Земјата како да се смирува ама политичките земјотреси следат

 

Последните природни непогоди, земјотресите, кои го погодија Скопје, за среќа без жртви и со минимални штети, покажаа неколку работи, кои ја отсликуваат големата декаденција на општеството и тоталната нефункционалност на државата. Бидејќи овој пат Груевски како “газда на државата“ на се појави на терен и со мобилниот секако плус неколку министри да ги решава работите на “лице место“ државните институции како и досега  ја покажаа својата нефункционалност.А кога имате  нефукцинална држава тогаш општествената декаденција цвета. Така и овој пат во сиот свој “раскош“ и “колорит“ најдобро ја манифестираме ние граѓаните пред се преку социјалните мрежи. Во таа декаденција целосно се интегрираа и “несебично потпомогнаа“ медиумите и нашите врвни журналистички пера. И преку ноќ сите станавме сеизмолози, геолози, експерти за асеизмички инженеринг и за заштита пред земјотреси, па се до експерти за светскиот заговор, тајното оружје ХААРП, нуклеарните проби во Северна Кореа, па уште не знам што. На социјалните мрежи се изначитавме глупави шеги, недораснат цинизам и слични неумности кои се однесуваа на земјотресот како појава ама и на однесувањето на нас граѓаните.

Дури во еден момент мислам дека природата со своето непредвидливо однесување за момент ни го одвлече вниманието од дневното политикантство кое полека но сигурно ја урнисува  како државата така и општеството со сите нас. Па така скоро би се рекло срамежливо помина фактот дека ад-хок телото кое ќе треба д ги следи оценува и казнува електронските медиуми во овие сто дена до избори, го усвои деловникот за работа. И сега се прашувам ако имаме ад хок тело кое некако е дел од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги која би требало да  ги “контролира медиумите“ сега во идните сто дена што тие ќе работат кога ете имаме “независно ад хок тело“ избрано од страна на политичките партии!? Знае ли некој колку дома имаме независни саморегулаторни и уште не знам какви тела кои треба да обезбедат пред се примена на професионалните стандарди во медиумите, а со тоа и слобода на изразувањето.

И секако крајот на неделава го дочекавме со најавата на СЈО дека ќе излезе со конкретни обвинителни акти. И тоа се случи. Ама реално гледано мислам дека никој заради ова не падна на теме. Новост е дека овој пат првата дама на СЈО госпоѓа Катица Јанева најави дека овој пат со извештајот за едногодишна работа на СЈО ќе излезе и пред Советот на Јави обвинители а и пред Собранието. Е богами треба да се очекува пред со во парламентот, нормално од страна на власта жестоко да напаѓа, и со политикантски дискусии да ја девалвира работата на СЈО и на госпоѓа Јанева Во меѓувреме како што се најавува неделава (петок) Владата во Собранието ќе го поднесе буџетот за 2017 година!? Ставот на опозицијата е јасен. До изборите нема да дозволи носење на буџет за идната година. Туку тоа да го подготви новата Влада која ќе се формира по изборите на 11 декември. Значи пак жестоки дебати пред се во комисијата за финансирање и буџет плус илјадници амандмани… Забавно ќе биде нели…ама убеден сум дека овој пат нема да имаме „црн понеделник“. Чудно додека на некој им се брза де за ова де за она Уставниот суд никако да почне да работи по долгата летна ферија и дефинитивно да расправа околу иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за Специјално Јавно Обвинителство. Да не ни се случи ваквиот игнорантски политикантски однос на Уставен и неговата претседателка (а убеден суд дека зад ова стои некој друг надвор од Уставен) утре да биде причина да се одложат изборите закажани за 11 декември. Ама добро де ништо страшно. Само пред неколку месеци Уставен веќе еднаш ја поништи Одлуката на Собранието за распуштање и Одлуката за распишување на избори. Абе лесно е кога работењето на Уставниот суд и (и не само на Уставен) се регулира со “даљињско“. Притиснеш и ете нов канал и друга програма, пардон нова одлука … Секако се според Уставот!

 

Got Something To Say:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

pendarov2000@yahoo.com