоров да се “вади“ дека тој дури сега од медиумите дознал за вакво писмо односно интерна директива. Другите одговорни директно или индиректно за смрта на малата Тамара едноставно не даддоа никва изјава или објаснување за ова. Ајде да ве прашам дали верувате дека Тодоров навистина незнаел за ваквото “упатство“ од Фондот до клиниките односно дали ова тактизирање не е дел од проектот “Остваруваме“, а цената за ова е животот на малата Тамара. Еве да ве потсетам станува збор за Министер кој бркаше лебарки (буба шваби) по болниците, кои правеше ноќни контроли по болниците да види дали дежурните лекари случајно не спијат или пак дали не запалиле цигара во нивната соба. Тоа беше министер кои на симулатор вежбаше хирургија и даде изјава дека не било многу тешко да се оперира. Министер кој спротивно на законот и Уставот го задуши штрајкот на докторите, ама затоа “иновативно“ најавува дека ќе прави слободни здравствени зони. И додека зоните фала богу сеуште се само најва лекарите посебно специјалисти не само што бегаат од јавото здравство туку си заминуваат од државата. За неговите “успеси“ во здравството можат денеска не многу вешти сценаристи и режисери да снимаат на пример хорор филмови, а место за снимање може да биде “Клиничкиот центар“ во Тетово па болницата во Велес, Струмица, Гевгелија Битола и така натаму. Односно каде што умираат и родилки и бебиња каде што нема греење нема лекарства нема постелина и така натаму. Еве јас лично стиснав заби и му поверував но мојот “омилен“ министер дека тој незнаел за ваквото писмо односно директива од Фондот за здравсво. Ама еве сега кога знае зарем не чуствува одговорност дека заради една крајно не етична директива на еден сегмент од неговото министерство згасна еден млад живот. А за ова во секоја и малку нормална држава министерот си поднесува оставка. Ама за жал ние не сме нормална држава односно никогаш не сме биле Ако не се лажам од смрта на Тамара помина околу година и половина И тогаш а и сега кога се “откри “ споенатото писмо односно директива медиумите пишуваа ден, два три и готово. Еве сега повторно се е завршено нема истражување на пример до каде е рабоата во јавното овбинителство околу овој случај не се истражува дали тој центар за сколиоза се отвори како работи има ли пациенти има ли доволно потребни доктори од разни специјалности и друг медецински персонал односно има цел куп прашања и теми за вистинското истражувачко новинарство. Не за нашиве новинари и медиуми мислам на оние самопрогласени демократи е многу полесно е сега да пишуваат за избирачкиот список и секојдневно да откриваат фантомски гласачи и адреси. Оние другите од патриотскиот табор откриваат и прават репортажи за двете дами Рангелови едната пратениќка другата домакинка ама и за адресата на пратеникот Сугаровски каде исто така имало фантомски гласови ама нели тие биле на опозицијата!! Секако врв на тој патриотизам беше емисијата “Во центарот“ на некогашните трди “комуњари“ а сега ВМРО-овци од глава до петици. Богами дури и ме охрабрија ич да не се секирам иако сите наши соседи плус ЕУ и секако САД се намерачиле да не уништат а за тоа имаат домашни соработниции а тоа се опозицијата, соросоидите и нормално по дифол Албанците. Ама на браникот на државата и народот (како што изјав дамата инаку првото перо на патриотиве) е Груевски кои веќе еднаш им ги растурил плановите на америте а сега на 5 јуни кога народот референдумски повторно ќе го избере повторно ќе им удри шлаканица како на Вашингтон и на Брисел а богами и на сите домашни предавници. Богами нема да верувате ама одамна не сум се смеел на вакви политикански глупости и теории на заговор. Во рамките на тие комични а во суштина трагични работи кои ни се случуваат е и извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услоги (некогашниос Совет за Радиодифузија) кој утврдил дека Миленко Неделковски во изданијата на неговата емисија “Миленко Неделковски Шоу“ емитувани на 15, 22, и 29 јануари како и на 5 и 12 фебруари 2016 година потикнува и шири дикриминација нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација со што го прекршил членот 48 од Законот за Аудио и аудиовизуелни услуги. И сега доаѓа она што е најтрагично. Сиот овој собран материјал како и самиот извештај Агенцијата ќе го достави до Комисијата за препречување на дискриминацијата. А замислете таму као член седи еден Тони Науновски кој едно време беше редовен учесник во емисиите на Миленко Неделковски и редовен колумнист во Дневник а кој е познат по најблаго речено своите стереотипни ставови и предрасуди до моите Албански сограѓани ама и до ЛГБТ заедницата. Не сум правник ама во секоја држава членка на ЕУ ако ширите говор омарза по било кој основ ( расна етничка верска сексуална определеност) ќе си имате работа со Јавниот Обвинител без извештаи на некакви Агенции, Комисии и други демек саморегулациски тела. И веке кога споменав Јавен обвинител право суд и слично денеска (петок 11 март) ), во 12.00 часот во библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први” ќе се одржи второто судење на Tribunus Civilis. Судењето ќе биде посветено на принципот на поделбата на власта, односно кршењето на овој принцип во случајот на македонскиот правосуден систем. Овој суд кој ете се обидува кај нас да ја заживее идеата од многу попознатиот Раселовиот Трибунал за што веќе пишувам пред еден месец милсам дека ќе беше ногу подобро ако на денешното рочиште го разгледуваше токму примерот со трагичната смрт на малата Тамара која е директна жртва на начинот како државата функционира токму според партиски интереси а не според закон владеење на правото и правдината. Да потсетам Раселовиот трибунал во кој еден од судиите беше и Владимир Дедиер стана познат по тоа што ги осуди воените злосторства против цивилното население во Виетнам направен од една држава конкретно САД. Односно ако како општество успееме да не ни се случуваат во иднина жртви како што беше Тамара, ако успееме во оштеството и во политиката да го оживееме принципот на објективна и сујективна одговорност тогаш сме успеале и да го заживееме принциот на поделбата на власта а посебно принципот на независноста на судството. Но нели секој почеток е тежок па и на овој наш Tribunus Civilis. Да ама ние се подготвуваме да почнеме скоро 25 години. Што мислите зарем ова не е многу? Јас незнам ЈА ИЗВИНИТЕ НИСАМ ОДАВДЕ

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com