ИВАНОВ-ГРОБАРОТ НА ДРЖАВА

Која коинциденција! На 12-ти април Фридом Хаус го обајавува најновиот и најлош извештај за Македонија. Извештај во кој стрмно паѓаме во сите области, од владеење на правото до слободата на медиумите. Со тоа не само што се „усидривме“ како последна држава во Европа кога станува збор за сите овие принципи кои можеме да ги сведеме под еден збор демократија, и човекови права, туку се повеќе се доближуваме од групата на делумно слободни држави во групата на неслободни држави. И замислете истиот ден „персоната“ Георги Иванов по познат како Хорхе со функција претседател на држава носи одлука со која ги аболицира сите лица осомничени или осудени за кривични дека кои произлегуваат од прислушуваните материјали. Ова лице оди и понатаму и вели дека и утре ако се појават нови лица осомничени врз основа на индициите од материјалите од прислушувањето и тие ќе ги аболира!? Секако нај моронски дел од неговиот говор беше кога се пофали дека тој оваа одлука ја донел самоиницијативно и не прашал никого бидејќи се плашел дека многу од нив ќе му кажеле не сакаме аболиција сакаме на суд да ја докажеме нашата невиност. Добро, ние навистина како јавност немаме долго паметење ама пред колку време Уставниот суд донесе одлука со која на оваа „павлиха“ од човек (ова е словенечки збор и најблагпревод би бил дворски шут) му го врати правото да аболицира или амнестира секого, од педофили па до лица осомничени  и осудени за изборни манипулации, криминал и уште не знам што. И замислете оваа „павлиха“ од претседател тогаш изјави дека не треба да се грижиме тој никогаш нема да аболицира или амнестира изборни силеџии.!!?? И одеднаш демек кај ВМРО-ДПМНЕ шок од оваа одлука на Иванов. Дури замислете ја таа фарса организираа протести пред седиштето на СДСМ демек протестираат бидејки со оваа одлука на претседателот (кои тие го устоличија) бил аболициран и Заев. Дека овој „шок“ е само типична лоша балканска глума и дека Иванов сепак тесно соработувал со „фамилијата“ е фактот дека за нешто помалку од 24 часа Иванов напиша и потпиша над 150 решенија за аболиција ги достави до Службен весник на Република Македонија и во изданието од средата беа јавно објавени со што стапија во сила. Замислете меѓу тиеаболицирани лица е и бившиот претседател Бранко Црвенковски, дури и госпоѓа Фатиме Фетаи и нејзините колеги Лиле Стефановска и Гаврил Бубевски од тимот на СЈО?? Понатаму на списокот на „претседателот „Хорхе“ се најде претседателот на Собранието Трајко Вељановски кој јавно уште во средата ја осуди одлуката на Иванов за аболиција, додавајќи дека тој ниту барал ниту прифаќа аболиција.  Во истовреме многу јасно истакнува дека секој политичар и функционер мора да ја понесе одговорноста за своите постапки и одлуки.

И тука процесот на убивање на државата не завршува. Притоа не мислам на оние патриоти од ГДОМ кој организираа контра протести и со автобуси обезбедија масовност секако и бесплатен сендвич. Тоа убивање на државата вчера (четврток) го продолжи лицето Иванов во таканареченото интервју со група главни уредници на националните телевизии. Што би се рекло Иванов се обиде да го копира Путин кои има ваков тип на интервјуа, ама работата испадна според онаа народната видела жабата го потковуваат коњот па и таа дигнала нога. Инаку самото интервју беше уште една голема фарса но ја покажа целата политичка беда, која ја донесе државата и нејзините граѓани на ова дереџе. Иванов како по обичај веќе после второто прашање покажа дека човекот не може да се сконцентрира на три логички реченици. Самото интервју полно со патетика и со оние негови познати заклучоци дека сите не мразат и се против нас покажа дека Иванов е само најобична кукла која некој зад кулисите ја управува според веќе однапред напишано сценарио. Ама оваа павлиха (види превод погоре) мислам дека излезе од сценариото во својот голем жар да се покажа како единствениот и вистински татко на нацијата. Еве пример прво зборуваше за нашите евроатлански интеграции па за Брисел и Вашингтон како наши стратешки партнери а потоа да изјави дека странците преку своите амбасадори се мешаат во внатрешните работи на државата, се шетаат по судските ходници и вршат притисок врз нашето независно и суверено судство. Добро, ама ако тоа е така тој според Уставот е исто така надлежен за надворешната политика, (без негов потпис не може да се бидете амбасадор) и тој на крајот ги прима акредитивните писма на странските амбасадор. Па затоа еве го прашувам зошто не го викне министерот за надворешни работии и преку него  ако веќе не го прогласува тој амбасадор за персона нон грата (persona non grata) барем да упати протесна нота еве ајде да речеме само вербална. Посебно трагикомично беше кога зборуваше дека има сознанија дека некои сакал да изврши атентата врз лидери на одредени политички партии. Вакво нешто во нормални држави не се зборува јавно па затоа треба да се свати како обид да се внесе страв и сомнеж кај јавноста. Човекот кој за жал е толку далеку од реалноста дури се пофали дека тој храбро одлучил да ја превземе функцијата претседател на државата иако кај нас тоа е крајно опасна професија. Доказ за ова според овој човек кој ете е претседател, (а наша голема срамота) бил фактот дека на еден претседател бил извршен атентат, друг загинал во несреќа … Навистина жалосно. Понатаму на прашање од каде му се информациите против кои лица се води предистражна постапка што е тајна Иванов храбро изјави дека тој како претседател има свои служби кои можат да дознаат се. И сега да прашам наивно дали со ова оваа нашиот ни “претседник“ не направи неколку кривични дела. Ама нормално ова мое прашање е само уште еден утописки обид. Но тука не завршуваат „бисерите“ на оваа „павлиха“ претседател (да повторам тоа е словенечки збор и најблизок превод е дворски шут) На прашање од новинарите дека  дека многу од аболираните јавно изјавуваат дека тие ниту барале ниту прифаќаат од него аболиција Иванов одговара. Ги разбирам овие луѓе и ги повикувам писмено да се обратат до кабинетот а потоа со неговите правни експерти ќе најдат решение за ова!!?? И замислете денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, во суштина лицето кој ја води оваа „театарска кукла“ изјави дека тој и неговата партија не ја подржуваат на оваа одлука на Иванов ама ете и тој се консултирал со адвокати и други правни експерти и тие му рекле дека аболицијата не може да се одбие. Понатаму Иванов неколкупати повтори дека сега пред изборите за да бидат тие фер тој ја донел одлуката овие мерки и активности на СЈО да не се користат во кампањата.  По изборите СЈО ќе може слободно да си ја продолжи работата, што е навистина нонсенс. Е па ако ова не е доказ зошто Иванов ова го направи и кого со ова штити. Како и да е Иванов и неговиот работодавач „фамилијата“ направија уште еден обид да спасат тоа што не се спасува. Имено острата Фатиме Фетаи  денеска му порача на Иванов дека ќе има уште  многу работа и ќе треба да потпишува многу решенија за аболиција. Со други зборови СЈО на денешната конференција на која присуствуваше поголем дел од амбасадорите на ЕУ и амбасадорот на САД, јасно покажаа дека Иванов со својата балканска политикантска олдука ниту малку нема да ја запре нивната работа. Како и да е мислам дека Иванов денеска наместо да делува како институција но и личност која со својот авторитет и уставни надлежности придонесува кон намалување на огромната општествена поделба на тотално разрушениот углед и довербата во институциите само предизвика контра ефекти. И што сега денеска (петок) кога претседателот на Собранието ќе го потпише решението за избори на пети јуни (патем тоа не е негова волја или некаков хир туку е негова уставна обврска) останува отворено прашањето дали тие избори ќе се одржат. Лично мислам дека нема, односно ако се одржат без опозицијата меѓународната заедница нема да ги признае. И што потоа? За жал се  плашам дека не само што веќе на шести јуни ЕУ ќе ни ја затвори вратата, туку изгледа ќе влеземе во државотворен и институционален вакум. А за да излеземе од него ќе ни треба некаков нов АСНОМ.

 

Тодор Пендаров

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com